Мишела како го испираш кокосово? Јас два пати имам ставено, органско, и едвај го измив. Шампонирав 4,5 пати со различни шампони. Првиот пат измив со три шампонирања мислев како и секое друго масло. Ми се исуши косата природно, и имав што да видам. Среќа што дома бев не морав да излагам инаку бруки ќе беше.
Само масираш убаво на местата кај што нанесуваш и мала количина масло ставај. Не сум имала проблем со кокосово масло, еднаш одамна само ми се случи да ми остане недоизмиено чичково масло и отпосле ми текна дека не го поминав добро тој дел од косата. Некогаш и не е до тоа колку пати ќе ставиме шампон, си сака темелна масажа за да излезе полесно маслото. Ама како и да е, за секој случај шампонирам 3 пати.
Па да јас секој пат кога шампонирам масирам со силиконски масажер. Не ќе да е до тоа. Еве денес си ставив комбинација маслиново и рицинусово ми стоеше додека вежбав, со две шампонирања косата ми е премазна, свиленкаста и мека исто како да сум ја испеглала
Дајте некоја идеа како да ја живнам малку косава ? Сува и оштетена ми е од фарбање,можам ли да си купам нешто дома и да направам некој третман или мора на фризер(колку чини?)?
Кокосово масло од тегла ќе ти заврши работа. Ако можеш преспиј една вечер, сабајле измиј ја и немаш апсолутно никаква потреба од фризер.
Пробав коксово масло ..па домашни маски..сега сум на elseve loreal hiyaluron plump колекцијата и навистина мислам ништо не ми помага ,има ли нешто што стварно помага за сува коса.
Пробај со некое масло кое што не се одмива. Јас конкретно користам едно за виткана коса од hairshop го нарачав. Има повеќе масла ќе ти препорачаат конкретно за твојата коса. Јас сум задоволна. На почетокот некако или премалку или повеќе ставав и не бев задоволна. Откако си ја пронајдов мерката навистина е супер за косата. И секако дава и сјај.