Стрес

Дискусија во 'Психологија' започната од Meggy, 13 јануари 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.956
    Тоа што ви се случува е резултат на анксиозност.Имате цела тема за тоа во категоријата здравствени проблеми.
     
  2. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    103
    Најмногу стрес чувстувам кога одам на заболекар а знам дека ќе ме боли оти не сум била подолго време и кога седам во чекална се трудам да мислам на нешто друго,,,,,ама кога ќе влезам кога ќе го осетам мирисот аааа.....
    Или пред правење на писмемна,ау каков стрес :D
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    333
    Се почесто се јавува во брзиот начин на живот .. Со емотивниот стрес се јавуваат и конкретни манифестации, како чукање на срцето, сува уста, болка во желудникот.. Менталниот стрес секогаш има и физичка страана.. Всушост тие појави се одговор на стресот - нагон на телото да се бори или д а избега од опасноста.. Помалку е познато дека хроничниот непријатен стрес, кој го сметаме за нормален, може да предизвика болки кои никогаш не би им ги препуштиле на емоциите ..

    Многу луѓе кои што се под стрес не се свесни зошто се лути или исплашени. Според некои статистики и проценти, половина од пациентите што одат на лекар поради разни болки, всушност преку таа физичка болка изразуваат ментален стрес.

    Изворот на болка предизвикана од стрес е во мозокот, кој кога сме под притисок ослободува картизол, адреналин и други хормони кои го подготвуваат телото за акција, така што ја забрзуваат работата на срцето, го зголемуваат крвниот притисок и го забрзувааат дишењето .. Исто така овие хормони предизвикуваат напнатост во мускулите, а тоа можеда предизвика болка и да ги иритира нервите.. Стресот ги погодува скоро сите делови од телото, некои помалку некои повеќе, и притоа се јавуваат најмногу болки во грбот, рамената, вратот, главоболки..

    Намалувањето на болката е само половина од работата. Се` додека не го опуштите умот, болката ќе се враќа..
    Кога работата ќе излезе надвор од контрола, запрашајте се дали сте единствените што можете да ја завршите таа задача. Дали рокот што ви е даден да ја извршите истата е доволен и неодложен? Ако ова често ви се случува, пак , запрашајте се дали можеби прифаќате работа која ги надминува вашите можности..
    Ако често ви се случува како мислите дека ќе полудите од луѓето околу вас, веројатно тие така влијаат и врз останатите. Меѓутоа запрашајте се и за вашето однесување.. можеби и вие некого полудувате..

    Стрес не предизвикува само брзањето.. до него доаѓа и поради незадоволството. ЗЗапрашајте се дали нешто ви недостига во животот.. Пријатели? Забава? Поттик? Обидете се да го надоместите тоа што го немате ..
     
  4. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    66
    Можеби прашањето не е за овде ама ве молам за одговор. Го сменив местот на живеење и сега премногу ми недостига една личност, премногу. Плус, тргнав во ново училиште каде што искрено се надевам дека ќе си најдам друштво, одсекогаш сум имала луѓе околу себе па ова ми дојде како шок, наеднаш сама. Ќе ве молам да ми кажете како да се справам со носталгијата?
    Благодарам
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Јас мислам дека е нормално да имаш носталгија, незнам колку години си, но сепак менувањето на место на живеење и училиште доста влијае психички врз самата личност. Затоа мислам дека треба да се помириш со ситуацијата, и да бидеш она што си, па така и да си најдеш ново друштво и во ова училиште. Во мегувреме оние со кои си се дружела може да продолжите да го одржувате дружењето, па дури и да се гледате ако сеуште сте во ист град. А во врска со личноста, ако премногу ти недостига можеш да оствариш некаков контакт и да се гледате. Е сега малку и треба да појасниш, која е личноста дали контактиравте претходно, дали станува збор за одење во друг град или држава или пак само населба и сл.... за да може и полесно да те разбереме и советуваме. :)
     
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.533
    Пол:
    Женски
    Бидејќи гледам дека одамна не е многу активна оваа тема, се надевам дека ке наидамна некаков одговор. Имам 18 години, матуранта сум, и имам огромен проблем со стресот. Нема момент да не сум под стрес во паника, нервозна, не се сеќавам кога последен пат сум била опуштена. Стресот ми ја одзема среќата, немам волја за комуникација, па дури и кога разговарам , со некој бидејќи очајнички барам помош ,изгледам многу себично бидејќи јас сум таа што постојано зборува, а тоа на некој начин ми помага да се олеснам.На вечер сепомалку спијам, се почесто ми се случува да го повишувам тонот на гласот, да плачам од нерви па макар и за најбнални работи. КАко човек сум многу амбициозна и добро сум организирана, ама како постојано да сум во трка со времето. Најстрашно е што на моменти отрпнувам и се опуштам отповеќе и сум дури ко изгубена, не ме интересират ни обврски ни ништо, едноставно ме нема на овој свет. таа небалансираност, придонесе и за мојот неконтинуиран апетит некогаш се прејадувам, некогаш по цел ден не можам залајк в уста да ставам. Многу учам и тоа редовно ама секогаш има нешто + за учење заработа, професорите ми се станати непријатели бидејќи се претвотени во луѓе кои ми го крадат онака малкуто време што ми останало. не сум перфекционист, ниту завидливка ни љубоморна, ниту егоцентрична, само имам огромен проблем со стресов. и навечер сонувам само како трчам и сум во паника и како ништо не можам да тигнам да направам а секој нешто бара од мене. се обидувам да се опуштам со музика, солежење во тишина, со прошетки, со топла купка, ма никако не можам да си ги контролирам грижите. сум испробала повеќе методи од типот почни од најлесното, немој да паничиш, напиши список на хартија на обврски и чртај ги штом ги завршиш. не седам скоро воопшто накомпјутер или пак пред делевизор ниту по кафичи , бидејќи немам време. се надевам дека ке ми понудите некакво решение, фала ви од напред. :)
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.557
    Стресот некако е составен дел од животот, најчесто кај мене е поврзан со натрупани обврски, а недостаток на време, понекогаш и со незадоволство од начинот на кој се одвива нешто, а немам јас конкретно доволно моќ да го променам, а не можам да го избегнам, понатаму стрес при соочување со некои фобии (некои видови инсекти,земјотрес,височини,брзо возење и др.).

    Во однос на работните обврски пристапувам кон план за организација на обврските со конкретни цели и рокови исто и кога бев студент си зацртував колку стр. пример од испитот треба да учам тој ден и гледам да имам ако не 100% тогаш барем висок процент на реализација,се задоволувам со се‘ над 85%,со тоа што наредните денови брзо ќе го елиминирам заостанувањето. Кај фобиите гледам да се соочам или да го избегнам предизвикувачот на истата или да влијаам ако можам некако на условите, барем да ги минимизирам ако ништо друго.

    Ги имам оние вообичаени стрес-симптоми болки во вратот,грбот и рамената,стомачни болки,извесна анксиозност и поблага тахикардија понекогаш.

    Со стресот се борам со опуштање пуштам одреден тип на музика која ме релаксира (пр.Enya),се капам со гелови и купки кои се производи со анти-стрес ароматерапија,палам мирисни стапчиња,јадам благо,гледам да имам барем 6 до 7 саати сон-мислам на ноќен сон,сето ова ми ги ублажува негативните стрес-елементи.

    Некаде читав некоја статија како луѓето кои се почесто под стрес развиле посоодветни механизми за прифаќање и справување со истиот и се на некој начин поотпорни кон оваа појава,додека оние кои биле како под стаклено ѕвоно т.е.скоро воопшто не изложени на стрес многу потешко го поднесуваат и со многу покобни последици.
     
  8. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    45
    и јас сум постојано под стрес најчесто кога имам многу за учење а неможам ништо да запамтам и кога имам уште еден куп обврски, од стресот најчесто се ослободувам со вежбање пилатес мене ова стварно ми помага исто така правам и мали прошетки за да си ги разбистрам мислите
     
  9. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Незнам и не сакам многу да зборувам на оваа тема.
    Многу се нервирам, посебно кога имам многу за учење, исто како и MoDeRnA, но кај мене нервозата, стресот, напнатоста се само додека учам, а кога веќе одам на тест си слушам музика.
    Кога сум под стрес, прво гледам да се смирам зошто сум многу избувлива, после бројам на француски и англиски до десет, после бројам на македонски овци барем до кај педесет и после кога ќе се смирам почнувам да размислувам што губам, а што добивам со тоа што се нервирам и запаѓам во депресии.
    Ако не ми помогнат ни овчичките знам да почнам да боксирам на перница и најчесто тоа помага.
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.293
    Стрес- колку сакаш. Барем јас сум таква личност. А уште полошо е што го собирам во себе и ми влијае од потсвеста.
    Најмногу го мразам оној стрес од љубовни причини- по цело време се оптеретувам: зошто? каде е проблемот? грешка? каде е принцот? итн итн
    Поради тој стрес ми се случува и да западнам во депресија, да немам воља за ништо и да се предадам на меланхонијата.
    На мене стресно влијаат и деновите кога одам на лекарска контрола поради претходните здравствени проблеми. Не можам да ви опишам како реагирам, навистина сум како избезумена. Ми се потат дланките, ми зујат уши- дефинитивно лошо.
    Е стрес на поле факултет не чувствувам. Без разлика дали ќе паднам или положам, си го прифаќам тоа така како што е ;)
     
  11. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Стрес имам многу често преку училишната година. Најмногу го имам кога правиме многу тестови. Кога сум под стрес јадам еднаш на ден, повраќам, ги грицкам ноктите :worried:
     
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    За мене стрес се премногу обврски во кратко време, колоквиуми, караници со најблиските.
    Од стресот се ослободувам со гледање на некое релаксирачко филмче, прошетки во природа, излегување и муабети со друштвото.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.704
    Постојано се соочувам со стресот и тоа ми е дел од секојдневието. Обврски, проблеми дома, проблеми во љубовта и во друштвото, финансии... сето тоа кај мене допринесува да сум постојано под стрес. Порано кога бев под стрес грицкав нокти, ама за среќа се ослободив од таа грозна навика. Сега кога сум под стрес слушам релаксирачка музика, излегувам надвор и се обидувам што помалку да мислам на тоа што ми се случува.
     
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.320
    Луѓето што ме навредиле, личностите што ги губам, кога ке дојде до некоја искра со родителите, напнатоста и исчекувањето на работите ми приредуваат стрес.

    Стресот ми се манифестира со нарушување на исхраната, болки во пределот на стомакот, болки во главата, нарушен сон..

    Како се смирувам?
    Немам некоја тактика, сето тоа ми трае денови и денови и дури после некое време кога ке дојдам до некоја ‘свест‘ се мавам од ѕид :headbang: затоа што сум ги поминала тие денови залудно. Можеби ете некако ме смирува и помирување со ситуацијата и дека со тоа не можам ништо да сторам, ама сепак времето ми го лечи стресот.
     
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    879
    Пол:
    Женски
    Како и многу од вас, секојдневно се соочувам со разни стресови:кога ќе ме изнервира некој од друштво, кога треба да правам тест или кога треба да имам некој јавен настап...Во такви моменти се чувствувам многу лошо...Но, во последно време кога се нервирам за нешто, си ја пуштам песнава:
    http://www.youtube.com/watch?v=xMGOvoXBIGY
    и многу ме опушта 8)
     
  16. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    Здраво вака два месеца сум со страв дека ќе умрам нешто лошо ќе ми се деси нема кој да ми ги гледа децата, се тоа ми е мислата немам сила за ништо по нозете ми мине како струја ми трпнат нозете, раце кога одам сета сила да ми е во нозете не знам што да правам како да се изборам со оваа страшна состојба па од време на време ми идат мисли да си направам нешто и не знам пијам само хелекс, депрозелот ми е јак, а имам само 20 годиним како да се справам со оваа состојба, ве молам за помош
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.866
    stres

    Смирувачите на страна, и измешај се во друштво, ке видиш дека секој ден вреди да се живее, а не да стравуваме што може да ни се случи.
    Можеш и психијатар да посетиш, нема тука ништо страшно.
    Секое добро
     
  18. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    stres

    bev na p sihijatar mi prepisaa helex ideprozel ama deprozelot mi e jak segas me macat bnozete sto mi trpnat i sto mi mine kak struja pio niv neznam dali moze i toa da epovrzano so stresot
     
  19. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    stres

    bev na p sihijatar mi prepisaa helex ideprozel ama deprozelot mi e jak segas me macat bnozete sto mi trpnat i sto mi mine kak struja pio niv neznam dali moze i toa da epovrzano so stresot
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.866
    stres

    Со стресот на прво место, ама ти влијаат и лековите на цел нервен систем.