и мене рацете и стапалата ми се секогаш ладни,а дечко ми па ко ќумбе е на лето ја го ладам а на зима тој ме топли
И јас ке ви се придружам во кланот на ладни нозе и раце.И јас сум замрзната лето зима и знам цело лето да го поминам со чорапи на нозете.А и многу пати ми се случувало кога случајно мојата рака или дел од раката ке допри нечија друга (туѓа)обично на свадба или во некоја гужва и следи коментарот леле па ти колку си била ладна.Некогаш се замислувам да не не е нешто во ред со мене али некогаш и не ми е гајле.Вереникот ми е како кварцна така да ми прија неговата топлина.Не имало многу ладнички.
и јас имам ладни раце и нозе...дури рацете може да ми бидат жива вода испотени а сепак ладни,малку повеќе поработив на тоа и дознав дека проблемот е во периферна циркулација баш таа која е на рацете и нозете.и доколку се вежбаат и се работе со нив тој проблем може да исчезне ама јас тоа го имам уште од мала така да тешко поминува.
Девојки не се секирајте... не сте слушнале оти велат дека ако имате ладни раце и нозе љубовта ќе ви биде топла? Постарите кај мене така велат, оти и јас нон стоп сум со ладни дланки и стапала, нема врска дали е зима или лето... проблемот е во периферната циркулација, а тој што напишал дека се јавува кај високите луѓе - нема врска тоа со висината. Траен лек нема, но движете се повеќе, правете купки за нозе со морска сол, масажи, а освен тоа - да си најдете некој што ќе ве грее во ладните зимски ноќи
И мене ова ми се случува секогаш рацете и нозете ми се камен ладни дури и надвор да е 40 степени Ми рекоја дека е поради не добра циркулација на крвта лек не знам ама исто така ми рекоја дека тие што имаат студени стапала и дланки се мн добри во кревет
Имам многу студени дланки и стапала. Дури и со зголемена физичка активност не сум почувствувала подобрување. Не ми е некој особен проблем, сепак знам дека има врска со циркулацијата. Единствено овој гел од Бјути Шоп го открив сосем случајно, јас го купив за намалување на отоци и уморни стапала, ама испадна дека го загрева местото, така што за студени стапала е супер. Цената е пристапна. За дланките уште не сум нашла решение. Зимно време дури и со два пара ракавици, се' уште ми се мраз ледени.
и јас се среќавам со истиот проблем , и мене рацете речиси секогаш ми се ладни. Но имам слушнато дека на оние луѓе кои им се ладни рацете се подобри во кревет за разлика од останатите...
Летно време мене не ми се ладни ни раце ни стопала, али зимно и раце и нозе.. Ај рацете не до толку, али нозете мраз.. И неможам никогаш да заспијам со ладни нозе, мора да ми се топли за да фатам сон Еве за сите кои имаат ладни нозе што да прават, и јас го правам истото =) - Пред спиење, или кога и да сакате, ке ги измиете со топла вода нозете, ако сакате и држете ги у топла вода, само да се згрејат убаво, и после одма лупнете чорапи одозгора, и под кебе одма, а и немора.. Така јас правам и ми се задржува топлината и супер ми е ) позз до сите
Слаба циркулација...најчесто тие девојки кои имаат ладни раце и стапала имаат и целулит. И јас не можам да заспијам со ладни нозе,спијам со чорапи кои во текот на ноќта во сон ги соблекувам или пред спиење си ги топлам со фен. А да не разговараме кога има снег.Па термо чорапи да облечам,мини термофори во чизмите да ставам,пак ќе ми бидат мраз.Голем проблем ми е,некогаш дури и ми се плаче од што ми студат,а колку гадно изгледаат така,модро со нијанси на розево на делови...мерак.
и јас од кога знам за мене рацете ми се КОЧАН ЛАДНИ...да сигурно е слаба циркулација. јас имам отидено на лекар и не ми рекоа нисто посебно,само докторката ми рече дека обично на многу нерворзните луѓе така демек им биле рацете и нозете цело време ладни
И јас го имам истиот проблем. Откако знам за себе рацете и нозете постојано ми се ладни мраз Зима лете исто е
и мене ми се ладни рацете зимно летно време и тоа повеќе на десната страна, па испитав комплетна крвна слика и до сега подобра не ми била, па ми рекоа дека требало да се консултирам со невролог да видат нешто да не нема доток на крв по тоа страна и циркулацијата да ја видат п.с иначе тоа со целулитот и ладните дланки и стапала нема врска, јас цел живот сум измзрната а немам целулит ниту малку
Најлогично е да е до слаба циркулација. И јас патам од истово-ладни дланки и ладни стапала облеани со ладна пот. Најгрозно нешто. Не ми текнало да се консултирам со невролог и да испитувам циркулација. Крвта ми е добра, скоро ја испитував и немам никакви проблеми.