Сноу а помага ли веке на појавените стрии бидејки јас на стомакот имам колку малиот прст сшироки стрии и дури и на нозете до под колена ми се имаат појавено и тие многу дебели сакам да се намали видливоста и да не одам како калугерка.Повеке не ми се појавуваат тие ми се од бременоста од пред година време ај ако можеш пиши и цена и точно како се вика производот.позз
^да да, тоа и е за веќе појавени стрии...мене ми избледеа. Ама треба упорност и редовно мачкање. Знам дека е напорно, ама дејствува.
А што пари леле јас сум како некоја изорана нива со бразди на ништо не личам се гадам самата од себе ко се погледнам.
Јас користев Lea Mamma на фитофарм ама не приметив подобрување.Пред 3 дена си зедов Babylove Mama и е доста мрсно,но рано е уште за да кажам резултати.Ќе ве известам после месец дена како иде.
Имам две-три бледи стрии на стомакот кои не ми сметаат многу,ама сепак нервираат...почнав да ги мачкам со еден маст од алое вера и ептен ми избледија и ептен малку се познаваат
Daj devojki kazete nekoja mast maslo krema bilo sto za stari strii Jas imam na zadnikot mi se imaat napraveno vo sredno koga naglo oslabiv Nemozam da se podnesam poveke pocnuvaat da mi smetaat! Izvinete za lat.
лелее забележав дека ми се појавиле неколку линии малечки стрии на ногата назад мн е грозно знам дека е последица на тоа што се здебелив 3-4 кила а престанав да вежбам,така да од утре почнувам со вежби
Имам од пред 2-3 години стари, и тоа многу, и на градите и на спојлерите и на рамениците, среќа што на долниот дел (нозе и задник) немам ништо и дека секој ден се мачкам со лосион не ми се ни појавуваат нови.Стариве иако избледени па се познаваат, нема чаре ни од креми ни од бакрачи, единствено со ласерски третман би ги снемало.
Здраво феминки Имам 14 години и пред некој ден на левата нога забележав некои мали бледи линии. Кога ги стиснав ми изгледаа како да се стрии, па да ве прашам дали е можно да имам стрии на 14 години. Се немам ни здебелено ни ослабено последниве неколку месеци, ја имам истата тежина од летото.
Позитивни коментари имам прочитано (вклучително и на друг мк форум) за овој препарат. Дали некој го има употребувано? Кај нас не се продава, па планирам да го набавам од страна за проба (надеж ).
Не знам дали го има, но според листата од официјалната страна странава го нема ниту таму. А еве и овде на форумов било прокоментирано за истово масло. Сакам да го пробам бидејќи е доста пофалено, само прво да ми го донесат и да бидам упорна во употребата.