1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Страв од стоматолог имам од основно а сите заби ми се здрави и на место,лек само анестезија и редовна контрола.
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.310
    Пол:
    Женски
    Ако имате голем страв од стоматолог, треба да почнете да одите почесто. На контроли, или на чистење на забите, на полирање, ако ништо друго да се навикнете на присуството таму. Ако и онака се плашите, сигурно нема да помогне ако ги запоставите забите и на крај со болки и отоци отидете кај забарот. Тогаш ќе ве боли, ќе биде стресно, и тој страв само може да се зголеми. :?:
     
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Уффф како не сум ја нашла порано темава |(
    И јас имам страв од стоматолог, и тоа огромен, неможам да опишам значи :worried:

    Уште од малечка сум се плашела ама мислам дека стравот ми се зголеми кога пред 4 години ми почина забарката кај што одев од мала. Сега искрено до ден денес се тресам уште на самата помисла да одам кај некој друг.. Стварно незнам како да си го решам стравов. :?:
     
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Јас го надминав тој страв! :) Благодарение на мојата докторка. Мојот страв помина поради нејзиниот пристап,толку смирено зборување,работење полека-полека.. А и сега медицината е толку многу напредната, што верувајте ништо нема да Ве боли! Сега секогаш кога имам потреба да одам на забар, се осекам како да одам на фризер, хаха онака лабаво. ;)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Леле :tmi: Порано многу имав страв од забар, само што ќе се спомнеше зборот стоматолог меене ми се слошуваше и одма менував тема :D Сеуште имам голем страв од стоматолог, ама не како порано :) Имам трауми од порано кога ми ги правеа без анестезија а тоа страашно боли :doh: Сега си ги правам со анестезија ама и од неа ми е страв :( :D
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не ве страв вас од стоматологот, туку од чудните апаратчиња, од ненадејната болка.
    Додатно е ако стоматологот грубо и невнимателно работи, и не се однесува убаво со вас.Според мене, треба малце да ве „бодри“ кога ви иде да скокнете од столица. :D

    Јас имав еден многу „заебан“ стоматолог докај четврто одделение, кога и впрочем последен пат бев отидена да поправам заб се' до пред неколку месеци. Јас мало девојче, исплашено, забчето ме болеше, а овој ми вика прекини не стенкај. :^) Беспомошно се чувствував на неговата смотана столица. Па уште и алатите си ги бришеше од мантилот. :puke:
    Да знаете колку само сум плачела и сум се нервирала, јас мало дете, он коњ волкав неразбран, заболекар ми ти бил. Мрш тамо бе.

    Пред некој месец ме заболе заб многу, мајка ми ми викаше да одам. Не и викам, книшката, картоните и да ми најдеш друг стоматолог ако не со клешта ќе си го искорнам забот. :D
    Еве, сега имам срцка стоматолог.
    Никогаш и немам побарано анестезија, тооолку внимателно работи, а имам еден заб што е многу деликатен во моментов.
    Вчера од столица се дигав ама женава полека, полека, го среди.
    Значи, најдете си стоматолог што внимателно работи, што знае да се однесува убаво со вас, мислам така најлесно ќе го надминете стравот.
    Можда смешно звучи ама мене ова највеќе ми помогна. :D
     
    На LittlePinky и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Никогаш не сум имала некој посебен страв, ни како помала не сум имала потреба од некои сериозни зафати освен вадење на заб, и на два пати пломба што ми ставија. Докторот тогашен не ни го памтам, ама чим не го памтам значи арен бил. :D
    Оваа сега што ми е матична, ми е одлична. Толку фина, опуштена, мила, искрена, ми беше мерак на забар да се акам секој пат. Па кога фатија со една таму во друг оддел да ме фалат, и на болка и омалаксаност заборавив, какви женчиња. :D

    Ќе ме кара, знам. Требаше да одам ама го одолговлеков одењето. И уште еден чичко да си го пофалам, тој со друго се занимаваше, расправавме за фудбал пред зафатот. :lol:

    Инаку си трпам болка, може ќе сменам 6 бои на мене, ќе си поќутам ама нема да урлам ко пред колење. Една неколку столици после мене, за една мала ситница што стварно не ни боли нешто посебно, се утепа викајќи, дури незгодно ми падна, а тука негде со возраст бевме. Секој различно трпи болка, ама немате ли бре срам кога урлате така пред 15 души? :$

    Жена секакви болки трпи, па забар ми е мачкина кашлица.
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    22.507
    Пол:
    Женски
    Јас немам страв од заболекар, од причина што уште од мала одам кај мојата докторка која е ептен фина. Благодарение на нејзиниот пристап и внимание не се плашам. Редовно одам на контроли, а и такви ми се забите, често ми се расипуваат и тоа пломбирани. Така што, принудена сум да одам редовно кај неа.
    Е сега, на столот ќе издржам и најголема болка без анестезија додека ми ги прават забите, затоа што после знам дека ќе имам здрав и оправен заб во устата. Ама да не дојде до вадење на истиот. Е тука, ми нема спас.
    Досега имам извадено 2 шестки, и имам лоши искуства. Траума ми остана поради тоа. Затоа веќе 2 години како одложувам да ја вадам седмицата горе. Таман ќе ја сликам, ќе се спремам психички, и готово - се пресекувам. Никако да седнам на столот да ми го извадат тој заб. Да може така магично да го снема од мојата уста...Навистина ми е страв поради претходните 2 искуства.
     
  9. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Еве малце да ви пишам за мојот страв од стоматолог.Можеби е малце срамота ама јас се до мојата 30година немав појдено на стоматолог освен за вадење заб-поправање не идеше во предвид од самата помисла ми се стемнуваше пред очи.И така лани кога почнаа да ме болат сите заби цела недела не спијав не можев да јадам.И на крај морав да одам.Му реков на заболекарот дека сакам со анестезија рече нема шанси.И почна да си поправа е па луѓе сега ми е криво што имам 3 заба извадено што не сум одела да ги поправам.Воопшто не ме болеше си кревав рака кога не можев да издржам си правевме пауза цигарче надвор (ова првиот пат).И така по три заби секој ден сите си ги поправив.И сватив тој страв ми бил од приказни што ги имав слусано како мала.
     
  10. davor89

    davor89 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Sakamda prasam dali nekoj znae dali ke mi go vadat zabpt ili ne bidejki me boli nadvoresniot del od zabot samo sto go dopram.pozz
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас бев сега во петок, после две години и тоа од страв. Ама сега незнам зошто ич не ми беше страв. Тој беше внимателен не како некои кога одиш у државна мислиш ќе те убијат. Па секако тоа е за наше добро и не гледам страв воопшто, само ми е страв малку на пример ако ја утне работата , ама сепак тој завршил факс за тоа па така да.. Мада езиво ми беше кога и кажа на мама дека прв пат вади заб а требаше заб да и извади... :worried:
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Немам страв, но бидејќи сум премногу гадлива, мразам кога некој ми чепка во уста, веднаш ми доаѓа нагон за повраќање. :worried:
     
    На Twinkles и vencanica им се допаѓа ова.
  13. Unmasked

    Unmasked Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Имам две шестки за вадење ама многу ми е страв дека ќе боли.Последниот пат кога бев пред 2 години не ми успеа анастезијата и буквално скокав на столчето од болка и страв,а ми вадеа живец.Имам траума од тогаш и никако не можам да се решам да одам.Сакам да знам дали со анастезија сигурно нема да боли? Сокршени ми се и двете шестки само корењата се останати. :sweat:
     
  14. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    И јас имам многу голем страв од стоматолог, само кога ќе помислам на таа машинката за стругање се ежам цела а не па да ми прави.. А треба да одам, ми падна пломба на забот :(
     
  15. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    смени го стоматологот , многу е важен пристапот на стоматологот кон самиот пациент. стоматологот треба да биде трпелив, да има конверзација со самиот пациент, да му ја објасни постапката, да зборува со него во текот на самата процедура и ред други работи. инаку не може да не успее анестезијата, најверојатно е грешка на самиот стоматолог . ќе осетиш само како нели работи самата машинка како те допира по местото , болката е после анестезијата, се зависи од самата полжба на забот како се корените наместени. да не треба да правиш операција бидејќи ти се останати само корените ,па да треба да се сече од страна местото за да се извадат (исто како кога се вадат осмици-ако си вадела до сега) корените
     
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    17.712
    Пол:
    Женски
    фала богу немам страв а ни гад. Уште од мала прва бев на столчето седната :D напротив баш ми е интересно.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми е многу чудно кога ќе прочитам во темава: Последен пат бев пред 2/2 ипол години.
    Многу е тоа бре луѓе :worried:
    Особено ако имате кариес или болки, не смеете да трпите. Уште па кога ќе чујам: Абе левата долна шестка ми е расипана, ама не јадам на таа страна :o

    Јас на редовна контрола одам на секои 3-4 месеци. И да немам проблем, одам на преглед.
    А жалосно е што луѓево немаат таква навика редовно да одат на стоматолог. Дури еднаш кога докторката ме препушти на студенти, и им реков дека немам никаков проблем со забите, тој што ме прегледуваше ме праша: А зошто си дошла кога немаш проблем?
    Па ете на пример, затоа што симптомите за некои проблеми се јавуваат подоцна. Затоа што ете ако не одев редовно на стоматолог, немаше да откријам дека едната млечна петка си тапка во место, нема намера да падне, а ако не ме пратеа на рентген, немаше да знам дека всушност немам трајна под неа. Затоа што ако не одев редовно, немаше непцата на осмиците да ми бидат средени, па ќе си имав маки со храна што се собираше под нив. И ред други работи...

    Постојат стоматолози и стоматолози.
    Првиот впечаток кај едно дете е многу битен, и затоа не треба да го носите детето било каде.
    Јас се сеќавам дека кога бев помала за време на викенд имав голем проблем со една петка и морав да отидам на приватен за да ми го извадат. Е тој стоматолог од памет ме извади! Едвај чекав да излезам од таму. И нормално е дека ако имам таков стоматолог, нема да сакам ни еднаш во 2 години да отидам на преглед.
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  18. devojkaa86

    devojkaa86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    15
    ги читам коментариве и гледам дека скоро сите сте ги поправале забите со анестезија ( што е многу големо олеснување кога ти го бушат забот а болка не чувствуваш) , и јас исто имам многу страв и сум побарала од докторот со анестезија да го поправа забот, ама без образложение не прифати и ми правеше заб на живо што е многу болно
    Па да ве прашам дали вашите стоматолози ви прават проблем околу поправањето со анестезија ?
     
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Значи ти ако сакаш анестезија тој мора да ти стави. Не верувам некој да не го прави тоа воопште!

    Инаку јас и стоматолог два различни поими. Имам заби што летото ваљда протези ќе ставам и имам кариес и еден друг заб за вадење. Одбивам да одам ама кога си мора, си мора. Сега треба да ми ја пломбираат 6-ката и вејќе нема да си имам проблеми фала богу. Инаку за протезите ми е малку страв бидејки 2-3 години ќе треба да ги носам а и што се оди на контрола.. :doh: Сега ќе сменам мојот стоматолог и ќе одам на приватен, мислам подобро ќе биде таму.
     
  20. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    јас лично имама голем страф од стоматолог,кога сум имала млечни заби па после добри 7,8 години не сум била стол.сега последниов период го пребродив стравот ги средив забите бидејќи сватив тоа е за мене што ми вреди да ставам вилици на млади години или тие навлаки или мостови и што уште не кога можам на време да си ги средам.и онака имав убави заби само од нередовност извадив 3 заба и сега многу ги жалам,сум можела и тие на време да ги средам... :(