Стресот е реакција, шок на новонастанатата ситуација. Треба да се најде начин да се канализира за да не те убие.
Јас под стрес,разбирам збир од настани кои доаѓаат неочекувано и се најчесто негативно ,незадоволство од работа, финансии, социјален живот, љубов. Најчесто ако се случат повеќе настани одеднаш е тогаш веќе прегорен си. Па доаѓаат депресии, анксиозности и нз шо. Мене најчест издувен вентил ми е плачењето и псоле сум ко нова.
Фино разбрано, ама до пола. Секој неочекуван настан или голема пресвртница е стрес. Имаше некоја табела негде, ме мрзи да ја барам, ама отприлика вака беше. Големи стресни настани: - смрт на блиска личност - преселба - нова работа - развод И незнам што уште. Во основа секој неочекуван настан, и не толку круцијален како овие погоре, предизвикува стрес пошто те исфрла од вообичаената рутина. И да, дури и децата го доживуваат, вчера ќерка ми вечерта плачеше, оти им ја смениле воспитачката и уште незнам која друга рутина Убава тема, зачудувачки како е празна, да помисли човек сите во зен живеат.
Стресот се јавува кога личноста под дејство на надворешни влијанија, предизвици, не може да одговори соодветно на истите, односно ги надминува нејзините композиторни механизми за справување со стресните ситуации што резултира со стрес.
Наидов на брз и краток стрес тест. Мене ми излезе дека сум со повисоко ниво на стрес од нормалното. 19/41 Повелете линк: https://razgovormk.typeform.com/to/ACxq6kuk
Да прашам дали од стресни ситуации се менува структурата на лицето? Поточно еве во некој лош период сум ии кожата на лицето од комбинирана/нормална ми стана премногу сува некако иритирана повеќе би кажала...
Вашето ниво на стрес е 9 од 41 Добро се носевте со стресот во изминатиот месец. Можеби со многу малку работа на себе ќе дојдете до целосно спојкство. Висок ми се гледа резултатов. Јас не се чувствувам стресирано ни толку.
Можеш да пробаш со апчиња на природна база Белмиран Дан и Лунерба во аптека ги има,можат и без рецепта да се купат.
Јас стресови имам доживеано уште од многу мала. Но вистински научив да се справувам со стрес кога почнав да работам. Таква беше работата стресна, со многу контакти со луѓе, со многу различни карактери и секојдневни случувања, буквално 8-10 часа под притисок, работев и смени од 12 часа и на почеток се ми беше премногу, но навикнав и ми стана полесно. Стресовите во животот се многу поинакви од оние на работа, но сепак слично се решава. На работа кога имав стресни ситуации од мене се бараше да останам присебна, културна и љубезна, а исто така и да најдам дискретно решение. Во животот во многуте стресни ситуации немало кој да ме насочи и да ми каже што треба да направам, но слично е. Седнуваш, се смируваш, размислуваш и бираш од неколкуте алтернативи што би било најпогодно за дадената ситуација.
Цело време сум под стрес и воопшто не е лесно. Секој повик, секое излегвање посебно сега со пандемијата ми е стресно. Забележувам и кога седам, мијам, шетам рамената ми се стегнати. Чудно ми е чувството ако некогаш се почувствувам опуштено. Лек незнам ама мора нешто да се менува.
25 од 41 јас Иначе од стресот си накачив херпес симплекс и ми остана така малку како потсетник на раката.Цели две недели имав, пола тело јбг...