1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Многу, многу имав страв од забар.Еднаш имам станато и од столица пред да почнат со работа :$
    Најмногу ме иритира тоа бучењето, си мислам којзнае што ќе ми направат.
    Кога веќе потпораснав, конечно ми влезе во глава тоа што дома ми збореа-дека забите се здравје, нивното одржување е дел од култура итн.И така требаше мајка ми да ми купи патики тој период и и реков сама-ако утре не успеам да отидам, не ми ги купувај патиките.Вечерта предтоа си повторував во глава дека ќе помине, после ќе се гордеам што сум издржала...и така и беше.Плус и ми ставија лек тогаш, па требаше брзо пак да отидам и оттогаш не осеќам ама баш никаков страв.Успеав некако сама да се натерам и мотивирам :)
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас имав страв од стоматолог иако татко ми е стоматолог но стравот со текот на времето се намалува и секогаш кога правам некој заб тој знае како да ме смири и полека полека да ми го направи забот. Фала богу што го имам него инаку кај друг стоматолог не би можела да одам. Вчера ме фатија болки последниот заб односно умникот не можев да го допрам цела вилица ме болеше плус цела ноќ не можев да спијам од него, а бремена сум не смеам анестезија да примам па болките се пренесуваа и на бебето и тоа се вознемири, па кога отидов кај таткоми мислевме дека забот ми се расипал среќа не ми беше расипан туку џеб се направил околу забот па ми го исчисти и лек ми стави и фала богу денес сум добра.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Закажав да вадам умник, па ај со Господ напред. Не ми е расипан, до сега немам ниедна пломба, туку едноставно немам место за умниците и од него ме заболе првиот молар, дека умникот ми притиска накај втор молар овој на првиот и си мислев дека ми е расипан се додека не ја видов снимката :)
    До сега немав страв од стоматолог, ама до сега...... :(
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јипман, во право си човеку!

    Моиве заби - цела енциклопедија да пишам нема да е доволно како ми ги зафркнаа од мала забарите - поздрав до нив, срцки сте! :*
    И секако дека од таму ми потекнуваше и стравот. Боже кој уплав го имав од забари, се додека не дојде денот кога почна за моите заби да се грижи на татко ми пријателот. Млад 40 годишен дечко, симпатичен, страшно добар човек, и пред се стручњак невиден.

    Плус му го обожавав она неговоно со сладок битолски акцент кога ќе ми речеше - Е шо, од мене ли се плашиш? И престанав да се плашам :lol:
    Секогаш си велам - навреме поправање на забите го решава стравот. Плус ако веќе до толку е стигната работата - ставај анестезија и не чуствувам ништо и тогаш нема потреба ниту простор за страв.
    Сега дури и одам на забар и заспивам на столчето. Озбилно.

    А музиката многу помага. Секогаш кога сум се плашела, сум ја слушала песната која била пуштена и сум си замислувала зумбули, пчелки, бубмарчиња, буба мари, лет лет лет...тинунину... :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Леле јас колку имам страв од забари :( И се е тоа ради трауми од детството од неспособна забарка :@
    Сега ради нејзе имам 4 расипани предни заби затоа што ставила пломба која не се става на тие заби , и јас сега можеби ќе морам да одам на операција :( Кога и да одам на забар коа ќе го слушнам она брмчењето на тоа апаратите леле мислам морници ме лазат од што ми е страв ,до средно секогаш си одев со мајка ми на забар и си ја држев за рака додека ми правеа заби :D Сега веќе и покрај стравот успевам сама да одам некако и да се изборам со стравот :)
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.761
    Допаѓања:
    24.998
    Пол:
    Женски
    Како мала се плашев, ама мислам мојот тогашен стоматолог кога ќе видеше кој дошол претрпуваше повеќе трауми од мене. Саат време ми требаше додека седнам, а да не зборувам па од кога ќе почнеше да работи, на СЕКОИ 2 секунди го прекинував со изговор дека Срцето ќе ми откаже,бе.
    После, поради сплет на околности се префрлив кај сегашната докторка и страв ми помина и се и до толку ја засакав што ме инспирираше, ја засакав струката и еве ме сега, тоа студирам.
    Мојот страв помина поради нејзиниот пристап,толку смирено зборување,работење полека-полека..
    Само од едно нешто се плашам уште, тоа е анестезијата, ама имам страв од игли, па.. тоа е тоа.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    Исто, игливе ми се смрт - било какви, вакцини, инјекции, анестезии, ма се'!
    Игла си е игла, сепак. :worried:
    Инаку, како мала одев во државна болница и не ми беше страв, ама еднаш знам бев настината и многу ми се кашлаше, а таа упорна ми ја расчекнала устата од вардара до стамбола и копа ли, копа по запчето, а мене и солзи ми надојдоа - па ме стегна грло, ми се исуши. :D
    Немам ништо против докторите во државниве болници, ама оваа мојава беше крш невиден, ниту понашање ниту бутур спрема мали деца, немам зборови за тетава.
    Се префрлив кај мојата сегашна заболекарка, пријателка на мајка ми од студентските денови и презадоволна, е мало зборчуле со кое би ја опишала нејзината работа и нејзиниот пристап пред се', како знае да те опушти, и' симнувам капа.
    Алал да и' се парите што ги заработува, женава има златни раце! :clap:
    И не дека сум имала некој страв од одење на заболекар, ама сега кога знам дека сум во сигурни раце немам бриге - уште не успеала да ме убеди на боцка, ама ќе и' успее кога ќе ми доизлезат умнициве и ќе им го скратам животот за да не ми шететат на и така тешко исправените заби. :D
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И јас имам гооолем страв од стоматолог... абе ко ќе седнам на тој столот душа немам... едвај дишам а иначе... повеќе би дозволила да ми извадат заб отколку да ми прават.... :|
     
  9. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам дечки колку толку ме опуштивте па на крај краева не колат таму ама психата ме уби хехехе
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум имала страв од стоматолог, можеби затоа што имав прекрасна докторка која многу мило се постави кон мене. Имав 5 години кога за прв пат отидов на преглед и оттогаш па наваму редовно одам, безразлика дали имам некој проблем или не. Се сеќавам дека докторката после секој преглед ми црташе прстенчиња на рака, или ми пишуваше петка :lol: Беше многу грижлива спрема мене и многу ретко плачев за разлика од другите деца што ја креваа цела државна во вис!
     
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Порано имав повеќе страв, како растам се повеќе се опуштам. Што се мора се мора, подобро да издржам малку болка отколку да не спијам со денови заради забоболка или пак да се шетам како петарда да ми пукнала во устата :)
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Леле јас си ја имам таа мака моментално.
    Прилично имам здрави заби, ама сега забележав како почнал еден малце по малце да ми се расипува и незнааам...Кревам телефон да закажам кај стоматолог и го оставам, така неколку пати! :rofl:
    Како само да појдам! Оф леле... :sweat:
     
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    И јас нормално како сите многу се плашев од стоматолог, ама како почнав лани РЕДОВНО да одам се опуштив веќе не се плашам.
    Добро ме вади од такт се уште тоа коа ќе почне да зуе.
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ти очигледно имаш страв заради тоа што како мала те плашеле од стоматологот или можеби ти поправале заб без анестезија... Оди кај некој стоматолог што е добро препорачан, нема од што да се плашиш денес секоја современа стоматолошка ординација има добра опрема и стоматолози и со анестезија нема да осеќаш болка. Јас обожавам да одам на стоматолог :) :)
     
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Закажав конечно, утре во 12h одам и ќе поправам со анестезија...ах таа иглата! :tmi:
    Се плашам за 2 секунди работа, ама тоа е! |(
     
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297



    Lepa duso nemoj da se plasis jas plasejki dozvoliv dva zaba da mi se rasipat pa posle koga mi dojde jajce na gz morav na zabolekar,moj sovet misli si na nesto ubavo i nema ni da osetis koga ke zavrsis ;) :*
     
    На Osamena devojka и Lepaaa им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    со анестезија ме работеле и не е страшно
    ама последниот пат, со тоа машинката како ми го закачи месото-а 5 пати и велев осеќам осеќам,а таа не не има уште, аууу кога ме закачи,крв на сите страни, и од тогаш (година дена) немам отидено на забар,што се вели во тој момент господ го видов.Иако ми е шуплив отворен забот, не не и не.Неможам да отидам.
     
  18. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Само што ќе го слушнам тоа зззззззз паника ме фаќа :tmi: Да имам страв од стоматолог.
    Но и покрај стравот редовно одам.
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    дечки а боле ли заб да се вади другарка ми има проблем си забитее и голем страв од забар ја сум правела а не сум вадела незнам како да и објаснам дека ако и е казано дека мора да ги ваде мора да собере храброст сигурно нема да боли и вадење со анестезија, или па ?? :?: :?:
     
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ја вадев два заби едно по друго ,и нисто не ме болеше,ни анастезија ни вадење ,мене ми е ама премногу страв од правење