Ако имате студени стапала и дланки, тогаш сте веројатно многу добри во кревет. Што и не треба да ви претставува особен проблем.
Верувај ниту тоа помага,сум носела секаков вид на термо чорапи и ништо.Имам носено дури од тие плетените стари чорапи што ги носат бабите и дедовците и пак ништо
da i jas imam ladni race i stapala.imam cueno deka tie se topli vo dusata hehe i isto bile dobri vo krevet.nemajte gajle ja ne se zamaram mn okolu toa.poz
и јас не би се замрала доколку не ме болат од ладноќа, особено малку ако залади камен ми се. погоре поричитав наводно само високите луѓе имаат ладни стапала или нозе, еве јас сум пример дека не, ниска сум а постојано ми се ладни особено стапалата.
да и јас, ем термо дебели чорапи и плус топлинки поставени со волна однадвор и одвнатре и ги осеќам камен, посебно во зима пуштам калолифер и така нозете ги топлам, ама во лето кога малку ќе се спушти температурата што тогаш?
Постојано ми се ладни дланките и стапалата. И во лето и во зима. Сум слушнала дека може да е до слабата циркулација и дека треба поголема физичка активност ама и покрај тоа ми се мраз.
и на мене исто...и искрено не верувам во тоа дека треба поголема физичка активност бидејќи 5 дена во неделата иам ужасно напорни тренинзи од по 3/4 саати....така да ако некој знае за нешто друго нека ми каже
И рацете и стапалата ми се ладни и на 40 степени... Ама не ми е тоа проблемот, мене цело тело ми е ладно и кога гушкам луѓе добиваат чудни блицови... Ама затоа кога им е топло ме бараат да ги гушкам
Веќе се навикнав дланките и стапалата да ми бидат постојано ладни, без разлика дали е лето или зима. Сум носела и термо чорапи и пак нема резултати. Сепак не ми претставува некој проблем.
И јас имав ваков проблем, ми рекоа дека крвта ми е слаба, и последново време повеќе јадам, повеќе витамини внесувам, и веќе не ми се ладни рацете, ни нозете.
Јас имам проблем само со едното стапало, десното нон стоп ми е ладно но испотено. А другото топло а не испотено. Колку и да го масирам, угревам пак е исто. Тоа е слаба циркулација. Но јас се чудам зошто само едната нога.
И јас имам ваков проблем, мене дланките не ми се ладни ама стапалата Еве и сега седам со ДВА пара термо чорапи, а мраз ми се. Надвор излагам на 35 степени со термо чорапи и патики, нагоре цела се препотувам, стапалата пак мраз... Мене ми прави тоа проблем, особено во последно време постојано ме болат јајниците, редовно имам и цистит Ама не знам баш некој лек..
Лето или зима мене рацете и нозете ми се ладни, секогаш било така и се навикнав, повеќе не ми претставува проблем. Имам слаба циркулација и тоа..
Висината нема врска со ладни раце и нозе.. Јас сум ниска, па секогаш ми се ладни стопалата и дпланките. Проблемот е до слаба циркулација.. Иако сум физички активна, веднаш по седнувањето најчесто почнам да се тресам од студ без разлика дали е 45 или -45 степени.. Се навикнав дланките и стапалата секогаш дами се ладни, дури кога ќе ми биднат топли ми е чудно и барам нешто ладно за да ги разладам
Секогаш и јас со ова. Веќе не мие ни проблем, мраз ми се и рацете и нозете. Туку, грдо ми е кога се бањам со топла вода па имам чудно чувство како да ме печат особено стапалата, како врз мраз да паѓа водата, не знам дали сте се осетиле така ама кај мене секое бањање е така. Сигурно има врска со циркулацијата на крвта, или кога ќе ги прекрстам нозеве ми помодруваат. А рацете и нозете ми се толку ладни што ми се модри понекогаш.