1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од темнина или многу повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од angel, 29 ноември 2009.

  1. lulutik

    lulutik Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Сеуште се плашам од темнината, иако сум возрасна. Сите ми се смеат, ми велат ти веќе деца ќе имаш а се палшиш од темнината. :lol: Но не буквално да паничарам, како се вели се наежувам секогаш коа сум сама дома, (кога дечко ми не е со мене) а да кажеме снемало струја, или пак прегорела сијалицата. Знаете како во оние хорор филмовите... Смешно е знам за моите години, но не е лесно, бев и кај психолог. Па, се повеќе и повеќе го преминувам стравот. :) П.С. Не се смејте! :!:
     
  2. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Порано се плашев, ама сега веќе не толку, само некогаш, кога имам тазе гледано некој хорор филм :tmi: :lol:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Немам страв,напротив обожувам да седам во полутемна просторија и обавезно спијам без ниедно уклучено светло,ми смета..А мајка ми ми има кажано дека до 5-тата година сум се плашела да спијам со угаснато светло.. :)
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Се плашам од темнина. Многу. А порано не се плашев, само кога почнавме во школо да правиме муабет за духови и слично(цел ден) ми е страв да спијам во тотална темница. И од тогаш спијам со уклучено светло во ходникот. И + секогаш сум проблем кога ќе спијам негде на друго место, нејќам во темница да спијам :tmi:
     
  5. brokenHeartgirl

    brokenHeartgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    15
    И јас многу се плашам од темница, спијам со запален светло во мојата соба инекогаш така на шала некој ако ми го изгаси светлото имам чувство како некј да ме чепка, како да ме лазат бубачки и тогаш многу паничам и почнувам да плачам. :tmi: :tmi: :tmi:
     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    И јас исто како тебе, порано ми беше страв сред бел ден, еднаш го глеав д граџ, абе до веце ми беше страв да идам :lol:
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Mногу сакам наутро кога се будам се да е темница. Оти ако не е темно во собата, се будам многу рано. А сакам да си поспивам до доцна.
    Навечер кога легнувам секогаш го оставам телевизорот на 35 минути да се исклучи. Не ми е убаво ако се е темно. Но, ако спијам со некого до мене не ми е страв.
    Не знам зошто така се чувствувам. По природа не сум плашливка. Хорори си гледам без проблем. И доцна навечер, и додека сум сама во цела куќа. :)
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Море како трчам.. Некој ден ако не се спружам на земја, еве на.
    Највеќе ми е страв, ноќеска кога ќе ми се примоча, а сите спијат-темница. Ауу...
    А тек летоска, дека заспивав во 1 саат поручек, и фактички цела ноќ ја поминував пред компјутер, а ми шушне нешто.. не дишев, стоев како заклана. И кога ќе се раздени, дури тогаш можам да одам да мочам. Какви глупости си замислувам... Па кога ќе се стрчам, а врвката од казанчето ќе ме бапне по глава.. Или се си замислувам дека има некој позади мене, до огледалото во веце.
    Навечер дури, и во влез трчам како улава. Или кога лежам во кревет, ќе ми текне на некој страшен филм, се покривам преку глава. Ги покривам нозете, рацете.. Не дозволувам да ми излезат надвор од површината на креветот. Затоа што си мислам дека некој ќе ми излезе одоздоле..
    Порано воопшто немав страв, ама одкако го изгледав филмот со Самара, таа што излегува од бунарот, мислам дека се мрднав. Па уште и паранормална активност... :sweat:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    јас немам страв од темнина ниту проблем со одењето навечер сама по улица итн за разлика од другарка ми која еднаш се враќавме од ново лисиче сами таму има една мн темна уличка и на неа од што и беше страв почна да измислува дека некој не следи ,нешто и шукаше па пчна да измислува дека некој ќе не силвуа страшно било итн но за среќа жива издрава си отиде дома сето тоа беше само нејзината психа
     
  10. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Многу. Дури претерано. Додека лежам во кревет за да заспијам, мислам дека има некој во собата. Некогаш ми се има случено да се разбудам без причина во текот на ноќта. А ме копка тоа што ми кажаа дека има 80% дека ако се разбудиш без причина некој те гледа :x
     
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    и јас имам голем страв од темнината :worried: .. кога сум сама не можам да заспијам без светло или без вклучен телевизор.. најчесто го гасам светлото бидејќи ми пречи а го пуштам она во ходникот и телевизорот.. а телевизорот на програмата на цртани, бидејќи не се знае во текот на ноќта што може да пуштат, може и некој хорор а може и некоја програми за возрасни па да влези мајка ми или татко ми и да си речат дека гледам такви работи.. со цртани сум си најсигурна :lol: исто имам и голем страв кога сите се заспани а јас сум будна, а тоа се случува често бидејќи некогаш многу тешко заспивам и тогаш барам причина некоја да разбудам некој, најчесто со - спиеш ??? ... а кога спиам со некој друг, со мајка ми и татко ми можам во целосна темнина да спијам... како мала многу пати ме плашеле бидејќи во маалово мое има многу машки а тие знаете какви се, забавно им е да плашат девојчиња.. исто и браќа ми често ме плашеле, од кои многу почесто повозрасниот кој се однесува недозреано и како дете.. хорори гледам но не такви како Самара, The Grudge, Паранормална активност и други, туку оние што јас би ги нарекла - лесни хорори, односно хорори во кои страшниот лик е човек и ништо надприродно.. така да веројатно стравовите ми се појавиле од детството и од многуте страшни приказни што ги имам слушано, а лек незнам :/
     
    На Kristina.R му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Јас не можам да спијам сама. Никако!
    Ни да живеам сама, мислам оти ова се подразбира. :D

    Дома имам луѓе полно, али еве летово некогаш чекав да си се раздени за да заспијам, бидејќи во темно не можам. Сум пробала повеќе пати и не можам.
    А изгасам светло и легнам, одма некои страшни сцени ми се појавуваат, и се потресувам. И нема спиење.

    Тоа е ако спијам сама во соба.
    Со цимерката спиеме во иста соба и немам гајле тогаш, кога имам некој до мене, не ми ни текнува на тоа, али за сама имам гооолеми проблеми. :sweat:

    Не знам од што имам ваков страв, ко мала се покривав со ќебе преку глава за да не ми е страв, али мислам дека ми од гледањето на хорори ко помала, мајка ми што гледаше (а таа само филм да е, не е битно каков, си гледа :D), и јас тоа си гледав. И после ми беше страв да одам да си легнам.

    Хорори, некои психо глупости, се оддаааамна забранети за мене! Не можам да ги поднесам, ако изгледам некој страшен, јас искрено мислам оти после тоа ќе се пореметам. :x
     
  13. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    [quote="moonlight-girl.55" [/quote]
    Со цимерката спиеме во иста соба и немам гајле тогаш, кога имам некој до мене, не ми ни текнува на тоа, али за сама имам гооолеми проблеми. :sweat: [/quote]

    Јас обратно.Ке спијам сама во темница,ама така со некој,посебно со некој кој не го знам баш како што е цимерка нема шанси да заспијам. :D :D
     
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Како мала имав многу страв од темнина па се до девет години.Дома спиев сама во мојата соба а во ходникот обавезно мораше да гори светлото бидејки многу ми беше страв.По некое време моите кога почнаа со приватна работа почнаа и повеќе пати да патуваат надвор од државата па ме оставаа кај баба ми.Се сеќавам кога за прв пат останав да спијам кај баба ми,беше запалено светлото во собата па се до дека не сум заспала.Кога сум заспала баба ми го изгаснала светлото,па по некое време сум станала па околу мене било се мрачно...и од тој ден престанав да се плашам од мрак бидејки таа ноќ некако неможев да заспијам а убаво ми беше да бидам будна и да лежам на креветот а се да биде мрак оклоу мене...
     
  15. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Јас одсекогаш сум имала страв од темнина. Кога си легнував порано откога ќе го изгаснев светлото со трчање се враќав во кревет и се покривав со ќебето преку глава зашто мислев дека чудовишта ме бркаат.

    А сега спијам со оние малите светилки што стојат на штек. Сеуште го имам стравот,но многу "поразвиен". Пред некое време сонував за едно девојче што изгледало исто како мене и живеело во мојата куќа (пред 70 год.- кога се изградила куќава), а сега секоја вечер мислам дека таа лежи под мојот кревет мртва..... Вие незнаете какво е чувството да се видите самите себе како мртви лежите под сопствениот кревет.... :(
    Инаку...
    Моментално сум сама дома и буквално се тресам додека пишувам...... Ќе заплачам!!!!!! :(

    Мразам да сум сама домаа навечеррррр!!!
     
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    немам јас страв од темнина...чудно звучи но ме испонува повеќе. Хорорите ми се навика :D
     
  17. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Од хорорите имам само истиот ден страв.Иначе од темнина ДА.Многу се плашам,особено кога сум сама или има алишта на стол.Ми се причинуваат на духови и сл.Уште ако врне или крцка нешто... :x
     
  18. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да спијам а од некаде да не доаѓа светлина. Се будам во истиот момент и ме фаќа паника. :D
     
    На Daisy.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Страв од темнина...па за сите мои 26 год не успеав да го совладам...до ден денес не сум заспала во темнина мора да има некакво светло,замислете од сон се разбудувам кога ќе снема струја и тоа и не е баш пријатно буденње туку врескање по станов...а и бај да веј плачам за во веце кога се разбудив видов дека прегорела сијалицата па го чекам татко ми да си дојде да ја промени ако не ќе мочкам по комшии :)
     
  20. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Јас и немам некој страв од темнина, не дека не се плашам ама не сум до толку плашка :D
    А да заспијам со светло или да ми свети во соба неееееееее нема шанси да заспијам така, сакам темница и тоа скроз темно во соба а и секаде :lol: