1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ^^ Верувај дека без потребно се плашиш! :)
    Ете читај ме погоре, како бев исплашена и јас пред да одам на заболекар, ама кога ми ја стави анестезијата и кога го слушав тоа ЗЗЗЗЗ :D се смеев, буквално се смеев! :rofl:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    22.507
    Пол:
    Женски
    Одам кај мојата заболекарка од 7 години. Кај друг не сум била, ни планирам затоа што се плашам многу. Од правење заби не, знам дека кога и да е ќе заврши и ќе ми стави лек или пломба. Но имам траума од вадење заби. Пред 5 години кога требаше да ми се извади горна 6ка се искомплицираа работите со корените, и завршив на орална хирургија. Потоа, 1 година не отидов на заболекар.
    Сега пак треба да вадам заб, горна 7, и се плашам, едноставно се парализирам. Знам дека со анестезија ќе се вади забот, но... А морам да го извадам сега на распустот заради фиксната протеза. :(
     
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Ма каков страв едвај чекам да појдам..Млад е и згоден,и не е женет :D ..Леле што има едни плави очи,машала да не можиш да му се изнагледаш :) :wasntme:
    Кога поправам заб само во очите му гледам :)
    Уффф..сега денојве ќе одам да си ги прегледам забиве!
    За да го видам не за др. :lol:
     
    На Anastasija2001 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    10.190
    Не се зафркавајте каков страв какви бакрачи,колку и да е страшно верувајте ако нешто треба да се поправа или вади секако ќе му дојде времето,само што колку е покасно,толку повеќе се комплицира и боли.Еднаш забаталив еден расипан заб,па ми се направи некој гранулом на коренот,отеков ептен и со две тури антибиотици не можеше да се спласне.Е после да видите како се вади заб на живо пошто кога има оток не реагира анестезијата :D среќа мојов заболекар има стварно добар фат и забот со најкрив корен ќе го извади со еден потег,ама ѕвезди броев у моментот :D
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас немам страв од стоматолог, имам од таа машинката шо дупчи. Кошмар! Несакам ни да се присетам на летото, кога станав водена како да ме фрлиле во базен, и кога малку фалеше да се помочкам во гаќи. :wasntme:
     
  6. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Девојки денес сум на забар, се стискам се тешам да не ми е страв.. а имам неколку заби за правење..
    претходниот пат кога бев ужасно ми беше страв ама тој стоматологот толку добра душа, почна да ми кажува веднаш ме опушти.
    Ама денес пак ми е страв, ми вика ако те боли со анестезија ке го поправаме.. ама мене и од таа пуста иглами е страв. :worried: Сега ке пробам да берам сили некако да издржам, оти не бидува за овој страв после сите заби да си уништам.
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Утре сум на заболекар,имам уште неколку заби да си поправам и толку :)
    Едвај чекам да појдам,ептен сакам кога ми пломбираат заб.Не сакам да ми брчат со машинине ама кога ми ставаат пломба и што ти не ептен сакам оти алаткана како да ми се лепи за заб,ептен ми е убаво :D
     
  8. Fibia

    Fibia Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Ми се чини дека нема пострашно нешто од чичкото со бело мантилче и турбина в рака....Се наежвам само шо ќе се подсетам, а ми каже дека имам нешто за поправка 10 бои менвам хаха
     
  9. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    леле девојки и јас треба да одам на забар но мн ми е страв треба да ми го вадат жвецот досега кај мн. забари сум се лечела и ниту еден ми нема поправано со анестезија последнава ми рече со анестезија се согласив ми стави лек и следниот пат кога отидов ме молеше жената, но јас не дозволив да ми го вади живецот од пусти страв , сега морам да закажам, но од пусти страв неможам...
     
  10. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    и јас некогас имав страв и трепет од стоматолог али не е ништо страшно :D
     
    На Belieberka666 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Подобро е да отидеш, ако пак ти е страв, со анастезија.И јас сум имала страв, сега не, имам поправано со и без анастезија, не многу, само се чудам што сум поправала со анастезија, кога и онака не ме болат забиве.Барем ќе ги средиш и нема да имаш проблеми после со забите :) што побрзо, тоа подобро :)
     
    На Belieberka666 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Е, јас богами не се плашам од стоматолог! Уште од кога имав 6 години обожавав да одам на забар и секогаш бев прва качена на столче. Од проста причина што каде што забарката моја имаше ординација многу блиску беше и тинекс(местото каде што секогаш купувавме 3 кеси слатки како награда за храброста :D ), па затоа ми беше многу лесно да седам мирна. :)
     
  13. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    И јас како мала со трчање одев на забар, па таа забарката смотана ме зарекна везден кажуваше дека сум била мирна и сега НА :@ :lol: Сега си имам другар стоматолог, и кога и да појдам ми се смее зошто знае прв муабет кога ќе влезам е „спремај инекција“ :) со години немав заби поправено од страв, тој ми ги поправи сите со анестезија и плус еден ми извади со 2 анестезии :/ Од тогаш си сум редовна кај него, поубаво да издржам пола сат, него ли цело време да имам маки. :)
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Офф од тој трав од стоматолози не можам да се решам да одам на забар.Посилно е од мене. :lol:
     
  15. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23

    Ова има нема е Др. Дејан :) Мераци :$
     
  16. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Samo Ane Kotev e penicilin za najplaslivite.Jas koj cel zivot begav od stomatolozi poradi nivnata nestrucnost i grubost vo rabotata licno se uveriv bidejki stavav porcelanski zabi zasto gi rasipav prirodnite poradi neodenje na stomatolog.Ako Ane Kotev ne uspee da izvadi strav od bilo kogo togas ni gospod ne moze nisto da napravi. Neviden profesionalec,prav psiholog i momentalno najdobriot stomatolog vo drzavava i za kogo najrelevantni doktori od klinicki centar od drugite oblasti ke vi potvrdat za nego.Ne deka mi e nesto vrska ili rodnina pa sega sakam da go falam no koj ne veruva neka otide da popravi nekoj zab pa neka si dade svoe mislenje za nego.Malku e poskap od ostanatite no zasluzeno gi drzi tie ceni.Dodeka vo klinicki centar koristea igli za anestezija od 0.75mm koi jas gi vikam konjski zatoa sto ako ti stavat od edna strana od bolka mislis izlegla iglata od drugata Ane Kotev koristese togas posledna tehnologija na 0.35 mm debelina koi gi koristi i pri plombiranje.Od pred nekoja godina koristi 0.25mm koi se kako opticko vlakno koi bukvalno ne se cuvstvuvaat. Ordinacijata mu se naoga vo Kozle na samata ugornica posle benzinskata pumpa na Makpetrol od leva strana pred ulicata za Trnodol.


    [mod-kirilica:i4c6cjyj][/mod-kirilica:i4c6cjyj]
     
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јас денес бев на стоматолог вадев заб ;( умрев од болки,еве крварењето уште не ми престана,не е обилно ама по малку тече....Знае ли некој колку време тече крв после вадење заб??? :sweat: :sweat: :sweat:
     
  18. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    еве и јас самo штo се вратив oд забoлекар..ееее и јас имав oгрoмен страв ама маката на се ќе те натера,станав пред 1 мес цела oтечена и немаше бегање,среќа и штo не избегав,oд тoј ден па наваму,oдам на 3 дена и си ги средувам сите заби,и тoа без анестезија...па не билo вooпштo бoлнo :) и си викам-ехх за 15мин рабoта сум oдела сo расипан заб..и така ми oстанаа уште 2 заба и сум најсреќна.гo пoбедив нааајгoлемиoт страв
     
  19. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Страв од заболекар имав до пред две недели.Као некоја магарица,огромна цела седната на тоа столот и цмиздри плачи да не те болело.Живи срамови.Ама пошто овие две недели најпосетена дестинација ми е стоматолошка ординација.
    Бев минатиот вторник,потоа во четврток,па во понеделникот,и утре сум пак.
    Ме боли само кога ми се става анестезија,потоа ништо не осеќам,и така со помош на анестезија го надминав стравот од стоматологот :D
     
  20. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Една сум од ретките значи што не се плашат од заболекар а? Какви 5 какви 6, јас од година ипол сум одела на заболекар (најдобра другарка на мајка ми) и секогаш така мало, истопорено сум седела на столицата и зината ко небаре ме хранат. :) За се‘ друго сум била плачка ама за ова не. Поправам заби без никакво гајле, не ми смета ни машинче ни дупчалче. За мене е смешно анестезија да ставам за обично поправање. Денес еве извадов горна 6ка (не знам како се случи до тоа да дојде работата) и пак само половина анестезија примив. Додека чекав да проделува анестезијата, до мене седна 6 годишно девојче, абе 3ца ја држеа и бркаа низ тоа ординацијата. Пишти ли пишти а уште не ја ни допреле. Мене кога ја гледав така ми доаѓаше да и мавнам 2-3 шамари. :@ Како не, ќе се плашиме сега.. Тешко на децата мои ако се такви паничари - нигде нема да ги носам оти ќе се изнервирам и.... дшк дшк