Стапалата, дланките и носот ми се постојано ладни. Независно дали е лето или зима. Веќе сум навикната и дури заборавам дека имам ваков проблем. А тоа дека слаба циркулација имаат повисоките луѓе немам слушнато до сега. Јас на пример за моја возраст не сум баш нешто висока. Има многу повисоки од мене, а го немаат конкретниов проблем.
слаба циркулација точно бев и на лекар ми потврди дека е тоа ..исто така од слаба циркулација може да чуствувате и вртоглавици..ми даде билобил форте за циркулација помагале многу и физичка активност исто...јас не ги купив ама палнирам да ги испробам ...досега практикувам кога се бањам наизменично си пуштам ладна вода потоа топла врела ...непријатно е ама помага топло ладно за циркулација..кога ќе завршам со туширањето осеќам дури вените ми се прошируваат едно 15 мин како да ми се испакнати значи има ефект и тоа
Мене стапалата и на +40 ми се студени. Дланките зимно време претежно само, али стапалата скоро секогаш. Еве и сега ми се ко мраз , али што да правам, слаба циркулација ...
И јас имам слаба циркулација, тоа од татко ми сум го наследила. И во лето на горештиниве имам ладни раце, се сунчам, се пржам на сонце, ама затоа рацете камен ладни. А за во зима да не зборам.......Никако да се стоплам. Колку и да сум уморна и да ми се спие, додека не ми се стоплат прстите на нозете, нема теорија да заспијам. А ептен тешко се топлат
мене зимо лето нозите и раците ми се кочан.па затоа зимно време си спијам со чорапи кажете ако има некој лек
јас си ги премрзнав едно зимо и од тогаш зимно време мака мачам со нозете, пијам Гинко Макс за циркулација и обавезно носам волнени чорапи оние купечките не од вие што се плетени оти ако носам обични чарапи ми се потат нозете и после ми се мраз и ми помодруваат и ми отекуваат и оди мрдни тогаш аууу леле леле сега кога ке ми текне што ме чека
И јас го имам овој проблем. Лете зиме.. нон стоп ми се ладни и раце и нозе. Посебно во зима рацете ми помодруваат и многу ми се суши кожата. Кажувајте некој лек...
Ако пушите откажете ги цигарите( оти толку е лесно нели ) ама мене тоа ми го имаат дадено како совет. Инаку и јас си спијам со чорапчиња и чат пат знам да си седнам на рацете за да ги стоплам.
На сред лето ја по дома со чорапи си шетам а за во зимо муабет да не праиме...мраз студени. Цело зимо си го поминувам со рацете над огинот
Со дланките не толку често ама стапалата секогаш ми се грч, и во лето и во зима, и со чорапи и без чорапи. Сум се консултирала со други со ваков проблем - да го наречам, и викаат немало некој лек. А и мене лично не ми е некој проблем страшен тоа, си се навикнав. Инаку имам чуено демек луѓето со ладни стапала и раце биле добри во кревет.
недоволна циркулација се вика нашиов проблем . неспортување неактивни физички алкохол цигари нездрава исхрана ете тоа ти се причинители . лекот е во промена на начинот на живот . се се може кога се сака или кога треба
имам студени дланки и стапала откако знам за себе(мразам ладно) тоа е лоша циркулација, и последица на тоа е лоша меморија(и заборавање) чаре-физичка активност, и секако топли напитоци
Јас имам многу слаба циркулација и рацете и нозете секогаш ми се мраз.На сред лето може да си ставам чорапи Дали знаете некоја маст или крема,што било за загревање на телото бидејки си имам голем проблем од ова нешто така наречено слаба циркулација.
Здраво и јас го имам истиот проблем ладни нозе а за дланките да не зборувам ..еве сега штом се залади почнаа да ми побелуваат од ладно ги тријам па помодруваат и на крај си ја вракаат боја.Колу само да ве информирам станува збор за болест која се нарекува СИНДРОМ НА РЕНО која е всушност проблем со периферната церкулација ...и која најчесто се јавува кај жени помегу 17-34 год.Колку што јас имам читано претставува хронична болест на циркулацијата која со тек на времето може многу да напредува.Јас еве 2 зима ми се јавуваат тие симптоми ..првото зимо не се замарав толку бидејки не бев информирана..потоа бев на лекар (на невролог) ми испитуваа осетливост на периферните нерви и на крај рекоа дека е Синдром на Рено...после тие испитуванја почна летото и симптомите ги снема,така и јас престанав со моите испитуванја ,но ете сега пак се плашам 2 дена како е многу ладно на мене симптомите ми се јавиа и сум решена до крај да го истерам ова иако викаат дека нема лек ако дознаам несто ке писам писете и вие ..позз
За разлика од повеќето кои сте пишале мене напротив рацете ми се нон-стоп топли. Значи бус ладно надвор, се смрзнувам али рацете ми се топли. И баш знам секоја зима другарките се топлат од мене, се расправаат која до мене да биде бидејќи како радијатор сум била. Топлина ширам.
Od koga znam za sebe imam ladni race,nozi i nose.I na sred leto za po doma obavezno corapcinja,doma mi se cudat na +40 corapi..toa e,nedovolna cirkulacija,ama kako vikat ladni race-toplo srce
Ич не е убо ова со ладните стапала, ама нажалост се случува кај мене. Постојано нозете камен, рацете побетер. Премногу е грдо во зима, а за лето не правам муабет оти се трпи некако. Ама во зима Во последно време слушам и брат ми се жали оти ладни му биле нозете стално. Бреееј што фамилија ќе бевме. Како оние каменковците што беа во цртанине