Страгегија за интеграција на бегалците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од zhap4e, 27 јули 2017.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.200
    Пол:
    Женски
    Ама ако отвори тема, не значи дека треба да се правдаш или дека треба да се побара дозвола од тебе во која конотација да биде мислење. Пред да почнеш да исмејуваш, цел мвро-муабет беше насочен кон веста, никој не се осврна на членката-автор (на тебе). Можеби требало темата да ја започнеш во друга категорија ако имаш хуманистички пристап кон прашањето. Членот има поинаков и се изјасни оти смета дека вмро манипулира и ја заплашува рајата која 90% не ги сака мигрантите во државава и дека нема за што да се дискутира. Не кажа он никаде дека има негативен став кон бегалците, туку ти моето мислење го искористи за да разговараш со него како тој да го испратил (плус највеќе ме поттикна демек од твоја страна хуманост, а на другата страна дискриминаторство кон мигрантите) и затоа се мешам јас у преписката, настрана што бев прво цитирана од тебе. Можеби сте се закачале на друго место, па сега тука расчистуваш, ама сеедно, без потреба настапуваш дефанзивно.

    Дали сум јас силна, не е предмет на дискусија, иако, сум спомнала и порано дека не се плашам од тероризам, а и не дека мигрантски џепчии и силеџии ми го земаат сонот, само, секојдневието во светот многу повеќе го реметат такви случаи, отколку бомбашите од кои паничат медиумите. А по некоја логика, мене не треба да ме интересира безбедноста во мкд, бидејќи во иднина не треба да биде моја, туку нечија туѓа, ваша. Ама јбг, општествена свест.
     
    На Yowannty и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Имам јас хуманистички пристап кон темата, точно. И тој хуманистички пристап е изразен во првото мислење. Темата е за во политика. Оти е тема за политики на владата. Благодарам за твојата корекција,сепак.
    Членот нема став за темата бегалци. Тој не изрази став за бегалците и нацрт-стратегијата, тој искажа мислење дека целава тема е завера... нешто слично ко и ти. ВМРО ја заплашува јавноста точно. Но нацрт-стратегијата стои на страницата на МТСП. Не ја ставив јас. И стратегијава и темата не е измислица, уште помалку е новитет. Стратегијава е продолжение на она што МТСП го имало зацртано во претходната стратегија 2008-2015. Што толку паники за ВМРОвските патки, стварно не ми е јасно? Излегува министерка, кажува... објаснуваат од МТСП дека е отворена за предлози до 8ми...ви се остава линк до сајтот на МТСП ве носи: документот директно, дури и сами да ја побарате на МТСП сајтот ќе ја најдете и... патка е, паники и страв е.
    Не е проблем темава. Проблемот е кога упорно во се барате теории на заговор. Едноставно не сте ја виделе изјавата и едноставно ве мрзело да кликнете на линкот. И океј е. Оти и мене ме мрзеше синоќа да ја исчитам. Дури денеска читав.
    И, во што точно се сомневавте и се сомневате? Во текстот на Мета? Мета како медиум го проблематизирате? Знаете кој е и како е финансиран медиумот? :)
    А јас, не сум се чепкала со членот во други теми па тука да му се реванширам. Членот кон мене се обрати, не кон Мета. Членот смета дека јас сум ВМРО и од ВМРо ме праќаат да ширам невистини и паники за владата. Ама ако сум грешка, а не сум оти се гледа по неговите реакции... ќе му се извинам. Мада, извинување нему не му е битно. :doh: Да не се лажеме што сте мислеле и како :)
     
    Последна измена: 28 јули 2017
    На Abeja, Lianna Anna, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.200
    Пол:
    Женски
    @zhap4e, па баш во линкот од Мета кој си го постирала е објавена реакција од страна на владата каде се отфрла тенденциозното ширење страв :D А не знам јас каде се појавиле веста и стравот прво, не следам портали.

    Ти почна да се оградуваш и браниш, иако не беше нападната in the first place.

    Не те коригирам, легитимно е и поставување на темата тука, ама не можеш да не очекуваш вмро коментари на политичка тема. Па велам, ако толку те нервираат, требало темата да ја отвориш понастрана од Политика.

    И не се работи за теорија на заговор или паника кога ќе се каже дека вмро спинува и го манипулира јавното мислење :D Конкретно во случајов е претпоставка.

    Ете, си отвори тема за интеграција на бегалците и пишувај си за тоа. Има ли подобар начин да докажеш дека не те праќа вмро ако некој се сомнева?
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.833
    Допаѓања:
    173.254
    Пол:
    Женски
    Зошто бе @zhap4e нарекуваш морон одреден член :) .. не ти личи, ти си барем смирена личност.. :)

    Во однос на темава, јас сум против прифаќање на евентуални кандидати за азил и нивна интеграција во општеството.

    Изучувајќи ја структурата на исламската држава и други радикални групи и нивното дејствување (за проектна ми беше, да не ме направите луда:rofl:) си донесов свој заклучок дека најпаметно е лица кои што биле на било каков начин во контакт со било која радикална група, макар и да "бегале" од нив, треба да се држат подалеку од границите на земјава.
    Подобро да спречиме, отколку да лечиме отпосле. А штетите не сте ни свесни од какви размери можат да бидат. Македонија и онака е дувло за размножување на радикалци..
    Можам до утре да пишувам за нив, сепак не се тема на дискусија, а накратко моето мислење е такво какво што е и тешко дека ќе се смени во следниве 100год..
     
    На Rainman, Yowannty, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Во право си. Не ме личи да ги користам зборовите на личноста - вмрони,прилагодени во негов стил :) Треба смирено да оставам членот упорно да пишува и да пишува... и да се промакнуваат сите негови работи низ форумов...и никако да биде чепнат.:) Следен пат. Денеска не беше тој ден. Ама нели, од устата на сираците земам па... ништо чудно да и така реагирам, Даст :) Членот претпоставувам не ти смета? Пошто,очекувано е тоа од него и скроз во ред. :) Јас да се корегирам само и се ќе е во ред со форумов :)
    едит: можеби треба да се престане да реагира и очекува смирени да сме ние смирените, и да се реагира кај несмирените. Ама они се потешки за справување претпоставувам. Ако. :)
     
    Последна измена: 28 јули 2017
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе им ги признаат дипломите и ќе добијат државјанство. А кај ќе работат?

    Па знае ли новава влада колкав е процентот на невработеност меѓу младите? Речиси и да нема дефицитарна струка, на пазарот на трудот има само понуда ама не и порарувачка на труд од сограѓаните наши, а они "цртаат" планови туѓинци да ги добијат местата на нашиот пазар на труд. Сериозно?

    Социјална заштита да добијат? А знае ли новата влада колкав број на нејзини граѓани не примаат социјална помош? Ве интересира зошто? Поради добивка од 100 денари на игра на среќа.
    Ви текнува кога имаше отпишување на долговите за струја? Семејство кое едвај спојува крај со крај има имот некаде во планините, кај што ни волците не одат, а површината на тој имот ја надминува дозволената квадратура за отпишување на долгот. Образложение: тие можат да го продадат или издаваат имотот и така да го платат долгот.
     
    На Rainman, Sanjichka007, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.833
    Допаѓања:
    173.254
    Пол:
    Женски
    Мене никој не ми смета на форумов :)

    А за се останато постои опција - пријави :)
    Ќе дојде @RainBow и ќе замети. Нема потреба да се навредуваме..
    Членот си е познат по таков речник и често мислењата му се избришани, така да сметав дека не доликува нивото....сепак мислам дека знаеш јас што мислев :)
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Не ја разгледав стратегијата во целост и не знам дали воопшто на друго место пишува оти оскудни информации има за темата..не очекував дека гугл ништо не ќе пронајде,дури нити изјавата на министерката,сеедно никогаш не зборувала за ова.:) Или јас сум изгубила сенс за гуглање на работи.
    Ама,ете, :) претпоставувам дека (ваљда) фокусот би бил на дефицитарни кадри. Само претпоставка. :) Такви имаме, оти такви ја напуштаат Македонија. Правници и економисти...преку глава им е на сите од нив до степен што ми беше жал кога пред некое време ги слушав на вести средношколците како сакале да се запишат на правен или на економски бидејќи... :) (и јас сум од тие).

    Што дека имаме висока стапка на невработеност ако секој од тие невработени е од општествени дејности, :) а на пазарот на трудот му требаат информатичари пример ,од конкретен профил и тие со конкретен профил... си одат од тука или си работат преку нет за странски компании. :) Медицинарите си одаат... оти им е прелесно на многумина да аплицираат во Германија и да си најдат работа :) итн. Не дека нема невработени и од овие. Не дека пазарот не ќе се засити и од нив. :) (грото огласи на најдиработа се за луѓе од информатика секторот, социјални медиуми... Се друго е за продавачи, за кол центри, за секретарски работи...
    Експеримент ,личен.... аплицираш за р'мбачка работа и шансите да те викнат на интервју, :) веднаш штом пратиш биогарфија,дури и да немаш искуство се огромни. Дури и се огромни да ја добиеш работата :) )


    Претходната влада... оние од АВРМ,всушност, редовно држеа говори како денес има 80.000 (лупам) отворени работни места и нема работници, нејќат да работат луѓето. :) Можда ете, за овие работи кои нашите нејќат да ги работат,демек..ќе се најде некој Авган што ќе ги работи. Они се потешки за интегрирање оти се претежно необразовани,пресиромашни и доаѓаат од рурални места :) без многу поинакво искуство освен аргатска работа - ниви и градежништво. Сиријците се друга приказна :) со поинаков статус се и образование.

    @Dust, ко прво, не биди СДСМорон, не е нарекување некого морон. Него е повик некој да не е тоа што упорно го труби за ВМРоните. :) Ама, до утре сабајле ќе се објаснуваме и не ќе се разбереме за ова. А доволно се уништи темата да не осеќам потреба и со тебе да се објаснувам. :) Баш ради една твоја реакција скоро во други теми. :) Не треба тебе да ти смета некој на форумов,лично. Треба да ги чистиш тие коментари и напади... да ги спречуваш. А не мене да ме корегираш и прекоруваш ко мало дете. :)
     
    Последна измена: 28 јули 2017
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Јас сум против оваа стратегија и се надевам дека нема да се примени. Колку што се сеќавам Германија се залагаше за овие бегалци велејќи дека ќе ги примат, ќе им обезбедат живеалишта и работни места. И зошто наеднаш се предомислија? „Немале капацитети“ :rofl: Епа се знаеше дека Германија нема да ги прифати, а целта е овие бегалци да се населат на регионов (кај нас и соседните земји). Зошто да им се обезбедат 100 згради, работни места и државјанства за полесно да се исламизира државава и да бидеме мета на терористички напади?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Можно ли е СДСМ да дојдат на власт барем еднаш а да не испокакаат ваква глупост што ке има трајни последици врз државата?

    Прво мислев дека е спин на ВМРО-вците информацијата за после да видам на профилот на министерката Цароска дека навистина жената бара идеи како да се сместат бегалците. Штетите од ова се огромни
    - европа ке дава пари за нив една година после ке бидат на наш грб
    - не си прајте филмви дека ке работат тука, тие и во Германија не се одени да работат, едноставно сакаат да си живеат на грбот на државата
    -тоа ке се емигранти вратени од Германија, значи европа ке си ги одбере нормалните на нас ке ни ги пушти деликвентите
    -за безбедноста муабет да не правиме, прашајте некој што живее во голем град во Германија која е разликата во безбедноста откако се населија баткиве
    -ние не сме во ЕУ, нема зошто нивните лоши политики да ги трпиме
    -исто не си прајте филмови и дека ке си одат од тука, ако имале тие друг избор немало ни да дојдат
    - добри луге се??? и јас сум добра ете, но ако преживеам војна во која сум изгубила се, не верувам дека моралните вредности ке ми останат исти


    И да, за мене хранењето бегалци од кои пола ке се терористи е исто како крадење од сирачиња, наместо парите на министерството да одат за домот и за тие кои им е потребно ние тука ке финансираме џихадисти.

    За исламизацијата воопшто не ми е проблем дали ке имало исламизација. Финтата е што дечките што ке дојдат дел од нив ке се од оној радикален ислам на ИСИС, а тие ако ни влезат тука нема да има бел ден ни за Македонци ни за Албанци ни за никој, ништо не им е свето на таа стока , освен наредбите од америка.
     
    На christinnn, Rainman, Aquamarine93 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Рипаблик оф Макаронија ги реши сите внатрешни проблеми. Се намали стапката на сиромаштија, се вработи дефицитарниот кадар кој го има речиси од сите факултети низ земјава. Се отворија работни места, се покачија платите, сега како развиена земја уште да го решевме проблемот со мигрантите по европски терк и на добар пат сме.
    Кој циркус од држава сме, не знаеш дали е ова трагично, комично... што ли е?

    Вакви “реформаторски“ политики не ни се потребни. Ама сите знаеме кој диктира вакви правила и чиј протекторат реално сме. :tmi:
     
    На Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.645
    Допаѓања:
    140.752
    germanija.jpg


    Видете во Гарманија лани што се се случило од мигранти. Треба да е некој ненормален да им направи кампови тука. Французите им ги палеа.
     
    На Lianna Anna, carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.221
    Пол:
    Женски
    Искрено не гледам како една држава во која голем дел од матичниот народ тоне на работ на егзистенцијата би помогнала на мигрантите. :^) Жалосно е и за нив, нормално дека и тие се луѓе и дека заслужуваат некаде да живеат мирен и пристоен живот ама дефинитивно сметам дека нашата држава не е таа која може да им помогне. Покрај толку внатрешни нерешени проблеми мислам дека последното нешто што можеме да си го дозволиме е да обезбедуваме живеалишта и работни позиции за нив.
     
    На Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Само нека се осуди предавникот марионетка да ги прими овде бегалците дома нека си ги прими и нека си ги издржува. Ние не сме должни ни одговорни за нивната ситуација. Нивните држави беа моќни и убави, се заради нафтата му ги испустија, нека си бараат од сад и англија одговорност таму да си ги земат а не овде да ти ги распоредуваат како ние да мораме социјално да ги прифатиме. Не чувствувам жал за нив туку за нас, оти сме глупи и сите си играт како сакат со нас. Ела појди некаде македонче нека те примат така лесно во некоја држава, ако си работноспособен и пак ке чекаш години за да ти дадат државјанство, какво социјално. Па што сме ние да ги земаме кај нас, од кои пари да ги обезбедиме, од нашите... Срамота е ова најдобрите кадри си ги избркавме од државата за бегалци да обезбедуваме
     
    На kikikikirika, Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  15. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Ниедна од арапските земји полни со нафта(и пари) не прима бегалци. Сте слушнале Саудиска Арабија, Катар, Обединети Арапски Емирати и остало нафтено друштво да прима мигранти? Не, а зошто? Зашто ги знаат какви лежилебови се. На Турција за џабе ли и ветија толку бенефиции преклани ако задржи што повеќе мигранти?
    Наши млади ќе одат во странство , а на овие ќе им градиме згради и ќе им даваме работа? Е тек тогаш ако не ни пукне филмот, не знам кога. Баталете тоа мирољубивоста и филантропија, таа багра нека оди кај сака само не тука.
     
    На christinnn, fallenangel, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/strategija_begalci.pdf

    "Стратегијата" била изработена во Декември 2008. И немала никаква правна важност, како што кажав пред извесно време на темава класично бирократско млатење празна слама за да се стекне дојам дека ете...се работи нешто, да не се цитирам сега сам со моите пророчки прецизни писанија :devil:
    Којзнае кој бил на власт тогаш. И којзнае зошто токму сега почнаа да трубат околу неа, откако поминаа сите бранови на бегалци одамна. Можеби ради локални избори, сеење параноја much?

    Дакле испадна како што реков.

    @zhap4e може е моја грешка што изреагирав како да си сендвич, тоа беше погрешно од моја страна, но со тоа што си наседнала на мвр-офска патка сериозно делуваше дека си таква особа :D Не ти е безвеза што поверува во спинот? Е така коа не слушате што кажуваме ние секташите.

    Памет во глава и не наседнувајте нареден пат. Пример сеа пред локални кога вонземјани платени од Сорос ќе прават зулуми низ Мариово...сетете се дека во Црна Ружа членуваат рационални и крајно логично доследни особи :devil:
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Ружо бе, таа е истечена и се продолжува со овој нацрт...нацрт ама: http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/strategii/Стратегија за интеграција на бегалци конвер 2017.pdf
    :D кој е продолжение на тоа што работеле претходните. Дури и имаш во овој нов нацрт... на 9та итн стр. што било сработено од претходниците :D остави ти ВМРО и нивните спинови и паники. Јас ги ингорнирам нив. За шака бегалци проблем не правам. ]:)
    Слабо следам вести, па не знам што се новостите на темата. И што рекле ВМРО што демантирале СДСМ. :D
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    http://makfax.com.mk/daily-news/мтсп-лажна-вест-е-дека-ќе-се-градат-ста/

    Наредна епизода ќе биде увоз на Зомби од Хаити кои ќе ја променат демографската структура во библиската земја :devil:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    На zhap4e, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.786
    Допаѓања:
    323.712