добро планираат да ни пуштат пари за стипендиите или не?? до кога треба да ги чекаме...... и нас ни требаат пари.....
Ве молам помогнете ми Јас првиот пат бев одбиена за стипендија и си поднесов жалба а сега електронски се пријавив и за новиот конкурс..... Дали некој го има истото искуство и што мислите ќе ги добиеме ли решенијата за да знаеме дали да конкурираме сега ако случајно не ни е одобрена жалбата... Или пак некој веќе можеби доби решениеее ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ ЗБУНЕТА СУМ НЕ ЗНАМ ШТО ДА ПРАВАМ СТРАВ МИ Е НЕМОЈ ПОРАДИ ТОА ШТО КОНКУРИРАМ ЗА НОВА СТИПЕНДИЈА ДА НЕ МИ ОДОБРАТ ОД ПРЕДХОДНАТА КОЈА СЕКАКО Е ПОГОЛЕМА
Не ми го земај здраво за готово мислењето ама мислам дека нема логика да не ти ја одобрат таа за која си поднела жалба само заради тоа што си конкурирала за новава Мое мислење е дека треба да си ги тераш процедурите со новава, па ако во измеѓу време ти стигне позитивен одговор од жалбата што си ја поднела секако дека ќе си потпишеш договор за таа стипендија и ќе ја баталиш вторава. Во случај да треба да се потпишува договор за вторава, а ти се' уште немаш одговор од жалбата мислам дека не би требало да е проблем ако потпишеш договор за втората, па ако добиеш позитивен одговор на жалбата да го раскинеш договорот и да си го склучиш договорот за првата стипендија. Малку комплицирано звучи ама па и не е твоја вина што не си ги следат роковите и се испомешаа, па веќе не се знае ништо. Да си ги следеа процедурите, немаше да има проблеми...
И мене не ми е логично но Македонија и се е можно ..... Но сепак фала многу за одговорот баш е добар и логичен и опширен
Девојки тие што конкуриравте за стипендија за В сега по новиот конкурс на факултет во уверението ви ги напишаа ли и оценките од овој последниот семестар т.е. за трет или петти зависно која година ВЕ МОЛАМ ОДГОВОРЕТЕ МИ ШТО ПОСКОРО МНОГУ МИ Е ИТНО
Не ти требаат од третиот семестар, ти земаш стипендија врз основа на постигнатиот просек од 1 година односно прв и втор семестар
Лелееее кога ќе има пари бре луѓеееее.....не се издржува веќе Ако знае некој кога ќе ни пуштат нека пише
Немам ниту јас уште добиено, сега може се зафатени со новиов конкурс А девојки, вие што чекате, не ме чуди да чекаат да помине и овој конкурс и сите жалби па на сите одеднаш да пуштат
Барем нека ни го пуштат договорот. Да знаеме дека сме мрднале од место. Којзнае до кога ќе чекаме, зарем малку беше?
а чим ти си учествувала веќе еднаш за таа стипендија,може да ми кажеш нешто во врска со тестовите по математика и англиски,што ви дале?и дали биле многу тешки? Фала од напред
Ти изгледа мислиш за полагање матура. Види овде obrazovanie/polaganje-matura-i-upisi-za-na-fakultet-t677/ оваа тема не е за тоа
Да не ви стигна на некој договорот, што прават овие во МОН зарем не знаат дека нас ни требаат парите или па не заборавија
феминчиња да не му стигнаа на некој пари затоа што министерот излезе НА ТВ и кажа дека биле префрлени 2 рати за новите.... немам динар скршен ги чекам да стигнат ексик значи.......
А кога го изјавил тоа ,јас немам ни проверено на сметката .Ами нели прво и договорот треба да ни го пратат дома?
проверивме ама нема пари на сметка ставено... ни договори имаат стигнато ни ништо а на тв изјави дека почнале со исплаќање...