Јас пред 6 години што одев кај тој стоматолог секогаш му велев да ми става анестезија и тој добро ке ти ставам (поима неам што беше тоа ) ама секогаш осекав болкаа, плакав, се дерев колку шо можам посилно, а за последниот заб што ми го правеше ке го тепав после пауза 2 години откако собрав храброст решив да одам на стоматолог оти некои пломби ми беа паднати му реков на тој дека сакам со анестезија и кога ја шибна таа иглата сите ѕвезди ги избројав ама откако почна да ми трпне устата а па дури не осетив ни забот кога ми го праеше мислам дека бев најсрекна на светот Одев постојано кај него последен пат ми ја извади 6-ката... Сега воопшто не ми е страв да правам заби ама секако со анестезија
Реално, за стоматологот (ама и за вас како пациенти) е подобро да не користи анестезија при обично чистење на кариес оти нема осет до каде оди и може да ти направи проблем кој си го немал претходно. И јас лично кога работев, секогаш заби поправав без анестезија. Никогаш не сум ставила анестезија само затоа што пациентот сакал. Ако се плашите, реално, ни анестезијата нема да помогне се додека си имате зацртано во главата дека ќе ве боли. Анестезија само при вадење заби, операција, стругање на заби и витална екстирпација. Во други случаи нема потреба. Ама денес ги ставаат на секој кој ќе побара, сепак се плаќа
Баш и не мора. Си постојат правила кога МОРА да се стави анестезија, и постојат случаеви кога се јавила голема болка па има потреба од анестезија. Ама ако од страв бараш анестезија, може да ти ја стави само ако сака парите да ти ги земе. И тоа воопшто не е оправдано да се прави.
сакам да прашам неколку прашања 1.вадев живец пред 2 дена и да ми кажете што ако немам живец... дали по одредено време ќе ми потемни забот или не бидејќи ми ставија една нијанса посветла пломба на забот (не се ни приметува, ама сепак...),се работи за 6доле лево 2.како сам да си очистам џебче ? 3.инаку дали ве болеше кога ви го вадеа нервот на вас? мене ептен ме болеше... ми се чини секоја недела ќе одам на забар, само да не дојде пак до вадење нерв... поздрав и фала ви
Ќе ти одговорам за првото и третото. Не сум вадела јас, ама брат ми вадеше и знам како беше Нема да потемни само од себе, само тоа што немаш живец значи дека нема да боли никогаш веќе. А инаку кога му го ваделе ге болело и тоа ептен Тоа е, не треба да се дозволи да се дојде до тоа. Инаку за мене да си кажам најголем страв ми е од стоматолог. Без анестезија не седнувам па макар да е едно минимално стругнување на забот
како тоа мислиш нема да потемни само од себе?? дека никогаш нема да ми се разликува тој заб по боја со другите? инаку како не ти е страв од анестезијата? јас никогаш не сум ставила и трпам болки баш ради тоа што ми е страв од анестезијата... осеќаш нешто, не осеќаш, боли, не боли...? фала ти многу на одговорот. поздрав
Да да, сакам да кажам дека вадењето на живецот нема врска со потемнување на забот, односно не предизвикува потемнување или било какво менување на бојата на забот. Инаку не ми е страв од анестезијата мене, боли малце напред ако ти ја става, значи ако ти прави преден заб 3-4 боли, а кај задните 6-7 ништо не се осеќа. Не ми е страв од тоа ќе истрпам 3 секунди болка е, ама стругањето неможам да го трпам.
кога ќе ми текне само колку викав и вриштев во ординација ми се темни и сега... од сега има да идам секој месец само да не дојде пак до вадење живец!!! со она иглине и она дебелото што буши... ама се исплатеше викањето и болките, сега веќе ги нема
Цветче, грешка си. Вадењето на живецот е и тоа како поврзано со потемнување на забот. Живецот, поточно пулпата го храни забот, па се додека е здрава, забот ќе си има нормална боја (генетски одредена). Штом ќе изумре пулпата, забот повеќе не добива храна, т.е нема васкуларизација и тој ќе потемни со тек на време. А инаку, потемнува и кај вадење на нерв, кај изумирање на истиот од воспаление при проширување на кариесот и изложување на нервот на надворешни влијанија, или пак изумирање под дејство на процес на коренот на забот.
Фала ти Ана. Ќе те замолам само да ми кажеш уште како да го спречам тоа да не ми потемни? И што доколку ми потемни? Уште еднаш, фала
Во врска со забите со извадени нерви, најчесто таквите заби со тек на време и се сронуваат, што е нормално, мртви се, јас имам на три извадено едно до друго и едниот не издржа а другите два се за нијанса потемни, но кај мене не е толку страшно бидејќи јас имам природно потемна коска, не жолта туку како кремаста нијанса и не ми се разликуваат многу.
што кога ќе се срони (ако се срони) ? ќе треба да го вадам, или пломба пак ќе ми стават ? и дали е можно ради тоа потемнување да ми ставија на мене нијанса побела пломба? ( наместо а2, а1)
ХЕхехее хихиих хаха Се вратив од стоматолог, жива сум! Баш се спремив психички околу една година, и сега сум океј. Мислам болеше малку... ахам, да малку Со лесно нека ви е.. П.С: Од сега почесто ќе одам на стоматолог, ветувам!
Феминки мои. Јас отидов на преглед пред некој месец поради тоа шо морав и ми рекоа под итно да ги поправам забите. Сум имала 9 расибани заба Неможам да соберам храброст да отидам оти од тие машинките имам многу страв а одамна ми немаат такво нешто збуцано во уста. Немам отидено на стоматолог од Бог знае кога. Немам ставано анестезија и знам дека неможе од еднаш сите заби да ми ги поправи. Ако може да ми ги кажете сите информации за анестезијата оти мислам дека поинаку ми нема спас. Колку пари е, како боли, колку боли, се !
Феминки, бе молам да ме охрабрите! Забот ми е расипан, значи имам мало дупче, ама ептен се плашам да одам! Несакам ни да помислам... Уште од мала ја имам таа фобијата страв од забари и неможаммм! Еве знам дека имам 13 години и дека треба да не се плашам, да не бидам како мало дете, ама неможам едноставно! Некој совет?
Јас имам навистина патолошки страв од заболекар, и ве молам да ми препорачате стоматолог што има трпение со пациенти како мене. Знам дека на клиника има оддел за пациенти со страв од заболекар, ама никако да соберам храброст да одам. Одамна не сум била на заболекар, само одложувам. Сега морам, ми се скрши пломбата од едниот, а од другиот заб, сосема ми падна. ПРЕПОРАЧАЈТЕ ЗАБОЛЕКАР!
Извини вака ама ако ти препорачам заболекар од Катланово а ти си од Струга,ќе отидеш кај него? Спојлер Би требало да кажеш од кој град да бараме стоматолози