1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страгегија за интеграција на бегалците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од zhap4e, 27 јули 2017.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Во нацрт-стратегија на министерството за труд и социјална политика, се предлага интеграција на бегалците... можност дипломите да им бидат признаени, да се интегрираат на пазарот на трудот, да добијат соц. заштита, државјанство итн. Еднаш само налетав на изјава од министерката Царовска, пред неколку дена и дури сега ми текна да ја побарам. Гледам дека до 8. август има можност да се коментира нацртот. Се' уште не го прочитав додуша, но...
    Кое е вашето мислење за темата? Не е многу нова идејата. Ова, истото, веќе беше предложено од граѓански организации кои работеа (и работат) со бегалците во периодот кога имавме сериозен бран на јужната граница.
    Јас, немам негативен став за прашањето. Напротив. Не ме секираат нити економски импликации, нити стравувањата на некои од исламизација на државава. Можеби ме сеќира само нашата безбедност, од аспект, не би сакала да се претвориме во таргет зона за бомбаши-самоубијци. Што пак не е задолжително дека ќе се случи,само затоа што ќе ги примиме бегалците. Сакам да си мислам дека сме доволно мали и небитни, и нема да не приметуваат брадестите.

    http://meta.mk/ministerstvoto-za-trud-i-sotsijala-otv/

    Не знам што е пострашно во почнувањето теми во политика... тоа да нема нити еден коментар, или да има... и сите да се плукање :smirk:
     
    На JuLleE, fallenangel, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Абе од една страна во не толку завидна состојба се мигрантите,добро знаеме дека не дојдоа тука од ќеф туку дека беа принудени.
    И нив не им е лесно,ги изгубија своите домови,повеќето немаат каде да се вратат а тие што имаат не им е загарантирана безбедноста.
    Жално е на почетокот колку жртви имаше по железничките пруги кога доаѓаа наваму...
    Е сега,искрено бидејќи се работи за живи суштества т.е луѓе имам чувство на жалење кон нив,но не гледам како една мала и не толку моќна држава како нашава би можела да им помогне?
    Па Македонија нема доволно средства за парична и социјална помош,за социјални станови за загрозените матични граѓани уште помалку,а сега нешто глуми лудило да прифаќа толкава бројка на мигранти да ги згрижи и тоа за "стално".
    Не знам,ама држави со огромна моќ како една Германија или Франција не ги "задомија" а ние еве ќе трчаме народски кажано како прле пред магаре:wasntme:
     
    На Rebecca_R, Gosh, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Општо за бегалците, немам таков генерален ст(р)ав дека сите се исламисти и намерно пратени - напротив повеќето се жртви на војните и тероризмот поради радикалниот исламизам, невини луѓе за коишто секој човек со емпатија во себе ќе му дојде жал и језиво кога ќе види на нет некое видео од хоророт во тие земји, али после многумина ќе им аплаудираат на такви политичари како Трамп што би ги избркале сите...
    Anyway, и тие се луѓе, заслужуваат пристоен живот и хуман однос, не гледам негативно на стратегијава... само се согласувам со ставот дека треба приоритет во барањето трајни решенија и реформи да имаат загрозените категории на наши граѓани, од кои навистина многумина чекаат на промени од страна на министерствово - како на пример лицата со посебни потреби, бездомниците кај нас итн.
     
    На Rebecca_R, Gosh, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ама какво примање бегалци, не треба ни да се помислува на овие работи, кој е овде кадарен паметно да ги селектира? Инаку, поголема опасност има да се вселат џепчии, силеџии и слични уличари, отколку бомбаши. Тероризмот и така е контролиран, што не е случај со криминогеното однесување на индивидуи. Огромен % бегалци се психички истрауматизирани од војни, плус се длабоко религиозни, а длабоко религиозен човек е еднакво на ретрограден елемент. Кога Европа има потешкотии да интегрира и воспита такви, овде ќе биде урнебес.

    Секако дека постојат безопасни бегалци кои само бараат подобар живот, ама мкд не е место за нив, ниту може да им го пружи, ниту може да ги одвои од оние другите.

    Се надевам дека стратегијава е стварно ради реда изработена, а и дека доселениците не покажуваат интерес за живеење на оваа територија (иако, ако биде решено да останат, нив никој нема да ги праша)
     
    Последна измена: 28 јули 2017
  5. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Останаа бегалци кај нас?
    Јас се мислам дека Европа продолжија сите.
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека опозицијата безвезе пушта патки. Ама, ОК, никогаш не се знае.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Стотици илјади поминаа, стотици загинаа по пруги и патишта низ РМ и колку останаа за сето ова време? Бројката е 1. И со букви - ЕДЕН. Или една поточно, која се омажила за антички цајкан-православен :devil:

    РМ е толку јако место за живот што ниту паштунски избеглици од планините на Афганистан каде што тоалет имаат видено на слика само и особи од разрушени градови низ Сирија не би останале да живеат тука. Пазете, лик од Судан не ја смета РМ како апгрејд на животот за да остане тука :devil:

    Не сериозно, ќе се вработат во дебилмајер или ван хол и ќе плаќаат кирија и сметки со 200 евра?
    Или конобари може. Жените во шивачница.

    Ова се оние ископај дупка и закопај ја бирократски сфаќања на поимот работа. Стратегија :D
    А од мвро, мора да се пласираат нови бабароги, вчера беа тирански платформи (remember anyone) после договори со Бугарија, сега ископале некоја "стратегија", утре ќе биде нешто десетто.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Во право сте. И двајцата. Јас сум претставник на злите сили на опозицијата :devil: и не само што сум дооообро инфилтрирана на фемина, пред некој ден, кога милата Мила - министерката, даваше изјава за становите, за вработувањето, remember? Не го видовте? Пу јазк! Да ја побарате изјавата, google it. Оти уствари не е Мила Царовска. It was me!:devil: И јас, стратегијава им ја подметнав на веб страната на министерство. Толку се прости што уште немаат приметено дека стои таму:devil: Ама тоа е така оти и магија им фрлив, да гледаат, ама да не догледуваат:devil:
     
    На Aquamarine93, fallenangel, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Едно време Цацко беше крив за се,сега Грујо е крив за се:rofl:(facepalm)
     
    На Lianna Anna и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Па стратегијава е некако добра. Ние матичните си одиме други доаѓаат. Така и ние среќни и Македонија полна со народ 8)
     
    На SexiLy, daylight, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Што знам, сега се опоравуваме од тиранската платформа, одвај чекам да се населат па може ќе се подобри од вас и нема да крадат од сирачиња.

    http://makfax.com.mk/investigative-story/видео-каде-завршувале-парите-од-донац/
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Од мене ли Ружо. Ејгиди. Ако си ти сдсмовец, не сме сите ВМРО. Аман. Не запаѓај толку во теории на заговор. Остави го тоа на вмроните. Тиранска платформа е во друга тема. Тука, ако си ја прочитал стратегијта, сакаш да дадеш коментар, бујрум. Не ти одговара стратегијата и сакаш да кажеш дека не е предлог на владата? Твој проблем. Ама да се правиш дека е моја измислица... молим ти се. Ништо поразличен од ВМРО ботовите не си. Ништо.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не бе, најсериозно крадете од сирачиња, од уста на најранливи категории, не ради тоа што сте мврофци или сдсофци него ради нешто друго, на друго место се крие причината за вашиот арамилак.
    Но тоа не е битно, сеа коа ќе има инвазија на избеглици на кои ќе им даваат станови и работа :worried:

    Може да се кладиме, наведи износ и временска рамка во која ќе се доселат бегалците.:) Пишува нешто на сајтот или што кажува министарката?
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    А тебе ти е као проблем ако се интегрираат „избеглиците“ во државата? Тоа ли ти е мака? Ако им се даде шанса?
    Во моментот се разговара на темата. Стратегијата не е во сила,нацрт е. И оваа тема треба да е за тоа. :) Никој никаде јас не видов да дискутираше за некакви бројки. Ако имаш предвид на паники на курирци и слични за бегалски кампови со 100.000 бегалци...тоа ан друго место. Ова е друга тема. Имаш став за дали би требало МК да им понуди таква опција? Оти, ВМРовсите паники за исламизации и дека ќе осиромаши државата... ама ич не ме занимаат. Нити твоите паники од ВМРОвски спинови.
    Јас немам проблем да за мал дел од тие бегалци се обезбеди можност да се интегрираат. Ако постои таква потреба и ако ние можеме да одговоримена тој начин. Немам проблем да им се признаат дипломите и соодветно, за она што се квалификувани да работат. Имаш нешто против тоа? :) Имам против бегалски кампови. Оти се нехумани. Оти чинат многу, а не нудат ништо убаво :) Оти за мене, тие бегалци не се џепчии и силувачи и гадинки. :) Имаш нешто против? Мене темата со бегалците, не ми е „сега прочитав на курир“. Не биди СДСМорон! Идејата постоеше од претходно. И ок ми е што е ставена на маса за разгледување. Да, се слагам со луѓето од погоре... треба прво за нашите. Ама мене ме интересираат и овие.Имаш нешто против?

    И викаш, „моите“ краделе пари од донации? И мене никој не ме известил? Никој ни евро не ми дал? Донеси ми сираче од чија уста јас сум зела и украла. :) Не туку ми се разбацувај со булшит муабети кои упорно ги фураш на форумов и упорно ти се дозволува. :)
     
    На JuLleE, Aquamarine93, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ова е тема драпај си извесен дел од физиономија, потполно бесцелна, уште една во низата "страшни" ситуации кои демнеат зад секој агол, изведена од бирократско џаболебарство (стратегии, иницијативи, конференции) со цел да се егзистира на државна цицка, демек нешто се работи, ништо повеќе ништо помалку.
    Мвровските паники се исти или слични со твојава тема, непосточеки проблеми со непостоечки решенија.

    Исто би било да се започне муабет за вонземјани, дали е во ред да се населат во прататковината на Хунзите, иста е шансата да се случи тоа како и да се населат тука бегалци.
    Нема никаква реална основа за сето тоа, може да продолжиме со поинтересни дилеми не само за паштуните него и за емигрантите од космичката војна помеѓу зета ретикуланците и венеријанците кои ќе добиваат станови и работа.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Не знам некогаш дали да се загрижам за твоето психичко здравје и да побарам помош во твое име од професионалци, или само да продолжам да се смеам.:D
    A твоето дремење по политичкиве теми, како би го дефинирал?:D Од министерството на вистината те праќаат? :D Повеќе ли плаќаат? :D Кажи да се префрлам.
    Туку, дај, иди прошетај од темава. :D Посвети се на еднонасочна комуникација со вмровските ботови. Со нив...верувам дека по ти оди комуникацијата. Нивото ви е тоа. :D Conspiracy theory. Тие сте.:bandit:
     
    На Aquamarine93 и Rama им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не бе, најсериозно, додека се краде од устата на сираци - насекаде се дроби за договори со бугарија, платформи, бегалци, нек се занимава раја со нешто.
    Не се грижи, чувај си ги емоциите за на подобро место, ваљда има особи во реален живот на кои може да ги употребиш а не на рандом виртуелен лик, мене ми е пример совршено сеедно за тебе, дали ќе живееш или ќе умреш уште утре, неописливо сеедно :)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    you just hurt my feelings. ;(
    Te спречува ли тебе некој да почнеш една таква многу битна тема за кој ги крадел донациите? Оти не почнеш? :) Што те спречува? Тргни се од курир. Јас не ги читам, тој ги чита и се паничи. Треба и самиот да си свесен дека не се добри за здравјето.
    You see VMRO(death) people everywhere. Take it easy. (fingers)
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    @zhap4e
    Ајде да се коментира само тоа тебе што ти се допаѓа, ама требало тогаш муабетот да си остане по дома, не на форум.

    Нова тема специјално да не треба да отвори и да има дупли теми за бегалци...

    Не, само што претпостави дека куп од нив може да бидат терористи и дека заради тоа си загрижена за „нашата“ безбедност :D Инаку, не беше Црна Ружа, туку јас пишав нешто слично по однос џепчии, иако до душе гадинки никаде не спомнав, но ок.
    Патем, убаво нагласив дека не се сите бегалци такви... ама кој си мисли дека нема воопшто такви меѓу бегалците, не знам... Што раја ќе беа па сите ангелчиња, просто да не ти се верува дека земале да се колат меѓу себе во војна...

    Тие би имале проблем и против, затоа што не сакаат да останат тука. Поголема група од нив би се доселила во мкд, единствено во краен случај да не ги примат на друго место, а ако не ги примаат, не ќе да се од тие фините и едуцираните, туку ќе да се маса луѓе, погодно гласачко тело за некоја од партиите која цели кон власт. Слично како што се употребуваат гласовите на Ромите. БТВ, после успешна интеграција на Ромите во општествово, идеме на некст левел ;(


    Вистината е дека да добиеја тие чувари на националните интереси заповед за распределување мигранти, беспоговорно ќе ја послушаа. Ама и влада се промени, а таква команда никако да дојде, оти постои само во нивните теории на заговор.
     
    На Yowannty и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Извини, а јас некаде реков што мене ми се сака да се коментира? Не. Ама е тема. Јас ја отворив и е конкретна. И не е за Платформата, бугарскиот договор ... и не е ВМРО и не сум јас предмет на дискусија. ИЛи треба да бидам? :) Оти коментари за мене каква сум.. по дома, sjdgo или во ЛП ќе си разменувате со Ружата.
    И.. да не треба да ви се извинам што отворив небитна според вас тема? Да му се извинам на драгана Ружа, кому, не му е гајле ако умрам денеска или утре.. што ВМРО краделе од сирачињата? really?
    Оти нова тема? Ти си остави твој коментар..како ти гледаш на бегалците. И не ти реплицирав де на тој. Твое си е тоа. Јас реплицирам на муабетот со кој Ружа инсинуира дека јас, пратеник од ВМРО, отварам тука тема за бегалците и ширам паника за опасноста која демне од зад аголот.

    Малку си влезе у филм тука:D ама дозволено е. Те прифатило од Ружа. Ти си силна мома,знам. Такви стравови ти немаш. Тебе џепчиите те мачат и плашат.:D

    Јас не реков дека ти или Ружа рече:D џепчии е инспирација од тебе, точно. Јас обожавам зборови и зборот ми е убав:D без оглед на лошото значење:D So sue me, што во иста реченица го ставив твојот збор со „гадинки“, исто мој омилен збор. :)
    И точно, не рече ти дека сите се такви...не реков ни јас дека ти рече тоа, нити пак јас реков дека бегалците се терористи,ама ете:D ти го поврза. :D

    И да, не се сите ангелчиња. Далеку се од тоа. И? Што точно дискутираме во моментов, што е поентата на препискава? :D

    Точно, не сакаат да останат тука. И јас ги гледав оние изјави како сите се упатени кон Германија и не би сакале во ниедна од земјите тука во регионов да останат ;( оти сме сиромашни и заработуваме многу малку ;( [/user]