Абе како си сакаш фарбај се , да црната тешко се вади , јас се офарбав црна зашто веќе готово не сакам да менувам , а и сакам да ја пуштам долга косата. Ти можеш кафена да се офарбаш , на почеток првите 2-3 фарбања нема да ти покрие се после ќе биде супер. Само офарбај се потемно ако си сигурна дека нема да менуваш после
Здраво драга, може да ја подобриш состојбата на косата доколку редовно ставаш маски и третмани (во твојов случај би ти препорачала еднаш неделно). Еве ти предлог на неколку маски (за тебе најдобра е втората а може и третата маска). http://biodevojka.blogspot.com/2015/05/blog-post_9.html Доколку немаш етерични масла не мора да ставаш (иако овие кои ги предложив се навистина од огромна корист). Поздрав п.с. ти советувам да го пробаш шампонот на алверде од авокадо, верувај ми го препорачав на повеќе девојки и скоро сите ми пишаа дека ептен се задоволни од ефектите. Природен е, а за многу сува коса.
@Biodevojka јас ставам и маслиново масло со жолчка од јајце и ми ја омекнува косата но само првите два дена да продолжам да ставам или што викаш и ги користам овие капки
Здраво драга, маслиново со жолчка е супер, биди упорна и прави го на секои 10 дена. Јас најискрено би ти препорачала чисто арганово масло како она на оливал или биокосмос. Јас моментално го користам ова масло како серум за коса и како серум за лице под кремата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/olival.html. Не сум љубител на силиконски капки поради мојот став против силиконите во козметиката. На твое место јас би земала чисто арганово масло или масло од јојоба. Поздрав
Ставив завчера маслиново масло со жолча од јајце ама на сува коса и потоа ја измив со шапонот од алверде. Сабајлето кога станав косата ми беше мрсна како 6 дена да ја неам миено. Зашто така да не знае некој?
Здраво не си ја измила убаво косата. И мене еднаш ми се случи да се измијам ама не сум ја завршила убаво работата па откако се исуши косата беше масна и уште еднаш ја премив. Сега убаво ја мијам посветувам доволно внимание а не на брзина. Поздрав
@Biodevojka znaci ova arganovo od panten ne go preporacuvas...ic da ne frlam pari...da si zemam kokosovo za suva kosa m? izvinete na latinicata
Случајно улетав на темава, да препорачам кокосово масло како одличен стимулатор за сјај на коса, и за милион други позитивни последици од истото. Јас го користам ова http://www.icg.mk/images/products/coconut-oil.png @Biodevojka Секоја чест за блогот, совршен спој од корисно, паметно, здраво и интересно. Ќе го посетувам почесто од сега, браво
Здраво драга, ова масло не го познавам, ама еве доколку имаш можност да ги видиш состојките и доколку во декларацијата пишува дека содржи dimeticone, amodimethicone, cyclopentasiloxane и слични состојки со наставката оне јас не би го нанела воопшто затоа што станува збор за силикони а веќе добро е познат мојот став за истите. За кокосовото масло тврдам сама дека е одлично (доколку е чисто ладно цедено), исто како и аргановото и јојобата. Сите три се идеални како природни серуми за коса. Поздрав Ти благодарам многу драга, навистина многу ми значи. Голем поздрав до тебе и кога сакаш слободно посетувај го, блогот е за сите вас!
Andros проверен на мене и на моите пријатели сите кажаа да за овој шампон и плус нема да ти е мрсна а не само сува.
Имам мн суви врвови, ја скратив косата мислев да не е до тоа ама еве сега пак врвовите ми се премногу суви дали можам да ставам восок на краевите или тоа дополнително ќе ми ги доисуши. А инаку стандард користам капки од авон за суви врвови
Јас имав многу сува и доста оштетена коса поради бланширање (гооолема грешка!). Со многу нега и трпение денес имам доста здрава и сјајна коса која забележав дека расте побргу од порано. Еве како миење на косата: 2-3 пати неделно, исклучиво со благ шампон. За мене најдобар се покажа шампонот од коприва, оној од 50тина ден. Водата гледам да е колку што може поладна. При секое миење ставам или регенератор или маска, но никогаш двете, затоа што мн ми се мрси косата ако ги комбинирам. Моментално омилен регенератор ми е жолтиот од Орзене (црвениот од гарниер со арганово штотуку почнав да го употребувам, па сеуште не би го споредила со него), а омилена маска Gliss со портокалово капаче. нега на косата: Незнам што се не сум користела, некои од производите чинеле и повеќе од колку што треба но немало резултати. Фала му на Бога за Аргановото масло, за мене е откритие на векот! Најдобро ми делува кога го ставам на влажна коса, откако сум ја избришала со крпа, прво ставам на врвовите па потоа сосема малку погоре. Еднаш на десет дена мешам арганово и чичково масло, мешавината ја ставам врз цела коса и оставам да отстои околу час, час ипол. После тоа косата ми е неверојатно мека. топлина врз косата: Не ја сушам со фен никако, ја пеглам ретко, до 3 пати месецот, па и помалку. Ова го правам затоа што после секое пегланје забележувам ново оштетување на косата, што ме оддалечува од замислената цел. Ова правете го и ви гарантирам дека косата ќе ви се прероди. Јас порано ја стрижев секои 2 месеци, а сега и после 5тиот месец метил имам сосем малку, како да не сум ја стрижела само еден месец