Сува коса Ги има во Тедико,околу 254 и шампон и регенератор,а и фарбите се толку пари.Одамна ги имам глеано на реклама на Фох лајф и еве сега стигнаа кај нас.Планирам да ги пробам
Сува коса Има во сите вчера ги гледав во Тинекс и сакав да земам ама..може будала ќе ме направите ама мене шампоните брзо ми здосадуваат а и мирисот нивни па затоа секогаш купувам помало шишенце,за побрзо да ми се потроши,а овие се огромни Спојлер Сигурно си викате кога го читате ова - Која будала! Што да правам така е.
Сува коса Јас ги испробав, односно го купив шампонот-не е лош само малку ми мириса на машки шампон Јас мака мачам со перут ама овој е ок сеуште не се појавиле белите натрапници во косава! Инаку го најдов во Тинекс.
Сува коса ^^ и јас имам многу сува коса и затоа мојата фризерка ми препорача да и ставам маслиново масло на цела коса (сува) па да отстои така 1 сат па да се искапиш и така 1 месец па убава ќе била косата... Јас ова уште не го имам пробано поради немање на време, а и гадно ми е некако 1 сат со масло на косава да седам па после дур излези ќе треба да останам под туш.. Ако не ти е гадно пробај...
Сува коса и јас имам многу,многу сува коса,па се трудам се да пробам надевајќи се дека ќе ми помогни нешто. Ставам 2 жолчки и маслиново масло, добро го мешам и го нанесувам,со тоа седам околу 40-50мин,навистина кога ќе ја измијам ми е ептен добра,мека и сјајња.А и фитовалот шампон го користам еве скоро 5-6 месеци и навистина е ептен добар,ви препорачувам да го земите КОГА ЌЕ ЈА МИЕТЕ МАСКАТА МИЈАЈТЕ СЕ СО ЛАДНА ВОДА,НЕ ЕПЕТЕН АМА ПРИЛИЧНО ЛАДНА,ЗАТОА ШТО ЈАЈЦЕТО ЌЕ ВИ СЕ СВАРИ НА ГЛАВА ПА ЌЕ ИМАТЕ ГРУТЧИНА ХАХА.
Сува коса jas go koristam PANTENE samponot onoj sto e za suva i ostetena kosa i da vi kazam mnogu sum zadovolna bas e dobar a vo medzu vreme pram i nekoi domasni maskii taka da nemam problem so toa
Сува коса И мене ме интересира ова, не е изгорена,не е оштетена,не е расцветана,ама СУВА е. Ампули ја спасуваа,сега ни тоа. Ако ја испеглам, врвовите изгледаат безживотно,отрцано,а сум ја шишала ден претходно. Природно ми е виткана,па ајде,такво е влакното,ко шупливо. Ако користам шампон за сува и оштетена коса ми ја заплескува,сплескува,не сакам така. Еве деновиве е повлажно времето,локните ми се плеткаат,здивуваат влакна на сите страни,ко грмушка изгледа,ако ја испеглам,необликувано изгледа,сто влакна ќе се извиткаат,нема мазен изглед. Значи пролетва ме полуде во целост. Чаре?! Масла ставам,спреј ставам,маска ставам,ампули исто така.
Сува и коса без сјај Мислам дека ставаш многу работи. Пробај откако ќе си се исуши убаво да ставиш силиконски капки и така да ја вртиш како кога цедиш крпа и на тој начин да ја собереш во пунџичка. По некое време пушти ја косата и ем ќе ти е благо виткана ем ќе имаш сјај.
Сува и коса без сјај И јас имам виткана коса и се сум пробувала и пак е безживотна и кога ќе ја испеглам и мене ми е како метла.
Сува и коса без сјај Метла и тоа знаеш каква,од оние селските,од грмушки правени. После ќе пробам да не и и ставам многу глупости и само со чорап метод да ја обликувам (пред некој ден ја погодив ептен!). Проблемот е што кога убаво ќе се исуши,а тоа е вториот ден од миењето е ок,ама почнува да се мрси(не многу,ама си кажав,не можам со неизмиена коса од дома да излезам ),кога имам вишок влажност е полудување,а тоа е увек. А и многу се нервирам имам вртљак напред и не можам кај шишките асално да ја средам и изгледа како шатор во последно време,онака ко шпиц да ми е главата! Абе државен проблем број 1 (добро 2,ако ја сметаме и Мелита) е мојата коса!
Сува и коса без сјај Мене ми е сува во коренот. И тоа изразито многу ова време, на пролет. Врвовите некако ги средувам, ја фенирам косата, ја тегнам, и ставам малку восок, де капки, па така скротено делуваат. Ако не ја фенирам убаво со четка, да ја обликувам, ми се прави како буфче. Не можам да ја оставам природно да се ми се исуши затоа што ептен ќе биде без форма, како исушена, сламеста и никаква. А за скалпот едино решение, што ми се покажало како најефикасно до сега, се маслата. Ставам парфемирано рицинусово, стои така час-два ,па го мијам. Меѓу ефектите на рицинусовото, прочитав дека е и одржување на влажноста на косата, и на еластичноста, и надежно си го користам.
Сува и коса без сјај Мене ми е сува ама јас сама си сум виновна... ја шатирав и сега си ја кратам ама уште пола има пола кафеава, пола плава. Спас бадемово масло и секаков вид на балсам и регенератор
Сува и коса без сјај И ве молам сус за чорапот јас глумам лудило, вие во секоја тема го спомнувате Саботажа брееј! А Лилит, озбилно не ставај толку работи и ќе биде се ок, плус ако не можеш да шеташ со мрсна коса, а нејќеш да ја миеш стави бебешка пудра ем ќе имаш волумен, ем нема да изгледа мрсно. Јас откако не се замарам толку со неа поубава ми е, а порано имав мислам над 10 препарати за неа, сега само шампон, регенератор, силиконски капки, лак, некогаш пена за коса и спреј за сјај. Од 10 сум ги намалила на 6 а
Сува и коса без сјај Мене ми беше убава косата дур ја миев само со шампон. Но, последниве неколку месеци почнав да користам регенератор, спреј, пена и ако ви се верува не можам да ја исчешлам. Ми се плаче кога ја чешлам, толку ми е заплеткана што нема шанси чешел да помине низ неа. Прво со чешел со широки запци ја поминувам, па после со друг. Имам и јас виткана коса ама поубава ми беше претходно. Сега не се ни витка убаво.