1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сува коса без сјај

Дискусија во 'Коса' започната од jasmin, 19 ноември 2009.

  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Мозес да го ставис на полу-мокра коса, така ептен убаво ја омекнува косата, и јас исто одкако ке ја испеглам косата си ставам усте малце на врвовите и на сувите делови, ама со многу лека рака, така косата е како свила, не се разлетува, дува, и има убав сјај. :)
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Некој да препорача од каде и какво арганово масло да купам (некое поевтино).
     
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Па искрено кај нас не знам кај го има за поефтино, не знам како се цените. Јас го зедов за 4 евра во Италија кога бев на пазарење.
    Јас би видела прво низ маркетите па после у аптека... мада мозно е во аптека да е поефтино.
     
  4. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    А чисто арганово е тоа шо го зема и колкаво е пакувањето?
    Во Cosmo чистото е околу 900 денари 30ml, а и во аптека го има околу 1000 денари, во виола е 1400 ден.
     
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Аман бре многу е.. :( многу се нервирам што цените кај нас толку ги пумпаат, џоа злато продава...
    Инаку моето е 100 мл и е биолошко, чисто арганово масло.
    Јас ти советувам ако познаваш некој што живее во Италија, него да го замолиш да ти земе, а до тогаш за 1000 денари можеш да купиш литри квалитетно маслиново масло за косата.
    Исто ако можеш да најдеш масло од семки од тиква, вреди да си го купиш.
    Јас имам купено едно од Хрватска, за салата го зедов, домашно (што значи може и дома да се направи) и исто многу убава ја прави косата, сјај многу и дава.
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    ^ Баш како злато да продаваат. На една познанична од Италија и имаат донесено арганово масло за 4 евра, нас не дерат тука...
     
    На mackica1 и Unica им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некоја го користела овој третман за екстра сјај на Syoss ? Не е баш ефтин, 500 и некој денар е, а има само 100 мл. Не би сакала за џабе да ми биде фрлена „црвената“. :D

    Дали има некои забележливи ефекти? Мене косата ми е сува само на врвовите (последица од клетиот шампон Афродита :sweat: ), но ме нервира затоа што сепак не можам убаво да си ја обликувам косата како што сакам и крајно време е нешто да се преземе околу тоа. Читав на декларацијата беше објаснето дека се нанесува на пола коса, па ми изгледа дека би можело да биде тоа тоа. :)

    Еве сликичка, многу е примамливо изгледа. :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Rose96, beatriz, francais и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    На Nausicaa и Unica им се допаѓа ова.
  9. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    абе феминки...исфенирај ја ќе седи неколку саати и толку....излези на влажно време буфната ќе дојдам....некако никако не можам ред да и фатам (facepalm) дајте совет некој за шампон или маска
     
  10. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    -Кокосово масло од аптека (230-290денари) нанесување како маска за мекост на косата.
    -Бел оцет нанесување како маска за се на косата, првите неколку пати одвратно ми беше, мириса, иако мирисот се прекрива со шампон и спреј од после но вие пак ќе си го чувствувате, по 2 часа ја држам. И чисти и омекнува и дава сјај.
    -Маска на Планет Спа од шеа путер и од истите онаа со маслиново масло, двете се предобри, првата повеќе за омекнување, втората повеќе за сјај.
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво проблемот со оштетената коса е што кога оштетеното влакно стигнува до одредена должина се кине и нас ни се чини дека косата не расне ама не е така, затоа мислош дека побавно ти расте. Пробај да правиш барем еднаш неделно маски за коса од масла како рицинусово, бадемово, кокосово или комбинации по твој избор и држи ги цела вечер. Нанеси ги на навлажнета коса стави кеса врз неа пешкир (или доколку спиеш може и некоја капа за да не ти падне пешкирот) и ќе видиш дека доколку си упорна ќе се подобри состојбаата. Друго нешто многу важно, не знам каков шампон користиш ама те молам, БЕЗ СИЛИКОНИ, немаш појма колку силиконот ја суши косата, верувај ми ако престанеш месец дена да го користиш ќе забележиш разлика. Ти препорачувам на алверде шампонот од авокадо, спас е за сува коса и одлично ја негува. Исто така обавезно да нанесуваш регенератор на косата особено на сувите врвови и тој гледај да биде без силикони, или пак некој регенератор кој не се одмива, можеш и сама да си го направиш. Пробај го и гелот од алое вера како маска (одбери чист гел од алое) има навистина супер резултати. Еве ти неколку статии каде зборував за сите овие работи. За сува коса: http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_26.html , за масла за коса: http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/giveaway.html, за алое гелот : http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_28.html. На почетокот ќе ти биде тешко да не те лажам дека за два дена се ќе се среди. Откако ќе ги оставиш шампоните со силикони косата ќе ти биде уште посува ама тоа е вистинската состојба на твојата коса, а посува е поради силиконите. Биди упорна и ќе го подобриш квалитетот. Се е возможно. Поздрав ах и немој молим те да користиш силиконски капки, наместо нив стави алое вера гел или пак масло од јојоба и арган кои одлично ја негуваат косата.
    Ова се само мои совети и предлози секако не мора да ги прифатиш сите :)
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    845
    @Biodevojka Благодарение на твојот совет земав шампон од Алверде, тој за осетлив скапл и сум презадоволна. Со само 1 миење веќе има разлика.
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Леле драга зумбулче, пресреќна сум и ти благодарам што ми кажа дека ти одговара. Навистина ми е многу мило, тоа е и целта на она што го пишувам и сакам да го постигнам. Голем бакнеж.
     
    На Zumbulce9 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво чисто арганово масло 100% органско имаш во биокосмос (поранешна биона), го прават тие самите и за 50 мл. производ плаќаш 390 денари. На самиот производ е нагласено дека е чисто и органско 100%. Баш го видов пред некоја недела. Поздрав
     
    На love-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. love-14

    love-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    сум слушнала дека оцет бил добар чистач за коса и и давал сјај.. :)
    па да прашам каков оцет оној јаболков или винскиот?и дали се става на целата коса :wasntme:
    и мириса ли косата после? :drunk::smoke:
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Оцетот е фантастичен за косата, многу убаво ја чисти, дава голем сјај и е спас за масна коса. Јас лично често го употребувам како последно измивање на косата. Е сега како за почеток може да ставиш 500 мл. дестилирана вода, една лажица оцет и неколку капки етерично масло (ако немаш етерично масло не мора, јас го ставам поради мирис а и да речеме етеричното масло од лимон дава голем сјај, лавандата е антибактериска и прекрасно мириса). Со оваа смеса полиј ја водата по шампонирањето како последно исплакнување и не ја исплакнувај повеќе, Со самото сушење оцетот испарува, така да косата не мириса на оцет туку на етеричните масла (доколку си ги ставила). Јас користам и многу поконцентрирана смеса една шоља вода со лажица оцет ама ти за почеток почни со 550 мл. За повеќе информации околу ова исплакнување еве види ја оваа статија http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_17.html
    п.с. употребувај само јаболков оцет за коса по можност органски.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. love-14

    love-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    ти благодарам, ќе пробам :*
     
  18. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Јас дека се фарбам плава имам многу сува коса и оштетена ми е користев шампон од SYOSS за сува и оштетена коса и шампонот GLISS исто ама малку ми омекнува првите два дена и после пак е исто. Почнав да ставам маслиново масло и жолчка од јајце два пати до сега имам ставено и пак малку ми е омекната и после два дена пак е сува некој да не знае нешто како да ја опраам косата? :D :*
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски

    Маријана пред неколку месеца мислам дека кажуваше дека ќе се фарбаш кафена , или грешка сум :D ?
    незнам дали ме читаше по форумов ама дека и мене косава сува ми стана и се кинеше и мн портокалова ми беше решив да се офарбам црна. и сега 2 месеца како ми е црна плус се шишав пред 2 недели на фризер и косава ми се оправи да ти кажам :) мислам дека неможеш ништо да направиш штом после два дена ти е сува , само многу маски ставање (да ја држиш маската по 30мин) и плус да си користиш некое масло за коса
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Или црна да се фарбам? Ама несакам црна зашто после оди извадија да те видам.Па ја сакав да се фарбам кафена ама братучетками ме разубеди демек зелена ќе ми станела и од тоа се плашам :D :*