1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрес

Дискусија во 'Психологија' започната од Meggy, 13 јануари 2010.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Да и јас сум го приметила истото.
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас себореја добивам од срес па ми се лупи лицето кај носот, веѓите, на скалпот исто имам себореја, на градите.
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Во последниве неколку месеци сум константно под стрес . Се поправив ненормално многу , косата ми паѓа како луда .. Знам , телото ми реагира на овој начин кога сум под стрес .

    Уф , се надевам дека за брзо ќе заврши , инаку ќе останам без коса ..
     
  4. Lunar

    Lunar Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Откако сум со бебе постојано сум под стрес и хронично ненаспана и кога ќе спијам не можам да спијам затоа што се мислам за бебче дали ми диши и само го проверувам ;( се мислам дали да посетам психолог за ова но нема кој да ми го чува бебенцето;(
     
  5. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    8.849
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е бебето? На почеток скоро сите сме такви, посебно со прво дете, дека неискусни. Јас и ненаспана, па и кога плачеше син ми и јас со него у дует, маж ми арно не скрена првите три месеца (facepalm)
    Да знаеш и хормоните додека се средат такви сме на почеток, ако си во можност посети си психолог и земај Б6 витамин.
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Ауу , јас колку мака си имав со првото :worried: . Имам генетска маана , мојот организам не произведува млеко што би го нахранило бебето ( има неколку капки , но далеку од доволно , генетски велам , затоа што ниту мајка ми имала ниту пак сестра ми имаше млеко за внук ми ) .. Јас осеќав дека немам млеко , и постојано го кажував тоа , и на педијатарот и на маж ми и на свекрва ми . Е сега , онаа педијатарот што е во болница кај бебињата , упорно ме убедуваше дека имам млеко , ја убеди и свекрва ми , а таа пак го убеди маж ми . Ме носеа по баби на измолзување , купив и пумпа , и не , џабе . Цел ден се измолзував за 60 мл млеко . Цел ден . Од утро до мрак . И повторно не ми веруваа . На крај завршив на операција на градите , од премногу влечење , ми отекле и тие малку жлезди што лачеле млеко по 2 капки и ми се створил колострум ( мастит ) , по што мораше да се оперирам . Дури тогаш маж ми се свести дека навистина ја зборувам вистината и веднаш и рече на свекрва ми дека нема да дојам , ќе купува млеко секој ден ако треба , само да не се мачам .

    Од тој ден , уште две други родив , свекрва ми не ми спомна доење . Дури сама ми купи таблети за прекинување на она минимално количество на млеко .

    Ама и мртви и живи видов со првото дете . Ми се уништија и градите непотребно .

    Зарем јас сум луда ако имам млеко да не дојам ? Да тврдам дека немам , и наместо да му купувам облека и се друго на бебето , да давам толку пари за прашок ? Ама ај , оди докажи . Толку ноќи непроспиени минав , мислам од тука ми почнаа сите проблеми со опаѓањето на косата и дебелеењето . Толку имам плачено .. бебе плаче за млеко , јас со него оти немам , а приморана бев да го дојам , иако знам дека нема .

    П . С . За среќа , тој период е веќе во минатото . Првото дете порасна , ете го спремам за второ одделение .. ама за жал последиците од тие стресови тек доаѓаат .
     
    На elimkd и SummerGirl12 им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Девојки јас во последно има денови кога сум под стрес и уплашена.Ме плашат работи што не треба.Иначе сум бремена.Значи се плашам од се пази се од ова од она се со цел да не му наштетам на бебето.Искрено место да уживам јас се тресам.Пазам што јадам и од после ако ме фати некоја мисла се стресвам оти сум го јадела тоа.Се плашам од инсекто бубачки и сл да не не дај боже ме касне некоја и да му наштетам на бебето ....Се некако само мислење и стравови.Некогаш успевам да се опуштам ама некогап тешко ми оди....Хаос како да си помогнам??
     
    На Kalina J. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    Многу е тешко кога се има психички проблеми, а родителот тоа не го сфаќа сериозно. ;(
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    7.731
    Пол:
    Женски
    SummerGirl однапред се извинувам за долгиот одговор. Ваљда ќе помогне..
    Претпоставувам дека ти е прва бременост и за прв пат искусуваш како е да си родител. Но, и да не е така, ваквите емоции и секирации не се необични за време на бременоста. Стануваш одговорна за нечиј друг живот и здравје, така да нормално е да се почуствуваш уплашено и позагрижена за своето физичко здравје од вообичаеното. И тоа е ок, зошто на тој начин ќе бидеш мотивирана да следиш препораки од доктори, да одиш на конторла редовно, да пиеш, јадеш се што треба и сл. Не е ок кога стравот и грижата се толку големи што те спречуваат да функционираш нормално во секојдневниот живот.
    Прво, би сакала да се успокоиш од мислата дека на бебето нешто му недостига физички кога е во тебе.
    Мајка природа направила чудо од женското тело кога го проектирала :D . Бебето е толку добро заштитено во тебе и се што му е потребно му е обезбедно и тоа честопати без твоја свесна контрола, дури и подобро е обскрбено него ли кога ќе се роди. Ако има потреба од нешто, ќе си го повлече од твоето тело. Попрво на тебе ќе ти недостига витамин или минерал, него ли на неговото тело. (Уствари затоа и се пијат суплементи, за да имаш доволно и за себе, и за бебето). Истотака, многу твои и негови системи го штитат од надворешни влијанија, особено од убод од инсекти. Освен ако не си многу алергична на некој инсект, нема опасност за бебето од такви убоди. Фала Богу и веројатноста за заразни болести од комарци не е голема кај нас, не живееме во тропски предели... Доволно е да се следат препораките на докторите и да се внимава на основните работи во врска со здравјето за да се избегнат болести и компликации во тек на бременоста. Ако и се случи да се разболе трудницата, битно е да не се паничи. Не секогаш тоа ќе има и штетни последици за бебето. Посебно ако си под лекарски надзор. Ако (далеку било) и се случи такво нешто (сепак девет месеци се во прашање), нема потреба да чуствуваш вина во такви ситуации. И мајката е само човек, не е семоќна и не може да држи се под контрола. Тоа е мислам и она битно што треба да го имаш во предвид:
    - Не е возможно да имаш се под контрола и тоа е во ред. Работите ќе врват и без твојата контрола. -
    Не ме сфаќај погрешно, ама најверојатно истите грижи ќе ги имаш и кога ќе се роди детето, со тоа што фокусот тогаш ќе се премести од твоето тело/здравје на неговото. И како ќе расте понатака, грижата и стравот не исчезнуваат. Затоа мораш да научиш да се „носиш“ со таквите мисли и емоции, односно да работиш на нив и да ги разрешиш.
    Второ, сите твои емоции предизвикуваат низа реакции во твоето тело (хемиски, невролошки и сл.) кои твоето дете ги прима преку крвта и преку плацентата, а кога ќе му се развијат доволно неговите сетилата и преку нив. Според поновите истражувања, бебињата во матката на мајката се способни да учат со условување. Тоа е еден од поедноставните облици на учење при кое ако после една дразба секогаш следува друга и тоа се повторува извесно време, организмот научува наместо да реагира на втората дразба, да реагира уште при појава на првата. На пр. Да речеме дека бебето секогаш после забрзаното срцебиење на мајката (која се доживува страв) добива наплив на адреналин и шеќер во себе преку крвта и заради тоа бебчето се раздвижува, прета и сл. и дека тоа често се повторува т.е мајката често доживува силна негативна емоција. По некое време детето ќе се раздвижува уште при првите знаци на забрзан пулс кај мајката (не нужно предизвикано од страв), и тоа уште пред да има наплив на адреналин во него. (Многу често ова е и причина зашто кога нервозна мајка држи бебе колку и да се труди да не ги покажува своите емоции, бебето е и самото нервозно или плачливо - навикнато е на нејзиниот срцев ритам кој го слушало со месеци во матката). Обиди се од тие причини да го ограничиш непотребниот стрес и претераните секирации. За некои нешта врз кои немаш воопшто контрола или имаат скоро никаква веројатност да се случат, едноставно не вреди да си го уништуваш својот раат, а со тоа и мирот на бебето.
    Ти препорачувам да ја прочиташ „Што да очекуваш кога очекуваш“. Мене информираноста многу ми помогна низ бременоста и пораѓајот. Кога знаев зошто нештата се случуваат се чуствував како да имам повеќе контрола врз нештата, колку и да било тоа реално.
    Истотака, вежби за дишење, за релаксација би ти биле од корист. Користи време за релаксација колку можеш повеќе, после пораѓај ќе го немаш баш доволно :D.
    Децата јас би рекла доаѓаат низ нас, но не се од нас.
     
    На ForeverYoung, Annahope и SummerGirl12 им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    7.731
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема родител кој не го правел ова кога првпат добил дете.
    Лично и тоа малку време што спиев со првото дете, беше секогаш лесен сон, речиси секогаш свесна за звуците во собата, ритамот на дишење и шушкањето.
    Со време како што ќе расте детето ама и како што ќе стекнувате доверба во своите родителски способности, така ќе проаѓа и ова.
    Може ќе звучам сурово, ама вистината е дека континуирано спиење 8+ саати, како пред детето, со години нема да имаш :D. Кога ќе е поголемо ќе стануваш за шишенце, па за чаша вода, па да провериш дали не се испотило/отскрило, па имало кошмар, дур се свртиш, ете го чекаш да се врати од искачање до ниедно време:D
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Скрос си во право и ти благодарам за овој совет.Се ми е јасно ама кога ќе ме фати период на загриженост се заборавам.....Многу убав совет од тебе премногу ти благодарам...Знам дека многу работи не зависат од мене и знам дека џабе се мислам и секирам ама ете.Иначе прва бременост. ;*
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Кои лекови ги користите кога сте под стрес? Ако сте користеле некои јаки лекови за стрес, кажете ве молам.
     
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Vidi od apteka nesto zemi na bilna baza. Nemoj odma na hemija. Ili nekoj caj neka ti preporacaat.
     
    На NoirSerpentine и tel-ef им се допаѓа ова.
  14. Suhan

    Suhan Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Ima li nekoj da me gusnee..ili da si se gusnam sama ..:hug:
     
    На snuff, Mia-K и GirlLove им се допаѓа ова.
  15. Gringo99

    Gringo99 Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Машки
    Еве јас :hug::*
     
    На Suhan му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    За истото прашање и јас сум дојдена. Дали сте задоволни од суплементи, витамини во период кога сте биле константно под стрес, мислам така на мал стрес, ама постојано. Повеќе би го кажала како постојана напната ситуација. Се исцрпувам со работа, плус на самото тоа напната ситуација поради приватни причини и си го осеќам нервниот систем како исцрпен. Почнав со редовно вежабање и многу ми помага, социјализација со позитивни луѓе исто така, исхраната ми е доста избалансирана.

    Ама поради долги години постојан стрес, се чувствувам едноставно малку исцрпено. И после неколку напорни дена на работа, многу потешко се враќам во нормала, за разлика од порано. Приметив дека кога сум пиела чаеви како кантарион, валеријана, одреден период, доста ми помагало. Е сега размислував да си земам некој суплемент, вака барем месец дена да си го потхранам нервниот систем и свратив во темава да прашам дали сте биле задоволни од некој што сте го конзумирале или некој ваш близок.

    Отворив на сајтот на Зегин, чисто онака да разгледам што производи имаат, а може да размислам и за опција билни чаеви, ама првин да се распрашам и да одлучам што да земам. Би платила и поскапо, само вака нервите да си ги одморам и да си ги подстабилизирам, дека дури и од малку замор потешко се враќам во нормално функционирање без да се осеќам преморена. И се е тоа како последица на долг временски период изложеност на голем стрес во минатото. Помина сега тоа, ама ми остана да си го потхранам нервниот систем и да се достабилизирам. Затоа феминки ако имате некој суплемент од кој сте задоволни вака и што сте го користеле, ќе ве молам да споделите овде. Sharing is caring :f:
     
    На BossGirl123 и tel-ef им се допаѓа ова.
  17. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Stress management од Pharma vital. Целосно се на природна база и не ствараат зависност. Јас кога сум во стресен период ги користам и ми помагаат.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Да не мислиш на оние Stress relief --- work-life balance? И фала за предлогов (y), ќе ги пробам.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Да за нив. Искрено, не знам дали има некои контраиндикации тоа најубаво во аптека да си прашаш ама знам дека се на природна база и нема такви нус ефекти како кај класичните таблети за смирување.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.061
    Дали и вие имате чувствителен орган,што највеќе ви реагира на стрес?
    Стресот најмногу на тој орган ви се одразува,најмногу тоа место реагира...пример:стомак,желудник,срце...Ме разбирате што сакам да кажам:?:
    И како се справувате со ситуацијата?