1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Леле и мене ми ги умρтвуваа κоρењата на еден заб и тоа пρемногу боли дуρи и забаρκата виκа знам κаκо е издρжи, абе живците од забот да ти ги вадат и во месото внатρе да ти чепκа и да ти буши дуρи и до анестезија ќе те здоболи, а мене можеш да замислиш сето тоа ми го пρавеа без анестезија ;( , абе од тие болκи ми тρебаше 2 недели да се опρавам и од тогаш неќам ни да помислам на забаρ луѓе, самиот тој миρис, седнување на стол веднаш почнува да ми се лоши, сρцето да ми чуκа, очите да ми се насолзуваат, еднаш дуρи и се онесвестив од стρав, κолκу го мρазам звуκот на бушалκата, миρисот на пломбите офф. Да не должам волκу, наκρатκо κажано имам огρомен уплав од забаρ и се чувствувам κаκо да одам во логоρ на мачење. А ваκа хρабρа сум за се многу, немам стρав од болници па што и да ми пρават, дуρи и да ми ρечат утρе на опеρација оди да те сечат ја нема стρав толκу да имам κолκу од забаρ. Зошто не ми миρиса на лаванди κога ќе влезам внатρе, моρа ли толκу одвρатно :puke: :o
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.124
    Пол:
    Женски
    Имам невероватен страв од забар, мислам дека и имам пишувано, ама летово како ме стегна еден одамна расипан заб, поправан па и со падната пломба, ужас, се додека во Маврово на кампување на ме фати толку да не ми помуинува од еден, од два бруфена, од еде ефридол, па втор ефридол, па еден кетонал, па втор.... ужас, цела вечер не можев да спијам. Само што си дојдов дома директно на забар, една недела антибиотик, па вадење со анестезија, мислам дека не осетив буквално ништо, ама тоа како се осеќав додека да дојде денот до вадење, мислам дека операција на отворено срце да ми правеа подобро ќе се осеќав :tmi: Ужас, сега имам уште една шестка за вадење, како да се наканам, од што ми е во мислите и ја сонував неодамна, ама морам да ја извадам, искршена е цела и грдо изгледа. После вадење на овие два заба започнувам со поправање, има да направам се, а не да се мислам кога ќе ме стегне некој заб. Многу боли заб, страшно, болка рамна на вадење камен од бубрег и пораѓај, така ми стои мене :D
     
  3. snowflake123

    snowflake123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11
    Девојки помагајте!
    Деновиве ме болеше шеската, ама не обрнував многу внимание ама сабајлево кога станав забелезав дека забот мие отечен, и отокот констано расте. Имам страв од заболекари мноооогу..
    Бидејки ми е отечен забот, ќе мора ли да ми го вадат, имал ли некој ваков проблем? :worried: :worried: :worried:
     
  4. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    ^
    Незнам за вадење, ама за попρавање сигуρно ќе ти го попρаваат или ќе ти вадат живец аκо го немаш извадено живецот до сега. Мене κога ми бил отечен сум отишла на забаρ и ми го попρавиле и отоκот се повлеκол. Сега не сум заболеκаρ за да κажам со сигуρност, можно е и да ти го вадат, тие најдобρо си знаат. Можам да ти κажам само да си појдеш и тие да одлучат што ќе пρават со него и дали е за вадење, језда знам κаκов е стρавот од заболеκаρ и лично јас го имам, но дρуго ρешение мислам деκа нема. Сега женсκа собеρи хρабρост и појди и отκачи се. :)
     
  5. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    И јас имам умртвувано живци на 6 заби. И тоа еден од нив ми е десниот преден кец. ;) Незнам зошто толку многуу те болело,да не викам дека не боли но мене ми ги умртвуваа живците со тоа што ми ставија еден лек,па го тргна за да види до каде е живецот па пак нов и така неколку пати и после неколку недели лекот го умртви живецот,заболекарот го извади(живецот) и пломбира. Значи сета оваа постапка на 6 заба. И со анастезија нормално дека го осеќаш нервот зошто таа го анастезира само местото околу забот а не и нервот-и подобро е без анастезија да работи за да има подобар осет.
    P.s и јас до лани се плашев ама еден ден се решив,седнав на тоа столче и за неполна година јас си ги средив забите. Не е толку страшно. :) Одете на забар со помислата дека ќе имате убава насмевка со здрави заби.

    Едит:
    Никогаш не поправаат заб се додека не се повлече отокот. :!:

    Позз :*
     
  6. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Ако може некој да ми каже за полирање на заби, не белење, само полирање, дали е штетно, на колку време се прави, дали е болно или не и предлог стоматолошка ординација.
    Секој одговор ќе ми биде од корист,
    Поздрав
     
  7. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Ви ги читам мислењава , и морам да кажам ви се приклучувам!
    Се плашам од забари ..многу. Можеби и премногу.
    И мене ме убива миризбата кога ќе влезам внатре во ординација.. :!: всушност се осеќа дури и во ходник!
    Мајка ми е стоматолог , и нонстоп ме моли да одам да ми ги поправела забите ..ама што да се прави кога се има страв .. :|
     
  8. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Имам 5-6 расипани заби,во кој и 2ката напред. :( Да издржам додека ми бушат со оние чуда нема шанси,мрдам од болка а така може нешто погрешно да се случи.Се распрашувам за инекција за здрвување не вилицата и да не чувствувам болка,ама велат дека болело кога ти ја ставаат инекцијата и било полошо бидејќи докторот не знаел до каде те боли :^) . Ништо не сфаќам.Дома сите ми велат не боли колку да ме охрабрат ама вие девојки бидете искрени и споделете искуство. :)
     
  9. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми е страв од стоматолог. Сепак тоа зависи и од докторот,како ќе се постави со пациентот,дали ќе му ја објасни процедурата,итн. Според мене ,многу е подобро кога стоматологот е реален и однапред кажува дали е постапката болна или не,бидејќи реално повеќето луѓе се и тоа како исплашени.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.555
    Деновиве баш коментиравме со дечко ми... Гледаме една убава девојка, се и дал Господ, млада, здрава, дотерана, нашминкана, се извртевме дури и кога отвори уста, коа видов едни криви заби...
    И првата реакција ми беше, добро, не чула за стоматолог девојкава во 21 век? И дечко ми, нормално, да ја оправда рече може и е страв.

    Страв?? Страв на тие грди заби, па има да замижам и 5 саати ке седам додека ми ги прават. Цел свет по операции оди за да се разубави, а уште има девојки со криви и црни заби како од Дракула да испаднале.

    И мене ми е страв од игли, од боцкање, па еднаш не сум рекла не одам. Мора да се земе крв, мора да се лета со авион, мора милион работи од кои се има страв. И со страв, не сум рекла, не правам ова или она, страв ми е. Само одам. Срамота е заради страв да смрди од устата, оти расипан заб корне :( не смрди. Млади луѓе не смеат да си дозволат такво нешто. Затоа, најмаклу еднаш годишно одете на ремонт - систаматски, гинеколог, забар. Тој еден ден нема страв од ништо. Нека ви биде бестрашен ден. Најголемата болка е пораѓај, па бубрег, па уво. Забите не се страшни.
     
    На Lara&Lana, zborlesta, anina и 3 други им се допаѓа ова.
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Секој се соочува со некаков страв и ние не треба за тоа да му судиме ,јас на пример анксиозна сум и само анксиозните можат да ме разберат значи ме фака гушење невидено немозам да дисам а сум за на забар еве чекам долго време да ми помине тоа гушење затоа што неможам да издрзам на забар со тие напади како ке ми го прави забот никако со тоа гушење ,а лесно е некој што не знае дали имаш некои други проблеми да те осуди леле страмота ,чекај застани не може да се суди така лесно зошто не оди човекот на забар ,значи има луге што ги фака напади паника само што ке влезат во просторијата а камоли да седнат на столче и почнуваат вртоглавици од страв тоа е ненормален страв со кој не се справува така лесно
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.555
    Јас по мене гледам, и јас имам стравови, проследени со паника, потење, лошење, со повраќање од страв, со ладни стапала, со бледило, со 5 дена повраќање од страв пред да треба да направам нешто од кое се плашам, или пак не јадење со денови од страв дека ке повратам од страв.

    Ама кога ке дојде денот, станувам и одам. Нема назад враќање.

    Не осудувам, само викам дека треба да се собере храброст и да се оди. Мора да се победи стравот. Не е лесно, ама мора. Јас така се храбрам. И одам.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    да, да одам ама ко ке неможе да се дише неможе и јас сакам нормално да дишам , имам напади проследени со хедостаток на воздух , а шоако и девојчето го има истиот проблем кој некогаш трае со години ,на никој не му ја знаеме приказната, а за авионот дека мора да се патува со авион па и немора пример еден светски фудбалер има фобија од летање до каде што се оди со кола оди ,значи фобијата е нешто посташно од стравот страв е нормално човек да се има ама фобикја не е нормално
     
  14. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Само што ќе го слушнам тоа зззззззз паника ме фаќа :x имам страв од стоматолог. Но и покрај стравот редовно одам :!: .
     
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски

    За криви заби освен протеза или навлаки не знам што би помогнало. Инаку за сочувани здрави заби треба да се оди на контроли, да се има пари и да се нема страв.

    Он: Кога ме болел заб не седнувам без анестезија, но кога се работи за обично пломбирање го правам без проблем. На 24 години ги имам сите заби од единица до 8мица меѓутоа еднаш на 6 месеци обавезно правам контроли и отстранувам забен камен.

    Девојки, стравот од пломбирање е ништо во споредба со инцизио на корен од заб. Имено, на умртвен заб ми загнои коренот и не фати анестезијата, а гнојната кеса мораше да се острани за да не ги зафати сите останати здрави заби. Моментот кога ќе го осетиш рецнувањето на гнојното место е моментот кога ќе рикнеш од болка и плачење. Затоа навремено правете ги забите бидејќи пломбирањето или умтртвувањето на нерв е ништо во споредба со други сериозни компликации.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnichkaLeo

    AnichkaLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    92
    zdravo prostete za latinicata imam edno prashanje. Dali nekoj ima odeno na zabar vo Jane Sandanski Ajrodrom kaj dr Marija i ako ste bile kako ste zadovolni ?
     
  17. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    И јас имам страв ама секогаш го победувам.Пред да тргнам на забар идам 2-3 пати по мала нужда па може и голема за од страв да не ми се прииде во вц :^).Мене многу ми е страв да не ме боли.Пред 3 год. ги средив сите шески еве сега пак расипани.Се чудам од каде, а на забиве пазам повеќе од се.Наутро и навечер ги четкам убаво и пак и пак треба да ја трпам онаа машинкана бе.У мозок ми иде тоа биззз како мува во уста да имам.И сега дека не сум навиката да ги четкам седмиците малку се подрасипале па ајде и тие.Ооф колку и да внимавам пак мене се обратно ми се дешава :|
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе помагајте!
    Како да одам на стоматолог кога многу ми е страв се плашам, а треба да одам.
    Како да го пребродам стравот?
    Ви благодарам :*:*
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Стравот ќе го победиш кога ќе се натераш себе си да пробаш од прва. И тогаш повеќе нема да се плашиш.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Кога бев помала стравот кон било каков вид на лекар, а особено кон стоматолог беше поголем, сега не толку. Најтрагично е што мене не ме боли толку многу па да се плашам, ги мразам тие иглиштата и машините, неможам да ги гледам и затоа. Болката не е толку голем проблем па да неможам да издржам, ја стегам столицата и трпам.