i jas ne sum podobra mnogu se plasam od stomatolozi megutoa umeam site da gi nateram da se javat kaj maticniot stomatolog,samo jas nemozam sto e najsmesno go pokaniv mojot stomatolog vo mojot dukan i ja dadov kniskata i ja zamoliv da ne mi zameri sto izmacuvam.neznam,kako da se oslobodam od ovoj strav?dajte feminki nekoja idea.pozdrav [mod-kirilica:1ij35n7j][/mod-kirilica:1ij35n7j]
јас па ич немам страв од стоматолог само најголем страв имам таа машинката т.е. имав како мала ама сега немам
Мене воопшто не ми е страв да одам на заболекар. Ама не прифаќам без анестезија, сум пробала и ќе умрев од болка мислиш в мозок ти буши. Затоа, инекцијата и мирна глава. Нека си работи колку сака.
Мојот најголем страв-СТОМАТОЛОГ! Јас да одам да поправам или ваѓам заб,со мене дефинитивно треба да има и мединцинска придружба од доктор,оти во секој момент можам да си припаднам.
Страв од заболекар! :'( Луѓе сега треба да одам на заболекар, ама ептен ептен ми е страв се гушам од страв, како под стрес да сум, не поради друго, туку поради тоа што си го чепнав забот до живецот и ме заболе страшно мнооогу не смеам да го чепнам повеќе, едвај се собрав. И сега неможам да му дозволам да го чепка забот без инјекција, ве молам кажете ми ако ми стават инјекција дали исто ќе ме боли толку многу или нема да осеќам? Навистина ми е многу страв, кажете ми нешто
Страв од заболекар! :'( Има ли некој што не го страв од заболекар? Сите ние се плашиме од него, од машинките од.. бррр еве и дур ти пишам ми се превртува нешто внатре, се ежам. Јас претходно ги правев без инекција ама сега без неа не седнувам да ти кажам не боли инекцијата, нема ни да почувствуваваш кога ќе ти ја стават, а потоа кога ќе почнат да го прават нема да почувствуваш болка.
Абе да ме колат да ме сечат да ме убиват нема да ми биде страв толку колку што ќе ми е страв кога ќе седнам на столчето и кога ке ги намести игличките на машинките НААААААААЈЗГОЛЕМ СТРАВ ИМАМ, И ЕВЕ СЕГА БАШ ЗА 5 МИНУТИ МОРАМ ДА ТРГНАМ ДА ОДАМ НА ЗАБОЛЕКАР!
Страв од заболекар! :'( Зошто морав да отворам фемина и да го прочитам ова -.- и јас сум на заболекар од 12 и 30 и тоа пази ке му го умртвуваат забот тоа тие гратис болка ама не одам, ќе појдам по 2-3 дена за еден заб веќе ова ќе ми биде 4 пат се изморив аман веќе и на болката отрпнав
Мене ми се скрши заб на неколку парчиња.Сите испаднаа но едно малечко остана во месоте.....ама пусти став никако да отидам на кај стоматолог да ми го извади.
Страв од заболекар! :'( Фалаа за утехата И така цел живот сум по заболекари знам како е со инјекција и без инјекција ама овој случај е посебен, ептен ме болеше кога го допрев, незнам како да му кажам и да ме разбере?
Уф не сум била единствена, ми олесна, јас имам ужасен страв од Забар, страшно. Инаку дознав дека има некоја опција некаде во светот, те успиваат целосно и ти ги прават сите заби наеднаш, луѓе, кој не подигне кредит да го направи ова АнгелОфАрх да не се вика Многу се плашам, мислам дека тоа е мојот најголем страв, нема поголем дефинитивно, ни ролеркостер, ни авион, ни духови, ни ништо, само страв од забар и од проклетата машинка, имам полна уста заби за поправање и никако да отидам, пусти страв. Ако имате некој забар кој има трпение со вакви пациенти како мене кажувајте, ова не се трпи веќе.
јас порано како мала се плашев од заболекар ама само додека отидам таму...и цело време зборував на столот-што е ова?сега што ќе ми правите?а ова зошто е?и сл... јас колку што имам трпено на заболекар верувам дека нема никој , ама одам и сум упорна...и се си средив и пак си одам на проверки на, чистење на непца, забен камен ..имам направено 2 операции со 15 конци изврзана..ме болеше еден ден и толку испив апче и ми помина...заби имам вадено...живци без анастезија... сега не се плашам воопшто...одам таму гледам во таа ламбата додека не заслепам и цело време си повторувам во себе-ако ме боли..ќе боли 2 3 минути и после ќе бидам супер..и не мислам на машинката ниту пак на звукот..го игнорирам тоталка..си мислам само убави работи..
Јас мислев дека имам страв од болката, и одев на забар со тој страв, ама сфатив дека имам страв од забарот, дека е нељубезен и невнимателен неспособен ропак. Може треба да го смените стоматологот, да најдете некој со кој сметате дека ќе имате пријатна комуникација кога се работи за вашиот здравствен проблем, а не да седнете и ко ќе се згрчите од болка уште толку да почне да ви буши у непцето.
Немојте да се плашите од заболекарите! Сепак тие се створителите на првата електрична столица, па сега размислете, можеби некој сеуште користи таква!
Кога веќе ти е страв, тогаш нека ти ги поправи со инјекција.Нема потреба од страв, бидејки човек ќе си ги зачува забите, здрави, потоа не ќе има проблеми во иднина, односно да мора да става вештачки заби, свое си е свое.Кога е на време, се може да се реши.Сум имала и јас страв од заболекар, но се престрашив сега со мерак одам кога ќе имам потреба, мислам дека повеќе ми беше стравот од болка, а кога ги поправав забите, неколку, некои со анестезија, некои без, воопшто не чувствувам болка, а нити ме болат заби, како појма немам.Нема зошто страв, оти истиот не постои, откако ќе се соочи човек со него.И кога ќе се примети некаква промена, веднаш да се оди на лекар, колку порано, толку подобро, бидејки со одложување на проблемот, поради страв, не денес, не утре и може да се влоши состојбата,со тоа проблемот ќе биде од ништо, нешто работава.Со тоа што ќе ги поправиш забите, си помагаш себе си Ја кажав погоре причината, зошто
Значи не е страв од стоматолог, туку сакам да прашам, дали некој од вас ја вадел осмицата , по оперативен пат. Јас треба да ја вадам идниот петок. И сега сакам да ми опишете што, како...... една психофизичка подготовка да ми дадете. Благодарам!!