Да јас го имам користено, мене многу ми помогна за косава- ја шатирам и многу ми е сува па така да кога почнав да го користам малку ми се опорави.Е сега она што не ми се допаѓа кај него е тоа што многу ја сплеснува косата т.е за ден два пак треба да ја миеш-многу брзо се мрси.
Тука сите со ист проблем. Девојки јас го најдов решението на мојов ист проблем. Фризерката ми препорача да купам едно средство на Хоби, кое е како гел и се нанесува на водена или полу-сува коса(и не се плакне). Истото средство постои и за права и за виткана коса и доколку се пеглате-нанесете го пред пеглањето. До сега сум ставила од него само еднаш и навистина има резултати. Косата ми е помека и со повеќе сјај. Се работи за турска козметика и не знам на кои се места се продава. Јас го најдов во маркет, но го има и во продавниците на Голден Роус, а цената му е некаде 90-100ден. Спојлер Вака изгледа, но ова е постаро пакувања.Новото има друга лепенка, исто пишува 7х24 и на долната десна страна има девојка со права или виткана коса. За права коса е со виолетово капаче, а за виткана со портокалово.
И мене во последно време ми е толку сува косата што ми иде да ја исечам, посебно врвовите што ми цветаат а не ја пеглам па ми е чудно. Затоа почнав пак да ставам мајонез комбинирано со маслиново значи неколку капки се нанесува по целата должина до врвовите( не на коренот) се собира во клупче и се става кеса да одстои 30-40 мин и убаво се плакне( јас 2 пати ја шампонирам ) пододбар регенератор здравје + ја згуснува косата јас затоа и престана да го користам а инаку на коренот на косата ставам рицинусово масло
Хининовата вода и јас ја користев , убаво мириса , инаку не видов нешто ефект посебен , можеби оти само 1 шипенце искористив Ја користев таа со црвена налепница
Пола шоља какао Пола шоља јогурт Лажица мед и лажица јаболков оцет Ќе измешате убаво и откако ќе ја измиете косата ќе оставите да делува 5 мин. ... Проверено
А ова не ја мрси косата или не ја спласнува? Сакам да си купам некако привлечно ми изгледа, но ми е страв да не има такви ефекти..
кажи кои масла ги користиш од фитофарм или гала кои се боље?има мн рицинусово бадемово чичково ореово кокосово нз кое попрво и дали се сите за косата
Леле јас сега имам екстремно сува коса,абе како жица ми се врвовите,а редовно ја потсрижувам,еве и маски користам,не знам што да правам. Ај некои производи ако има да помогнат,кажете. Поздрав
Jас имам прилично убава права коса и немам потреба да користам шампони за сува коса. Но, ке ти кажам дефиниција за убава коса. Шампон Диплона, регенератор, обична маска за коса ( понекогаш купувам во шишенце, а понекогаш во мали кесички) . Потоа ја чешлам, ја оставам сама да се суши минимум половина час, потоа ја сушам со фен, и само поминувам со пресата. Не користам силиконски капки, ниту пени посебни четки. Само најосновното 3 четки ( за фенирање, иако не ја користам, чешел обичен и еден пластичен) . Тие хемиски продукти и штетат на мојата коса, која е прилично бујна и убава, за негата на косата го користам фрижидерот, органските продукти. Само квалитетен шампон и регенератор !
Пробај со ампула за коса, ставај редовно т.е два пати месечно и еднаш неделно ставај бадемово или друго некое масло. Ставај го вечерта и следниот ден измиј ја косата. Исто така многу е важно да користиш убав шампон и регенератор, јас го користам Шаума со арганово масло, мене ми е одличен, пробај можеби и кај тебе ќе има некаква промена. Се надевам дека помогнав
Општи прашања Имам бушава, сува коса, и неможам во никој случај да ја средам, имам ставано се и силиконски капки и секакви регенератори, маски, ама ништо не помага, кажете предлози што да купува или да правам за да ја средам некако!?
Го имам истиот проблем. Косата ми е сува, тотално го изгуби својот сјај и сега сешто ми преостанува е да ја вратам во живот или многу да ја ишишам. Секако ја бирам првата опција. Мојот рецепт за оштетена и безживотна коса е домашно направен мајонез. Намачкајте ѓи дланките со мајонез и протријте со прстите низ целата коса. Прицврстете ја со штипка и ставете ја да отстои во кеса до 2 часа. Потоа измијте ја косата со млака вода и шампонирајте. Повторувајте го третманот се додека косата не ви се врати во живот, односно додека не го добие потребниот сјај. Полесно нема.
Мене косата ми е сјајна само кога ке ја испеглам, но не сакам да ја оштетувам секој ден, па домашна маска не би била лоша идеја
Ова го најдов на нет...не сум ја пробала, и баш се прашувам дали би делувало http://thebeautythesis.com/2012/11/18/m ... the-ent-9/
Епа вала.Имам коса до рамена,не ми е многу долга,ама ко метла е.жими све ко метла е.сува,без сјај,никаква,тврда..еднаш неделно ја мијам со Сајос портокаловиот за сува коса,нема ама баш никаков ефект,а прилично долго ги користам шампоните на сајос..после тоа ставам регенераот како спрејче,не се измива,а пред миеше ставам бадемово масло и го држам еден саат.Не ја фенирам косава,веќе 2 години ја немам допрено до фен,jа пеглам еднаш месечно,а сега за летово избегнувам...што да правам веќе,стварно не ми е јасно.Свашта имам користено,а ништо не ми помага.идната недела ќе пробам некоја маска,па ваљда ќе ми успее.А косата ми е МНОГУ густа,и како метла. -инаку,за сјај,последното плакнење на косата треба да ви биде со ладна вода
се зависи и до косата, мене тоа не ми помогна. треба да се најде соодветен шампон и почесто да се крати а доколку е многу сува може маска да се користи