1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странец во полн свет или полн свет со странци?

Дискусија во 'Психологија' започната од innablood, 15 мај 2011.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Дали вие сте се нашле во ситуација да сте во средина во која не припаѓате, како некој странец кој е загубен во просторот и времето или пак спротивно, имате луѓе кои ви се поблиски од кога и да е, а сепак се промениле, не само кон вас туку и кон другите, не ги препознавате, тие за вас се како странци?

    Што мислите за едната и другата ситуација?
    Како би постапиле?
    Дали би се потрудиле да се промените вие или да ги промените тие околу вас по секоја цена за да не ги изгубите или би ‘кренале раце‘ од нив?
     
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Уф би рекла странец во полн свет.. ама кога ке размислам подобро сакам нив да ги сменам не себе(себе си се сакам ваква каква што сум :lol: ) па подобро да го одберам второво полн свет со странци ;)
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека не постои жив човек кој некогаш не се почувствувал како странец всушност луѓето се на некој начин скоро секогаш и скоро никогаш сами и делумно недофатливи за себе и за другите, значи делумни странци. Ајм а ливинг елиан - пееше Стинг и ту лонли пипл ви вр стрејнџерс ин д најт - Синатра - и пипл аре стрејнџ вен јуар стрејнџр фејсис лук агли вен јуар алоун - Дорс.

    Околу менувањето сакам креативни промени, меѓутоа за одредени нешта сум крута и неискоренлива како пиреј - значи селективна сум кон промените. Сепак мислам дека не би ја преминала границата на менување во која би почувствувала како губам дел од идентитетот.
    Дали би пробала да променам некого - не, само добронамерно би сугерирала, бидејќи секој одлучува да промени нешто кај себе кога ќе е спремен за промена. Не сакам ултиматуми од типот „мораш да го направиш тоа и тоа или...„ :^) нити да поставувам ни да исполнувам. Тоа не е кревање раце, туку оставање простор да ја почувствува човек сам потребата од промената, бидејќи форсирањето е лоша тактика.
     
    На heart.stealer и Magnolija им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Штом го видов насловот од темата се сетив на Дорс и токму стихот што го напишала Теодора.
    И нема како а да не се согласам со тоа - кога јас на луѓето околу себе си гледам како на странци, ги чувствувам како странци, без оглед што можеби со нив се познавам од најраните години од својот живот, тогаш дефинитивно и тие мене така ме гледаат. Значи нешто во нашиот однос се променило.
    И покрај тоа што во животот секогаш се случуваат промени, запознаваш нови луѓе, склопуваш нови пријателства, мене искрено ми е жал за многу од моите пријателства кое во едни поинакви времиња беа сравнети на ниво на крвно сродство, што би се рекло, за подоцна да паднат на првиот испит штом секоја од нас тргна во поинакви насоки. Немаше потреба тоа да се случи, но по се изгледа не било се така добро, како што сум мислела во младоста.
    Па да, го осетив тоа како е твоите најдобри пријатели за тебе да станат непознати личности со кои нити ти имаш што да им кажеш нити пак тие и поминувате едвам еден час на кафе, во кој што час повеќе се услушувате во туѓите муабети и музиката во кафичот одошто нешто разговарате. Од друга страна пак запознав луѓе кои ги видов прв пат во својот живот, а кон кои веднаш почувствував таква поврзаност сеедно истите биле во мојот живот отсекогаш. Тие луѓе и покрај тоа што не ги гледам често, макар што некои од нив ги гледам еднаш годишно поради нашата одалеченост, моментите кога се среќаваме се сеедно ја немало таа пауза од година дена, сеедно вчера последно сме биле на кафе во студентски или сме се смееле на синхронизираните на бугарски јазик серии од Пријатели.
     
    На vinozito1, sesilija, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Жапче , си ми ги зела зборовите :D

    Ма не сум јас странец ,јас си се однесувам најчовечки и најприродно, онака како што сум замислила едно утописко човеко понашање ,ама тие , тиеее луѓишта кои се менуваат поскоро отколку што си ги менуваат ѓаќите ,тие се странци овде на планетава.

    Како векови да поминале од нашето последно видување ,некогаш блиските другарки сега немаме што да си кажеме, ми се вадат со полагања и немање време за на кафе, кога ќе ги прашам Што има ново тие - Аххх, па се е ново ..Не знам од кај да почнам...

    Од кај да почнат?
    Од почетокот на крајот на нивното детство , од одвраќањето од помислата дека ако напукале 20 и некоја година мора да се однесуваат сериозно и да им отпеат Вечна му памјат на шегите ,од основното ниво на свеста и свесните постапки до неговото/нивното надградување ,од желбата да се сака и да се биде сакан, безрезервно и беспоштедно.
    Да излезат на сонце да им се стопли студенилото кое исминативе две - три години им дало смрзнатини веќе од трет степен на нивните срца и чувства ...

    Е оттаму да почнат !
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    секој се има најдено во таква ситуација
     
  7. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Викаат- да го зачуваш идентитетот во свет каде секој сака да те смени е нешто најтешко.
    Сум се почувствувала и како странец во полн свет но и обратната верзија. Најважно е во тие моменти да запомниш кој си ти, и да знаеш дека секогаш ќе се најде некој што се чувствува како тебе.
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Полн свет со странци. Тие можеби не се смениле, но сигурно е дека глумат нешто. Под “нешто“ мислам на појака личност. Не ми се допаѓа опшеството во кое живееме. Каде никој не може да те прифати таква како што си, или пак стравот дека нема да те прифати ќе те смени во очите на јавноста. Имаш норма, правило како најакиот/најаката изгледа и се што е подоле од тоа е ништо? Ти мислиш дека ги знаеш, но всушност немаш везе. Тоа некаква маска за остатокот од светот, за самата личност да се прикаже во поубаво светло. Кратко и јасно, тоа се странци. И јас живеам, делам атмосверски воздух со странци, и затоа сум во свет полн со странци. Само не ми е јасно: што ако те сакаат за тоа што не си? Дали се чувствуваш поисполнето, позадоволно од себеси ако те сакаат за некој што не си? Тотална мистерија за мене..
     
  9. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Уф, колку пати само. јас сум странецот. Сум се родила на погрешно место, не сум јас крива. :P
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Е добро да беа странци , него овие се од друга галаксија !!!

    Не дека сите се исти и да не дојдам сеа како да ги мразам луѓево тие ми згрешиле за се во животов ама , да бе многу чуден народов . Како сите лоши карактеристики да се собрани во одредени створенија кои за жал не ќе да се малку . Не дека имам кој знае какво искуство , зошто немам ни години доволно за да судам . Ама доволно искуство за да ја осетам климава , и не ми се свиѓа . Со текот на времето гледаш кои игри се играат , на каков начин , со која цел . И имаш две опции - Ќе бегаш од истоте или ќе станеш како нив зошто трети нема :!: . Колку и да се трудиш да бидеш свој да се понашаш онака како што ти си нивното присуство ќе те гуши . Ем полека ем сигурно ...
    И неретко гледам и сваќам абе јас не сум ваква ?! Абе до мене е ? А не ми се менува ама ич .

    И туркав некое време со такви во моја околина и видов дека ми настанува проблем . Јас сум ин да мидл оф новер , и неам поима дали сеа јас грешам или тие . Се одалечив на сите можни начини , решив да подразмислам и барав луѓе на моја фрекфенција . Таквите моментално што ги имам се малку , ама се мои ама ми се по ќејф . И сега не сум едниствениот странец , ги има неколку да меѓусебе се тешиме :D се надеваме дека еден ден ќе добиеме виза . Па ќе му ја здувнеме од тука , до тогаш ќе се чудиме и понатаму и ќе се прашуваме дали тие залутале или ние ? !
     
  11. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    да,ке да е првото, од кога се омажив у село а ја бев од град сосема друга средина и неможам да се прилагодам овде а веке сум 6 години у селово :envy: и ако кажеш некој подобар совет од другиот или ако знаеш нешто поише одма те гледаат на страна |( и баш сум како странец овде :(
     
  12. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Старнецот сум јас...а светот ми е толку голем...некогаш се чувствувам како мравка покрај сите луѓе
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    јас секоаш сум се чуствувала како да не припаѓам, ама баш целиот мој живот затоа би рекла странец во полн свет
     
  14. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    често се чуствувам како странец во полн свет бидејки сакам да сум изолирана од другите луѓе и нивните ''мислења'' . и убаво ми е :D
     
  15. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Сум се осетила и на двата начина...

    :D
     
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    И едното и другото! Кога ќе погледнам околу себе, се прашувам каде сум? Кога ќе ги погледнам луѓето, се прашувам кои се тие? Иако се наоѓам во сопстевната куќа, иако до мене се моите најблиски, но наеднаш како да не ги позанвам... Како тоа да не се моите пријатели... Тоа празно чувство на бескрајни погледи, прашања необјаснети, кои се тие кај ги одвеле моите приајтели? :o Но, после некое време се сеќаваме на минатото, на нашите стари денови, на нашите глупости и смеи, па си велам во себе: Добро е, тоа се моите пријатели, не се преправени вонземјани! :lol:
     
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум се нашла и во двете ситуации,но не по моја вина...
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Јас сум странецот, уште пореално степскиот волк. :)

    Оваа симптоматика се појави уште на мои 5 години кога сфатив дека децата околу мене се групираат, се имитираат и се лажат едни со други само за да бидат прифатени од сите. Уште од тогаш првенствена човечка карактеристика ми беше искреноста, а откако се издвоив од дома и почнав да одам во забавиште видов дека постои и нешто поразлично од овој поим.

    - мајка ми е крива бидејќи постојано ми викаше каренин ќере не ме лажи, кажи дали си изеде се? :D -

    Никогаш не сум сакала да гледам луѓе кои наликуваат еден на друг како јајце на јајце. Сакам различитост, сакам луѓе кои размислуваат самите за себе и не се плашат да ги кажат тие размисли.

    Диференцијалност пред се! Да за изграден карактер а не за човек имитатор!

    Сакам луѓе кои го мислат тоа што го зборуваат и го зборуваат тоа што го помислуваат.
    Ми се гади од оние кои лажат само и само за да освојат повеќе поени и да мислат дека се подобри од другите. Отсекогаш сум верувала дека подобро е еден да ме љуби поради самата јас - целосната јас со сите мани, отколку да ја љубат таа некоја чудна невистинита јас.

    Е сега комплициран е овој живот. Честопати кога искрено ќе му кажам некому нешто - а тоа нешто не може секогаш да е позитивно нешто нели - тој почнува да ме напаѓа и да се брани, па да збира сојузници со кои оди против мене бидејќи мисли дека јас му претставувам закана. А единствено нешто што јас сакам да направам е да му укажам дека живее лажлив живот. Ама не им фаќа мозочето.

    И така тоа е една толпа преваранти против мене и често се одвиваа умствени борби невидени. Сега пробувам да сум чил и да не ме интересираат многу многу таквите многубројни вештачки лица.

    Среќна сум со овие неколку кои се до мене и ме сакаат.
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Јас сум странецот. Но, немам ништо против тоа.
     
  20. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Па бидејки сите сте странци сепак доаѓаме до заклучок -полн свет со странци. :D