1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од темнина или многу повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од angel, 29 ноември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски


    Понекогаш е полесно за своите проблеми и стравови да зборуваш со непознато лице, полесно можеш да се отвориш, па и преку разговор да согледаш некои работи кои не си можела самата да ги увидиш, па можеш дури и да ја пронајдеш вистинската причина за својот страв... сите ние се плашиме од темница, т.е уште како мали деца сите го имаме тој страв, кој како што растеме поминува... меѓутоа, кај тебе ете, останал... се сложувам со тоа што беше некаде погоре напишано, дека се е во главата... за да го победиш стравот, треба да се соочиш со него, да ја откриеш причината заради која тој страв кај тебе е силен... се надевам дека наскоро ќе се решиш да поразговараш со стручно лице, затоа што треба да сфатиш дека тоа не е ништо страшно и немаш што да изгубиш, а можеш многу да добиеш... пиши што си направила! Позз
     
  2. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    25
    и јас се плашам од темнина...и уште спијам со запалено светло, незнам зошто но одсекогаш било така, ми се врти некој филм дека некој ми седи над глава и ме гледа а јас неможам да го видам,
    единствено кога сум со дечко ми не ми е страв...
    а од хорори не се плашам ако ги гледам без глас :D
     
    На wild.child15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    I mene mi e strav nojke, nemozam da zaspijam!
    Ama dojdov do brilijantno resenie, :))))))) moeto kucence, spie so mene vo soba vednas do mojot krevet! Nemate poim, kolku samo odma zaspivam! ........Pa mozis da go primenis ovoj metod za promena! Pozzzzzzz
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Значи ваљда тоа не е само страв од темница, туку е страв и од непознато.
    А тоа е во човечката природа... Би требало да се посети психолог. :)
     
  5. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла кога ке се најдеш во ситуација да ти е страв во темница запеј си песна на глас ..Мене ми помага така повеќе внимание обраќам на песната и заборавам на стравот..
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^^ И мене ми се случува така да си пеам :D
     
  7. Alina

    Alina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    сум мислела дека се ретки лугето кои се плашат од темнината, овој страв ми е од мала, сестра ми за да ме ќути ми пуштеше хорор филмови да гледам.... и така, јас спиам со отворена врата и запалено светло во ходникот....
    понекогаш поминуваат месeци и немам страв, но пак се појавуваат, оваа година сама во соба спиев без страв заборавував дека ми е страв од темнина, кога ги отворив очите и не видов светло, почнав да се тресам да се потаам не мозев да мрднам од креветот, имав многу лоши мисли плус ми доагаше како гласови да слушам и почнав да викам и татко ми го отвори вратата и ми рече веке да спиам со запалено светло ако во таква ситуациа се наогам пошто не ми веруваше додека сам ме виде, страв ми е и да излезам од собава ако светлите во куката не се запалени, СТРАШНО Е :(
    професионална помош не сум барал и нема да барам, оти спиам со отворена врата, а кога некој е со мене во собава не ми е ич страв....лоша фобиа е ;(
     
  8. Devica99

    Devica99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Инаку стравот од темнина е всушност АУКОФОБИЈА ... :worried: навистина е страшноо.. пробавв различни начини, но никако не можам да го игнорирам тоа чуство дека некој е присутерн и ми мисли зло :(
     
  9. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Ако се враќам сама накај дома, цело време ја вртам главата позади, се мислам дека има некој... МНОГУ се плашам од темница!!!
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Деновиве ми се случива нешто многу чудно. Премногу ми е страв од темнина. Не можам да заспијам кога светлото е изгаснато. Вечериве ми беше страв да заспијам во темница и чекав да се раздени, а дури потоа си легнав. Но кога ќе го запалам светлото се е во ред и стравот го снемува, а ако е темно колку и да ми се спие и да се трудам не можам да заспијам. Многу ми е чудно. :?:
     
  11. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ^^Вајлд, тоа со неспиењето, сигурно ти е од навика. Но стравот од темнина наеднаш да ти се појави, тоа не ќе знам што е. Истото е и со сестра ми, никогаш не се плашела од темница, никогаш, никогаш. Но, вчера, кога ја изгасив сијалицата, почна да паничи, да запалам, страв и беше, не знам зошто и од што така.. :wasntme:

    За темата, мене никогаш не ми било страв од темница. Дури си шетам слободно по куќава со изгаснато светло, и по скали дури, но добро морам да признаам дека се имам превртено два три пати, :lol: :lol: но никогаш не ми било страв од темница. Темница се појавува и кога ќе ги затвориме очите, па и колку да сакаме да ја избегнеме, сепак се наоѓаме во темница.
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Абе не е од еднаш и како помала многу пати ми било страв, но еве сега се врати. :?:
    Е кога ќе затворам очи не ми е страв. :rofl:
     
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ^^Не знам стварно што е работава, јас 2 саати си поминав убедувајќи ја сестра ми дека нема ништо страшно, и тоа дека пак ќе има темница пред неа кога ќе ги затвори очите. :wasntme: :D
     
  14. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    е јас за жал го имам овој проблем :( кога сум сама дома ќе ги испозапалам сите светла и не спијам додека не дојде некој друг... знам дека не сум мала али мене стварно ми е страв да седам сама во цела куќа :sweat:
     
  15. Ratchiiii

    Ratchiiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Како мала обожавав хорор филмови.. Воопште не ми беше страв..Секогаш кога гледав филмови со другарки јас бев онаа која е бестрашна и која ги плаши сите околу неа, а денес хорор филмовите за мене се забранета тема... Имаме огромна куќа од чија спротива се наоѓа гробишта... До својата 15 година знаевме во гробиштата да играме криенка и тоа на полноќ... сега ми е страв да си дојдам дома... имаме многу лошо осветлување... И страв ми е од самата помисла дека поминувам покрај гробишта... Мајка ми и татко ми уште што не направија... ме носеа на бајачки и каде уште не... Кога имав 17 некое време посетував психијатар... Ми помогна многу.. две години немав страв од ништо.. Но сега повторно неможам да си влезам во соба ако нема никој во неа... И кога и да ги затворам очите страв ми е од помислата дека некој можеби е до мене... Пред некое време собрав храброст и заедно со дечко ми отидовме во кино да го гледаме „Paranormal Activity“... До скоро не ми беше воопшто страв... Но последните месец дена неможам да заспијам. Неможам да седам во својата соба... Седам на тераса додека не изгрее сонцето... Често ми се има и случено таму и да заспијам... Незнам како да си помогнам... :(
     
  16. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Незнам од која причина почна да ме стра кога се наоѓам сама во тишина и во темница ... Честопати не можев да заспијам додека не излезе сонцето а сега кога почна сколската год едвај некако заспивам бидејќи сум премногу изморена и струјата е запалена, со изгаснато светло не можам да издржам ни 5 минути замислувам дека има нешто што ќе ми наштети а најмногу ме стра да не има паранормални појави и духови за тоа при секој звук ги отварам очите ширум отворени и се мачам со помислата што би можело да биде тоа иако знам дека најверојатно некоја мачка надвор кутнала нешто... Пред некое време стравот беше премногу голем но сега мислам дека не е до тиа степен што беше... незнам што да правам.
     
  17. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Сигурно е траума од детството но ти не се сеќаваш. Јас имам страв од затворен простор одсекогаш сум го имала и никако неможев да ја најдам причината, кога братучетка ми ми кажа дека кога сум била многу мала ме чувала и не сум сакал да јадам па за да ме казни ме затворила во соба и не ме пуштала и јас сум вриштела пиштела па ме пуштила и ете ти го стравот од затворен простор кој го имам до ден денес и никогаш нема ни да помине. Мое лично мислење е дека не ти треба ни психолог ни никој самата можеш да си помогнеш да го ублажиш тој страв. Сигурно се случило нешто кога си била мала а и да идеш на психолог тој сигурно не е видовит па да ти каже што точно се случило за ти да почнеш да се плашиш од темница. Сеа ке ти кажам некои ептен прости работи со кои јас успеав да го намалам тој страв од затворен простор па дури почнав и во лифт да се возам и во мали простории без прозор да можам да седам подолго време. Се треба постепено и постепено да почнеш. Прво оди во соба каде ќе бидеш сама застани до утикачот изгаси го светлото и труди се да седиш со угаснато светло колку што можеш подолго, кога ќе те фати паника веднаш упали го, пола минута пола минута и секогаш кога ќе имаш време прави го тоа, гарантирам дека по некое време ќе можеш се подолго и подолго да издржуваш со изгаснато светло. И во тие моменти кога ќе ти дојде некоја морничава мисла остави ја да помине едноставно нека ти биде сеедно во тој момент и само остави ја да помине. После можеш да пробаш неколку пати да поминеш низ некои делови од улицата каде живееш каде не е осветлено и сето тоа сама да нема никој со тебе. Со тек на време кога ќе почнеш да се соочуваш со стравот тој ќе почне да се намалува, не велам дека ќе исчезне скроз но интензитетот ќе се намали.
    Позз и не се секирај не е ништо страшно и не ти треба ни психолог ни психијатар, единствено решение е да се соочуваш со стравот и да отидеш и тие тоа ќе ти го кажат нема некоја друга магична формула.
    Се надевам дека постов ќе ти помогне барем малку на тебе и на другиве девојки кои имаат било каков страв :*
     
    На wild.child15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    А чекајте читајќи јас не сфатив што претставува за вас темнината?
    Читајќи ја доживеав како некоја сериозна ѕверка што убива по градот или некој опасен вирус .
    Треба да знаеме сите , дека НЕ постои темница туку тоа е одсуство на светлина.
    Темнината не паѓа од небо така, туку го снемува светлото и настанува мрак и тогаш на оние што се плашат им доаѓаат секакви мисли.
    И јас како мала сум се плашела од темница и мене ми се има случувано да се покривам со ќебе пред да заспијам, а сега ако има светло не можам да заспијам.
    Што си размислувате кога се наоѓате во темна просторија?
    Би ви препорачала тогаш да не размислувате на стравот.
    Нели и кога ќе ги затворите очите пред вас е темно.
    Најубаво би било да се соочите со тој страв и да стоите во темна просторија и сами и со присуство на некој и да увидите самите дека истото се случува и кога има некој до вас и кога нема само различно е тоа што го мислите и чувствувате во таа ситуација.
    Имајте позитивни мисли кога и да помислите на стравот, односно и да се наоѓате во темно ,освестете се , не дозволувајте стравот да ве преовлада,оти тој прави чуда.
    Совладајте го тој страв и нема да биде ништо повеќе од исчезнат страв и во темнина и на светло. :)
     
  19. dushe555

    dushe555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Кога имав 10 години го гледав Фреди Кругер и до ден денес веќе 15 години се плашам од тоа..
    многу е тешко да се исплашиш во детството и ти останува цел живот
    сега често гледам комедии стално си се смешкам и така заспивам...
     
  20. portugalcanka

    portugalcanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3