Јас сум хипо + хашимото и само од време на време знае да ми стане чудна, но обично секогаш ми е убава... Мојава коса бара менување на шампон и маски, се заситува (ми станува како леплива и сува) и тогаш менувам. Сега земав сменив на Loreal (нешто Hyaluron plump), шампон, маска и спреј од истото, на акција беа во Дм. Одма ми е поубава и посјајна. Нешто и овие ми привлекоа внимание од реклама, дали некој користел?
Третманов е домашен и е врв за сува коса посебно но може и за сите други. Природен кератин, после третманов косата е премека сјајна преубава. Ленено семе Банана Масла кој ги користите за косата, кокосово, арганово, чичково....какво имате такво. Во тенџере на средна температура се става лененото семе со вода да го натопи цело еден прст над, оставате да зоврие неколку минути. Оставате да се излади ќе добиете проѕирна смеса геласта текстура, процедете низ тенка газа. Изблендирајте ја бананата и додадете го маслото по избор може едно, може и две да ставите како сакате и имате. Мешате све заедно и нанесувате на косата од врвот надоле. Оставате да одстои најмалце еден час, можете и повеќе како имате време собрана и ставете кеса и пешкир. Измите ја со благ шампон природен или бебешки, исушете ја и потоа поминете со преса за да навлезе кератинот подобро во влакното. Косата после тоа е премека сјајна, а тие што имаат валовита коса подолго време ќе ви биде права.
Користи ли некој професионални производи дома, за ревитализација и хидратација на сува коса? Сега во бременост скроз ми пресуши, а не ми се оди по салони, сакам дома да пробам да ја оправам, има ли некои витамински маски? Третмани кои се безбедни да се прават дома?
Да ги прочешлаш маските на Kerastase, види некоја со кератин или нешто баш за сува, оштетена коса. Јас во моментов имам една, за ревитализирање на косата. Црна е со златно капаче (Chronologiste нешто беше имево) и ми одговара ептен. Косата во лето ми е барут сува од сонцето, ни масло, ништо не помага. Маскава засега ми се допаѓа, не тежи косата од неа а баш го враќа сјајот и влакното изгледа нахрането. Скапи се малце, а количината не е баш голема ама битно има ефект некаков.
Супер е маската истони шампонот Јас и лила колекцијата ја имам користено дора е. @Yowannty пробај со маскиве но моментален е ефектот и јас планирам салон да посетам но по некое време
Здраво долги години се фарбам плава и омбре и косава ми е крш. Нешто испробано што ви помогнало за сува коса, порано побрзо и ми растеше. Ако може маска, шампон и масло/спреј од кој што сте задоволни да ми препорачате. И дали постои нешто што навистина помага за згуснување на косата?
Редовно шишање ти препорачувам, особено ако е често бланширана. Ако е веќе оштетена, нема спас, мора шишање. Косата ти опаѓа? За многу сува коса, маскава е одлична https://www.bellina.mk/p/999/hair-e...etirana-i-oshtetena-kosa-150-ml?categories=27 Истава ја имаш и во Дм. Можеш да ги земеш производите од истава линија , има и шампон , спреј https://www.bellina.mk/search?search=HAIR EVOLUTION / CAVIAR THERAPY&submit= А масло доколку сакаш https://www.bellina.mk/p/1414/ice-p...r-maslo-za-oshtetena-kosa-50-ml?categories=39
Некоја препорака за сува коса? Нешто што би ја хидрирало и би ја направило сјајна и мека. Користам wash & go шампон за сува коса, гарниер маска од мед и прополис исто за сува и оштетена и понекогаш ставам од балеа млекото за коса од кокос. Некако се е џабе.. И кокосово масло имам ставано, тоа па буквално ништо не и прави на косава.
https://www.bellina.mk/p/999/hair-e...etirana-i-oshtetena-kosa-150-ml?categories=27 Во Белина е 260ден маската Во Дм горе долу слична е цената. https://www.bellina.mk/p/998/hair-e...-shampon-za-tretirana-i-oshtetena-kosa-245-ml Шампонот е 300
Леле ја имам неможам да се спасам од сува коса и без сјај. Јас би сакала регенератор или маска за коса што ја омекнува и дава сјај, бидејќи ја фарбам но и природно имам сува, густа и виткана коса. Смрт ми е сува и разлетана. Едино млекото на балеа ми ја смирува но ако немам во моментот сум петарда. Би сакала некоја маска или регератор за нега и сјај. А да, и некој производ за многу сјај на косата доколку знаете пишете.
Ја истрижив кратко косава, до нас рамена. Пред тоа ми беше брановидна, а сега ми е никаква, сува ми е и брзо ми се мрси. Предлози? *инаку го користам шампонот на Конопка од рузмарин, и малку регенатор за плакнење па регенераторот curl од Белина.