1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студот ги убива бездомниците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 10 јануари 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Студот ги убива бездомниците

    Студот ги убива скопските бездомници. Измерените минус 7 последната ноќ го замрзна до смрт Назми Бафтијаровски. Мртво, паднато на улица во Кисела Вода е пронајдено и телото на Зоран Тодевски. И тој замрзнал. Иако имал само 47 години ниската температура сепак била посилна од неговата издржливост. 62 годишниот Назим е пронајден во оваа дупка во зграда во центарот на Скопје каде што се криел од ладното. На двајцата не им помогнал алкохолот да се стоплат. Во Скопје врие од бездомници кои секоја ноќ се борат со поларните температури. Во импровизирани куќи од картони и даски се обидуваат да пронајдат малку топлина до наредното утро. Народните кујни каде можат да поминат неколку часа со еден оброк ни одблиску не ги грејат измрзнатите скитници. Во центрите нема место и услови за сите. И денеска екипата на АЛФА забележа многумина бездомници во потрага по картони и хартии за престојната ноќ.

    Овој старец има 85 години. Преживеал илјадници зимски ноќи, но со секоја наредна се плаши дали ќе остане жив до следното утро. Студот го исплашил и овој бездомник затоа што познавал неколкумина кои починале од студ.

    Бездомниците немаат голем центар за сите со егзистенцијални услови за живот. Неколкуте помали прифатилишта се преполни. Изгладнети од сиромаштија измрзнати од студот, бездомниците можат еднаш неделно да се избањаат во еден од центрите, еднаш дневно да јадат во црковните народни кујни а децата имаат школска настава од неколку часа. Но образованието и хигиената за нив се занемарливи кога синоптичарите најавуваат нови студени денови.

    недела, 09 јануари 2011
    Љубиша Арсиќ
    [​IMG]
     
  2. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Сметам дека тие луѓе треба да бидат згрижени во некоја установа.
    Не да мрзнат на овие ладни ноќи туку да седат на топло,најадени.
    Незнам каква хуманитарна акција би можела да помогне ако не бидат осигурани не само сега туку и понатаму.
    Да земеме пример,сите хуманитарни луѓе ќе донираат нешто ( пари,облека .. ) но што,тоа ќе трае една зима,колку можат тие пари да траат,месец - два?И не е еден бездомник.И ги нема само во Скопје,ги има скоро во секој град - како може да се помогне на еден или на повеќе од еден град,а другите - што со нив?
    Сметам дека секој град треба да си има установа која ќе се грижи за бездомниците,а не сега ќе им дадеме малку - па ајде ако преживеат преживеат..Ако еднаш им се обезбеди храна и облека - зарем тоа вечно ќе трае ? За неколку дена повторно ќе се заборават бездомниците.А вака - ако секојдневно си се згрижени сигурно ќе им биде подобро.

    Сакам да кажам,наместо еднаш да имаат многу - секој ден да имаат по малку :)
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ех и ние станавме како Америка, бидејки најчесто таму го има ова, како и во Европските држави за жалење сме бе луге, и како народ, и како земја, и како нација :sweat:
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Навистина ми е жал за вакви случаеви. Имаше пред некое време некој човек од Прилеп кој умре од студ. Наместо да се носат пензиониерите на бањи, може за овие луѓе да се изгради некој дом и да се сместат таму, секако барем мислам дека не се многу. Познавам еден човек од мојот град спие под мостот и секоја вечер шета од едната до другата страна на градот, само за да не замрзне :worried:
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Како ме растажуваат вакви работи. ;( Знам дека меѓу бездомниците има такви кои сами го избрале тој начин на живот иако не биле принудени да излезат на улица (заради некои нивни причини) сепак повекето се на улица заради лоша срека во животот.
    Јас ветувам дека доколку некогаш имам повеке пари од доволно ке изградам куки во кои ке ги соберам сите овие луѓе и ке им давам облека и храна секојдневно.
    МНОГУ МНОГУ ЖАЛНО!
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ајде жално за луѓето што се на тој степен, туку и веројатно и дека кај и да е и ние ке дотуркаме до таму. Па на паметните на денешно време им текнува само да направат беља, па да се вдомат во затвор. Барем покрив над глава и редовен оброк ке примаат.
    Инаку, нема кој да им обрати внимание. Ние имаме пари за споменици, ладни кипови, за покрај нив да почиваат ладни тела.
    Т.е. немаме ние. Ние само плаќаме даноци и го полниме буџетот. Инаку спомениците и двокатните автобуси ги плаќа ВЛАДА НА РМ. Не ние. Владата од џеб си плаќа за нив. Нашиве пари за друго се. |(
    читај ==>> Донатор: ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА [​IMG]
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.424
    И Буги умре од студ. Греота се луѓево. Знам во лето секогаш носеше јакна, зимски панталони, капа, а во зима по шорцеви. :^) Едно време беше во затвор зашто трчаше гол низ маало...... :lol:

    Незнам што чекаат.. уште луѓе треба да умрат да се направи барем една барака за луѓево? Бог да чува, ко да ќе осиромаши држававата. Ко да не е сега доболно бедна, па за тоа се плашат.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Во Франција имаат систем разработено, а види некој граѓанин бездомник зимно време на улица во вечерните часови, врти на бесплатен број доаѓа екипа со комбе го собираат и го носат на тополо место и му даваат топол оброк за да не смрзне.