Кога бев помала многу се плашев од темница.Сега не се плашам.Стравот сам од себе си исчезна со годините.Иако од време на време, кога е темница, кога сум сама во соба и со отворени очи, ми се причинува како да има некој...Претпоставувам дека стравот сепак оставил некоја трага
Крејзи, и јас сум исти случај За гледање некое хорорче сум прва, ама после тоа кога ќе ме совлада стравот неможам крајот да си го фатам. Огромен страв имам од темница.. Навечер често пати слушам некои гласови, гласно дишење а кога ќе станам да проверам дали има нешто сето тоа уште по реално станува. Многу пати ми се случило додека одам по скали во темница од што сум преплашена и си правам најстрашни филмчиња во глава да чувствувам како некој ме допира или оди до мене... Незнам како да си помогнам, сите викаат се е до психата пробај не мисли на тоа, ама секојпат станува се полошо..
Е денес значи добив уште еден доказ дека мојот страв од темнината не е намален како шо мислев, напротив, страшно присутен Влегов да се бањам, испаднав, и одам во мојата соба. Мојата соба е далеку од дневната кај шо седеа моите. Таман се средив облеков, и наеднаш снемува струја, и значи ја слушам мајка ми како вика на цел глас, Ане сега ќе ти донесам свеќи, ма не бе брат, срцето не ми чукаше брзо, него фатив да се гушам, дишам бавно длабоко, ама џабе, се гушам, почнав со рацете да пипам околу мене се, мобилниот да го најдам, да светнам, пусти лаптоп без батерија останал, се гушам се гушам, после 1 мин, го фатив мобилниот светнав и прекинав. Незнам на шо се долже тој страв во мене, со години веќе спијам со светло и тв запалено... Можда од шо порано многу гледав хорори и од кога прекинав фанаа милион и еден филм низ глава да ми лета....буквално ќе се загушев, а доста работам да го надминам овој страв.
Мене ми е страв од темнина кога сум надвор. Ама можеби тој страв е и реален, затоа што секакви луѓе шетаат по светов, па се грижам за својата безбедност. Среќа што на работа сум само прва смена, не мора ноќе да одам дома.
мн ми е страв од темнина напад на гушење добивам,одма,да нема ни најмало светло,мислам дека би умрела,мн ми е страв
Уште од мала ми е страв од темница , спиев со запалена ламбичка мала . И сега голема сум и уште ми е страв во темнина да спијам ама среќа што се добива светлина во собата од уличните ламби инаку ...
Многу ми е страв од теминина,несакам да стојам сама во темна соба.Но сепак спијам сама така да кога ќе и исклучам струјата се пикам скроз по ќебе и не мрдам,а ако ми тропни нешто готово,се ис*острав
Посебно!! Абе дечки не ви е од хорор филмови умот сам измислува нови страшила (бар како што мислам) И јас се плашам! А највеќе кога е темно и чука саатот, затоа во мојата соба немам сат кој чука! И секохаш е запалена малата лампа! СЕКОГАШ А незнам искрено како да го решам тоа! ...Абеее ... за вас кои слушате дишење или гласови! Абе случајно да не сте медитирале или сте зборувале некој текст што ни самите незнаете што е тоа? Одговорете искрено! Бидејки имав слушнато дека таквото нешто повикува духови! Ај ај можда и не е истина
Имам страв од темнина...поправо не ни гледам во темнина. Можеби од многу гледање на хорор филмови. Мислам дека некој има до мене,или дека ќе ме исплаши нешто...незнам ни јас што мислам ама знам дека се плашам.
Многу се плашев од темница и спиев со сестрами до 10 години, но ми стана јасно дека вампирите, диховите итн. не постојат сето тоа се бабини деветини. А пак кога гледав хорор ќе се пос*рев во гаќи . Сега не ми е страв
Многу се плашам од темница кога сум сама понекогаш кога навечер ќе излезам од соба и се симнувам долу до кујната ме облива ладна пот, и така дури се симнувам се тешам нема ништо нема ништо не паничи и ке се акнам од оградата иии срцето ми застанува ахахахаххахахахахахахахаххахахахаахха Mислам дека причината е потади тоа што како мала сонував страшни кошмари но се надевам со тек навреме ќе исчезне
значи од секогаш ми е страв од темнина,имам сериозен проблем.кога се враќам од искачање трчам сите штикли ми се искршени,страв ми е дури да отклучам дома навечер,страв ми е и дома прозорот навечер кога ке биде отворен,се мислам дека некој ме гледа или нешто ми тропа.Незнам дали има поголем плашливец од мене,тоа веќе го сваќам како проблем,а пак ако знам дека некој починал само на тоа мислам леелеле помош
Уживам во ноќта, немам страв од темнина. Имам страв од работите што живеат во темината . Сенки, чудовишта, демони, и се плашам дека може да влезат во мене па да им наштетам на луѓето кои ги сакам, или они нешто да им направат. Инаку дека мене нешто ќе ми направат не се вознемирувам нешто .
Најголем страв ми беше темното,но сега како поминуваат годините се помалце се плашам од се,и во темнината има убави работи ако сакаш да ги видиш.
Е јас многу се плашам од темнина..никад не спијам во темница.секогаш или некоја сијаличка или телевизорот си работи Посебно затоа што си замислувам разни глупости кои што сум ги прочитала или гледала...абе...
мене ми е страв од темница кога сум сама дома а кога има некој друг немам гајле (иако едно стопати светнувам со мобилен за да видам да не има некој ) најголем причинител се хорор филмовите (особено the Grudge и некои такви слични а оние со убиства или нешто сл неам гаље) песнава потполно го опишува мојот страв: http://www.youtube.com/watch?v=Nba3Tr_GLZU
Причина за страв од темнината не се во главно хорорите (како што вие ги обвинувате), туку мајките и бабите. Кога се обидувале да ве заплашат за да бидете помирни! Колку и да не верувате, колку и да мислите дека тоа е смешно, тоа е заглавено некаде внатре во вашата потсвест! Јас отсекогаш верував на овие глупости, па дури и сама ги измислувава и си ги верував, бидејки сакав да ги запознаам тие негативци, секогаш ноќе ги гасев светлата кога дење ќе направев некоја беља, па ја чекав баба рога! Но, таа никогаш не доаѓаше!
Хахаха, како мала ептен се плашев од темница, и пошто живееме во куќа на два спрата, а ВЦ-то ни е на првиот, кога навечер одев или ја викав мајка ми да ме почека, или пак ги палев сите сијалици кои ги имавме дома . А за хорор филмови да не правиме муабет. Се плашев и тоа многу посебно од вампири. Мислев дека ќе ми дојдат, па затоа секогаш после гледање филм со вампири, спијав со запалена сијалица пошто тие нели неможат да издржат на светло. Е сето тоа со тек на време помина и сега немам гајле