секогаш имам ладни нозе и раце особено во зима, јас и во лето спијам со чорапчиња и ми се чудат луѓето , што да правам камен ладни нозе имам слаба ципкулација велите а
Ладна како камен! Отсекогаш имам студени стапала и дланки. На лето не ми смета многу, ама на зима премрзнувам. Ако излезам без ракавици, рацете ми помодруваат.. Точно е тоа дека е од слаба циркулација..за други причини не знам. Ситуацијата може да се подобри со повремено размрдување на рацете и на нозете.. Едно време мајка ми ме тераше да плетам, за да ги мрдам прстите.. Ама, тоа е само привремено решение, после пак студенило.. Ајде, тоа и не е некој проблем..ќе научиме да живееме со тоа..Битно е да имаме топли срца!
Мене зимно време стапалата ми се мраз..Обавезно носам и по 2 пара чорапи ама џабе.. Само многу ми е чудно што ноќе никогаш не ми се ладни,баш напротив неможам да спијам со чорапи..
Дедо го има овој проблем постар е и не може многу да поднесе, и неговата матична докторка мѕ препорача пред спиење да зоврие вода со сол (по можност крупна) и да ги држи, секако не во врела, откако ке се олади, топличка, додека можеш да поднесеш!! И еве го си практикува така почесто и не се жали!!
Исто и мене ми мрзнат шепите и копитата,за копитата 2 пара чорапи,а шепите помагаат коа надвор е грч ладно на другарчињата да им брцам позади у маица.
Се засркнав од смеење И јас го имам истиот проблем ,и јас си ги викам шепите шепи ,ама ова со копитава ти беше јаготче на шлагот Ништо не ми помага ,ни ракавици ,ни чорапчиња , едино непосреден извор на топлина ... А што мерак имам да скитарам по снегов ...ц ц ц ц....само како да излезам кога не можам да си згазнам од ладно на ножињава
Долго време сум во потрага по лекот за овој проблем но бидејќи не го најдов кога ми се камен нозете преку ден палам калолифер, соблекувам чорапите и ги греам, па ги греам чорапите и ги облекувам и ми е полесно, после некое време пак и така пред спиење, обавезно легнувам со термо и ги греам со рацете едната па другата, каменко катич ми се и ме болат некогаш навечер и ме будат или неможам од нив да заспијам. Во лето малку да се намали температура или да удри дожд тие се ладат, неможам да си помогнам, у лето калолифер не иде, евентално чорапи и пак стариот начин греење и триење со рацете. Па ете и активна станав, вежбам па пак се појавува проблемот, само во деновите кога вежбам после вежбање нозете и рацете ми се огин, веќе утре јово на ново. Хмм во болдираново имало некоја вистина мајката, баш таква сум.
И јас "страдам" од постојано студени дланки на рацете, секогаш ми се студени без разлика дали е топло или ладно а покрај тоа и суви, бледи, ко да немам крв во нив.Не вежбам преку зимава но пешачам доста секој ден.Но како и да е , мене пак ми се студени и тоа веке почна да ми смета секојдневно во многу работи. Ве молам кажете ми некој лек за тоа доколку знаете, бидејки вака не се издржува ...
Постојано ми се срудени и стапалата и дланките. Многу сум мала да пијам апчиња за циркулација, ми рекоа да вежбам и да јадам повеќе. Послабите луѓе го имаат овај проблем
Епа ке си отидете на доктор,како што јас бев. Штом ви се ладни нозете и рацете и суви,модри,бледи..тоа значи дека не ви циркулира крвта во рацете и нозете. Јас бев и ми даде да пијам апчиња,али не ми текнува како се викаат и додека ги пиев имаше ефект до некаде...сега е пак стара игра. - Ладни раце,модри,суви,исушени... Овие денови пак ке одам да ме проверат.
Нема врска мислам то јас, јас никогаш не сум била слаба мислам нормално тежина имам па од секогаш ми биле ладнии нозете и рацете слаба циркулација на крвта е тоа мене дури почнаја да ми се прат едни како точкички на прстите на рацете и нозете и бев на кожно ми рекоја од слаба циркулација е и една маст ми дадоја и ми рекоја на зима нараквиц да носам така да нема врска со јадејњето.
И јас со истиот проблем, скоро секогаш ми се ладни - посебно стапалата. Една професорка ми кажа дека нормално е ова да се случува кај млади девојки кои уште не родиле, после пораѓајот најчесто исчезнува овој проблем.....па, раѓајте бебе
Имам премрзнати прсти на нозете, уште од малечка, и секоја година мака мачам зимно време. Ми се воспалуваат и целите се подуени и поцрвнети. А кога се стоплат ме чешаат ненормално ми иде да ги одерам од чешање , дури неможам да спијам некогаш, само ги дргнам од чаршавот, ме фака саклет и само се превртувам. Една баба ми кажа да ги ставам во сад со топла вода во која има растворено сол. Солта ја зголемува температурата и го намалува чешањето. Обично практикувам да го правам ова пред спиење и ги држам така во водата додека водата не почне да истинува. После тоа нема чешање и ми се топли. Плус си ги премачкувам со крема, некоја помрсна, облекувам термо чорапи и мирно спијам цела вечер, без чешање и саклетисување.
Го имам истиот проблем, бев на лекар и ми кажаа: Да носам неколку слоја чорапи и тоа волнени или ептен дебели како за на скијање Да не мирувам повеќе од пола саат кога сум на студено, обавезно да се раздвижувам Никако да не ги лепам стапалата на печка или друго грејно тело кога ми се смрзнати Да носам кондури со волна исто така кои се за на снег или планина, од продавниците за спортска опрема Секој ден да ги масирам по десет или петнаесет минути особено на местата каде се испукани капиларите и каде црвенилото е најлошо. После две години страдање, болки и чешање еве оваа година фала богу го немам тој проблем. Се надевам и тебе ќе ти помине маката, среќно!
Оваа зима ми се чини дланкиве и стапала никако не можам да ги стоплам. Голед дел од времето ми се ладни, еве и во моментов, можда е од слаба циркулација не знам.
Најчесто ми се мраз ладни и дланките и стапалата. Некогаш и најтопло кога ми е,стапалата ми се ладни. Викаат дека немам добра циркулација...
И јас го имам тој проблем ,но само кога сум пред ПЦ бидејќи не се движам и кога учам.А кога вежбам по дома дури на долна мајца се соблекувам од што ми е жешко.Така да проблемот е до циркулацијата.Би ви препорачала да си ги мрднете задиците и да идете малце да повежбате
Ама ти имаш среќа што си дома па можеш да се соблечеш по маица и да вежбаш кога ти студи. Јас на работа неможам да го мрдам задникот многу често а за несреќа секогаш ми студи на нозете (проклета изолација). Пиев и едни лекарства за циркулација па после ги повлекоа од аптеките откако се испоотрув откриле дека се лоши за здравјето уствари