1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од темнина или многу повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од angel, 29 ноември 2009.

  1. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    И јас се плашев од темнина до пред некоја година. Секогаш спиев со запалено светло и доколку некој го изгаснеше можев да осетам во секундата, а имам длабок сон. И тогаш имав големи напади, не можев да земам воздух и тоа траеше неколку минути, часови, додека да се совземам. Одев и на психијатар во трето одделение за да го откријам коренот на мојот страв. Проблемот делумно се реши, но, само делумно. Конечно, пред некоја година самата решив дека можам да спијам во темница и бев во право. Неколку мачни ноќи се обидував да спијам така, на почетокот ми беше многу тешко, не можев ни да спијам, се покривав со ќебе. Но, како што поминуваше времето, мојот страв исчезна. А сега слободно си шетам во темница во 2,3 или 4 сатот навечер/сабајле без никаква грижа. И не, не ми е страв од хорори. Мојата мајка секогаш викаше дека треба да ми е страв од вистински луѓе, а не од филмови. И сфатив дека сето тоа е режија и немам од што да се плашам. Проблемот (сето тоа) е во главата!
     
  2. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Во суштина сите стравови се изведени од страв од непознато или од страв од смрт.
    Пробај светот да го гледаш со очи ширум отворени и со детска радозналост за да си го надминеш стравот од непознато ииииииииииииии кога тогаш мора да се соочиш со својата смртност. Кога тоа ќе го прифатиш како факт, повеќе ќе уживаш во животот и само тогаш ќе ја сватиш неговата вистинска убавина.
    И бај д веј, нема веќе да те плаши било што, ќе живееш, со полна брзина ;)
     
  3. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Многу повеќе :worried: Незнам како можам да си замислувам луѓе во темнина, ау луѓе па тоа е моќ :D
    Незнам ама многу сташно се справувам со тоа
    Ако останам сама дома навечер јас мислам дека ќе полудам, неможам да се воздржам :worried: се проверувам само влегувам од соба во соба, гледам може телевизија а не оти ќе гледам туку колку да иам некој да зборува тоа ме смирува за да мислам дека не сум сама :worried: Неможам навистина ако е наутро лесно ми е ама навечер кога е темнина :worried:
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.788
    Пол:
    Женски
    Искрено тука многу влијае психата.Јас од мала имам проблем со страв од темнина, ама мене ми беше и многу повеќе од страв.До ден денес, касно навечер кога се будам, мислам дека халуционации имам од глупите американски хорор филмови, што би рекла мајка ми.Имав па еден период после гледањето на Егзорцизмот на Емили Роуз, упорно се будев ноќе во три и нешто, и тука паники ме фаќаа,па ја викав мајка ми.Решение некое конкретно нема, треба да се надмине стравот, ама мене ете искрено тешко ми оди, единствено нешто што ми помага е да имам нешто уклучено во соба да ми свети, најчесто телевизорот и немам гајле.Последниве 3 месеци имам голем напредок, не спијам веќе со уклучен телевизор и ми го снема тој страв од темницата, не знам можеби е до мене, а можеби и е до фактот дека во последно време немам гледано ни еден хорор филм :)
     
  5. Calvin.Klein

    Calvin.Klein Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Јас порано не се плашев од ништо. Ама кога појдов во средно е од тогаш почна мојот страв од темница. Букво ми е страв да одам во вц, го будам маж ми ноќе да дојде со мене. Со. запалено свет спиеме, нема шанси да спијам дома сама. Е сега имам мал напредок ама пак имам страв се надевам дека ќе го надминам. А стравот ми доаѓа од хорор филмовите. Сега веќе не гледам такви филмови можеби и затоа малку ми се поднамали стравот. Сега штом ќе видам на телевизија програма 16+ одма мењам канал.
     
  6. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Страв во темнина или тоа што е во неа? Можеби порано се плашев многу од темнина и во секое ќоше од мојата соба имаше чудовишта, духови во огледалото, лилјаци кои се претвораат во вампири во ќошињата, убијци во плакарите и рааазни работи :devil: од кој што морав да спијам со струја имав потенциометар. Кога поскапе стујата татко ми го извади потенциометарот и стави нормално такво за палење стуја
    во моментот ми се блокира мозокот и заборавив како се вика :rofl:
    Така јас сакала или не морав да престанам да се плашам и татко ми ми го скрши стравот. Ако ви е страв може да пробате да пресанете со хорор филмовите или да се убедете дека нема ништо во темницата, мора да преминете преку стравот во вас е решението ;)
     
  7. s.a.-95

    s.a.-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    You're not scared of the dark, you're scared of what's in it.
    You're not scared of heights, you're scared of falling.
    You're not scared of the people around you, you're scared of the rejection.
    You're not scared to love, you're scared of not being loved back.
    You're not scared to let go, you're scared to accept the reality that he's gone.
    You're not scared to try again. you're just afraid of getting hurt for the same reason.


    Многу точно!
     
    На Kristina.R и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  8. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    ауу да многу се плашам од темница. дома кога сум не баш ама сама надвор да се движам по темница ма нема никакви шанси. иначе обожувам хорор филмови а од таму и стравот си знам јас ама ете сакам да си гледам па може и ќе се престрашам некогаш,којзнае
     
  9. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Јас па порано гледав сама едни емисии малце страшни и ми беше многу страв, со светло спиев цела ноќ ама еден ден се собравме другарки и земавме да гледаме хорор филм, страшен беше ама убаво си спиев после хаха :)
     
  10. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    И се плашам и не се плашам. Од вампири чудовишта и такви работи не, но се плашам од бумбари. Кај нас во станот некогаш преку лето, ноќно време излегуваат бумбари и си мислам дека ќе ме полазат ако го изгаснам телевизорот. :|
     
  11. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Не се плашам, ама кога ќе помислам на чудовишта ноќеска ми е страв.Исто така ми е страв од темнина кога сум на место на кое порано никогаш не сум била и не го познавам добро. :(
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од темнина. Всушност, ја обожавам темнината. Но тие што се плашат, се плашат дека во темнината има нешто кое тие не можат да го видат, а мислат дека може да им наштети. :)
     
  13. LoveMichelle

    LoveMichelle Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Јас страв од темнина имам откако знам за себе .Едноставно тоа е нешто многу посилно од мене и јас неможам да го контролирам тој страв.За другите е несватливо зошто толку се плашам од темница и ми се чудат.Само јас си знам колку ноќи не сум спиела поради овој страв .Кога ќе се најдам во темно едноставно во глава ми идат страшни мисли ,духови,вампири и ми се враќаат во глава хорор филмовите шо сум ги гледала. :( Се трудам да мислам на убави нешта но мојава глава секое убаво нешто веднаш го поврзува со нешто страшно.Дури и на сред бел ден само да се отвори вратата од мојата соба (да влезе некој од моите)јас срипувам :sweat: .Хорор филмовите не доаѓаат в предвид кај мене бидејќи кога гледам стравот ми се зголемува и се потешко се заборава.Досега не сум нашла решение на мојот проблем туку едноставно како минуваа годините стравот се намали (ама незначи дека го нема сеуште) ....едноставно се научив на живеам со тоа . :)
     
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Никтофобијата е многу честа појава меѓу децата, но и кај луѓето каде што не е изразен стравот од темнината туку од можни или замислени опасности скриени во неа.

    Додека некои сметаат дека ова е дело на нашиот ум и психа кои само си поигруваат со нас и нашите имагинарни стравови, јас сепак имам различно толкување на оваа фобија објаснета преку човековата еволуција.

    Имено, познат факт е дека Homo Sapiens од неговиот настанок до денес не е променет во однос на неговата градба на телото и основните сетила со кои се служи.

    Меѓутоа, пред појавата на технологијата, нашите предци постојано внимавале на предаторите кои само ги интересирало да се нахранат од човековото тело.
    А да стане овој факт уште пострашен, повеќето од овие предатори ловат ноќе - времето од денот кога луѓето се особено ранливи во однос на тоа да бидат изложени на напади поради релативно слабиот човечки вид. Ова значи дека било многу важно за нашите предци да останат безбедни во средината на ноќта. Ако не, тие ќе умрат.

    Но со текот на годините, овој ноќен страв станал инстинктивен,а ние денес го доживуваме како форма на блага вознемиреност.

    Причината зошто го чувствуваме ова како вознемиреност е поради тоа што стравот од темнината сега го изедначуваме со стравот од непознатото.
    Ние не можеме да видиме добро што има пред нас и тоа е всушност она кое длабоко не вознемирува, бидејќи нашата имагинација се се полни со најлошите можни нешта, без разлика дали се тие рационални или не.
    За луѓето од Античкиот период, ноќни стравови биле лавовите и другите предатори, а денес во градовите каде дефинитивно нема предатори кои слободно се движат, тоа се чудовиштата.

    Бидејќи не се вклучени предаторите во нашите општества во кои живееме, луѓето ги заменуваат предаторите со нешто сосема друго - имагинарни нешта.

    Инаку, јас воопшто не се плашам од темнината бидејќи ја сфаќам како нешто сосема нормално.
    Преку логичен и рационален начин разбирам дека кога во ноќта сум будна, сонцето не ја осветлува територијата од планетата Земја каде моментално се наоѓам и во тоа нема ништо страшно. Тоа е само недостаток на светлина и ништо повеќе.
    Исто така во темнината не постои нешто кое би претставувало опасност за мене и би ми го загрозило животот.
    Освен тоа, по моја волја можам кога сакам да ја вклучам вештачката светлина, доколку ми е потребна.
     
    Последна измена: 2 декември 2017