1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. vencanica

    vencanica Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    од скопје
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Требаше да вадам вечерва корен. Таман седнав, таман ја спреми инекцијата и да ми ја стави се откажав,почнав да се тресам, да плачам, срцето ми лупаше.... А треба да вадам корени устата ми е катастрофа. Имам рок до сабота да соберам храброст. Не се плашам од машинките туку од болката, од мала сум таква. Дали ќе ме боли или нема да ме боли. Помош!
     
  3. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Лелее девојкии и јас многу се плашам.. Се ежам кога ќе слушнам стоматолог :o
    Сега ќе ви раскажам една колку непријатна толку смешна случка..
    Отидов јас да вадам заб пред неколку години и со голем страв седнав на тоа проклето столче и таму докторката ми ги проверуваше забите бла бла.. и кога ја зема инекцијата и ми ја доближи а јас кога и ја удрив раката инекцијата одлета а јас преку врата ххахаха :D :D Епа да видиш ти на кој ќе му вадиш заб! :lol:
     
    На zborlesta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    :x мене самиот мирис ме вади од такт а не па кога ќе го видам столот :worried: на стоматолог одам само кога навистина ќе ме заболи заб и кога не ми поминува ќе запнам и ќе отидам инаку вака на преглед ма никогаш :tmi: не знам од кај тој страв ама никако не ме пушта |(
     
  5. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    од што ви е најмногу страв на заболекар? од плобирање, вадење нерв, заб, камен чистење, инекција?
    мене најмногу ми е страв од инекција, не знам зашто, ама повеќе би трпела болка од машинките и се, отколку да ми стават игла во уста.
    ве молам пишете ми дали сум во право или не, дали е страшно од инекцијата? дали боли вадење заб? мислам дека ќе треба да вадам 8, немам место? ќе ме боли??
    поздрав феминки
     
  6. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јас како мала се плашев од вадење заби, кога одевме со мајками по пат и викав мамо сакам ти да ми ги вадиш и мајка ми како јас ќе ти ги вадам јас незнам, и јас ако не ми ги вадиш ти несакам и мама добро ај.Стигнавме таму и јас кога отворив една уста мама да ми ги вади па мама тоа беше крај и денеска кога ке ми текне на тоа ме фаќа смеа :lol: :tmi:
     
    На zborlesta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. m.p.m

    m.p.m Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво јас сум нова на форумов.Темава баш како за мене.....
    Ми се крева косата кога ќе помислам на стоматолог :puke: :puke:
    Значи ЕПТЕН МИ Е СТРАВ.Од тој страв 4 години не бев стапната на заболекар и нормално забот што имаше лек, личеше на се освен на заб.УЖАС!!Го извадив после долга расправија со заболекарот (тој сакаше да го поправа) :lol: арно ама сега треба да ги правам/вадам умниците (затоа што ме болат иначе нека си стојат арни се никој не ги гледа 8) )...дајте луѓе некој совет како да го надминам овај стравов...самата помисла ме ужаснува.... ;( ;( ;(
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.555
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ти биде страв, како прво не боли и не е страшно тој страв ние самите го ствараме со нашата психа. Ако болка ни најмала не трпиш можеш да го правиш со анестезија забот. Замисли си само какви заби ќе имаш ако не ги правиш редовно, рутинска контрола на забите е потребна барем 3 пати годишно. Колку навреме одиш толку помалку болка. Тоа е за твое добро, стисни заби и знај дека воопшто не е страшно :)
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Јас многу се плашев од заболекар. Стравот го надминав во четврта година средно. Тогаш ги поправив сите заби. Само 2 заба ме болеа кога ги поправав. Имам вадено 4 заба со анестезија. Само последниот пат ме болеше забот кога го вадев.
     
  10. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Дали има друг начин на исправување на заби освен со протези ? Ве молам за одговор побрзо. Фала ви.
     
  11. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Јас како мала многу се плашев од стоматолог. Секогаш кога ќе го слушнев тој збор срцето почнуваше забрзано да ми чука. Но во осмо одделение татко ми ме однесе на стоматолог иако несакав. Од дома почнував да плачам па се додека не седнев на столчето. Сите заби досега ги имам поправено без анестезиа и можам да ја издржам болката. Многу сум мирна додека ми ги поправа забите. Но сепак кога треба да одам на стоматолог ме фаќа паника.
    Инаку стравот од одење на стоматолог го надминав така што кај мене се појави уште еден страв а тоа е страв од вадење на заб. Така да кога ќе помислам дека ако не го поправам забот на време ќе ми го извадат, веднаш се спремам и одам на стоматолог.
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Јас стоматолозите ги викав и сеуште ги викам...бели луѓе :lol: (дека цели се во бело облечени)....сеуште се плашам,но ми требаат неколку дена за да соберам храброст и да одам кога треба заб да се поправа,вади...и така :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас дури пред некој месец се преплашив од стоматолог бидејќи имав неколку заба за средување и среќа забарката ми се погоди фина, инакуууу само од мирисот специфичен што го имаат ординациите фаќав уплав. :lol:
     
    На Twinkles и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    И јас како мала многу се плашев од зборот стоматолог, не па да отидев таму :puke: .
    Ама сега некако ми помина стравот за поправање заб. Но никогаш до сега немам вадено заб,а сега треба да ми вадат еден ;( Боли ли ? :?:
     
  15. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    И јас ви се придружувам тука! :D
    Стравот го имам уште од 4 години и точно се сеќавам, сакаше забарот некоја пломба, нешто такво да ми става и само сакаше да ми стави нешто во устата и јас киднување и патот под нозе. Мајка ми уште цел ден ме бараше во амбулантата (во Јане Сандански) и кога стигнавме дома ќотек ми мавна. :fubar: Од тогаш немам стапнато на забар. Расипани заби немам си ги мијам секој ден и фала богу проблем немам. А да ми се расипе некој заб и да морам да одам, срцев удар би добила. Нема шанси...трауми имам! :sweat: :doh: ;(
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто немам страв ;) Скроз сум опуштена кога треба да одам на забар, било за обичен преглед - контрола, било за поправка. Никогаш не сум се ни плашела - имам носено протези, вадено трајни заби со анестезија, вадено корени, милијарда чуда, никогаш не сум кревала паника околу тоа.

    Го имав најдобриот забар на светот, ама отиде во пензија. Сега сум кај друга и немам никаков проблем, ептен сум си смирена :D

    Многу повеќе се преплашив кога требаше да одам на очно, страв ми беше да не утнам некоја буква :lol: :lol:
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Како мала (тогаш имав 5 години) му го гризнав средниот прст на стоматологот додека ми го поправаше забот. Тоа се случи во поликлиника Букурешт.
     
  18. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и јас имав многу страв,и поради тој страв оставив некои заби да ми се расипат,што после тоа ми беше многу криво си велев д сум појдела на време немаше сега да трпам толкава болка. и земав едно време одев редовно.памтам само уште кога ке ја видев вратата се плашев понатаму како минеше времето стравот исчезнуваше го немаше повеќе сега немам гајле ги направив сите заби (тие неколку што ми беа ) и сега сум рааат сега малку да ми се расипа одма летам не чекам.
     
  19. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Јас мразам да одам на стоматолог :puke: :devil:
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  20. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    od sto moze da boli neplombiran nerasipan zab pri stiskanje na zabite ? ve molam za pomos i nekoj lek ako ima.