Имам неколку пати ставено од еден во КАМ што го купив. Искрено не видов некој ефект, а имам фобија од затворање на порите.
Јас пред некое време приметив дека косата ми е многу изретчена напред каде што ставам сув шампон, претпоставувам дека е од тоа Паузирав некој период, и косата полека почна да ми се враќа во нормала. Сега сув шампон користам само ептен кога ми е потребно.
И јас се мислам дали е можно тоа, мене па многу ми се исуши косата ама и доста ми паѓа кога ја мијам. Сигуно некоја состојка е доста агресина, јас тој на нивеа го имам. Еднаш неделно прскам, не е пречесто ама осеќам дека косата ми е посува. Колку пати нанесуваше и колку време помина дури се врати во нормала? Ќе сменам и шампон јас, да видам дали ќе има разлика.
Го имам користено на Авон, но многу брзо ми се трошеше. Сега кога немам време да ја мијам косата ставам бебешка пудра на Бекутан и задоволна сум. За темна коса знам една другарка става какао, врши работа ама не е исто како пудрата или шампонот. Имав цимерка која си ставаше и брашно кога немаше пудра
Косата ја миев на 4 дена, и обавезно 4тиот ден ставав сув шампон, и така додека не истрошив 3 шампони. Потоа кога приметив дека ептен ми се изретчи косата престанав да користам, и сега веќе ставам 1-2 пати месечно, ако ептен ми е итно. Инаку не требаше многу време да се врати во нормала, но веднаш забележав дека е подобрена состојбата. Но јас и користам масла често за скалпот, па тоа можеби го убрза процесот.
Јас ставам руцинусиво ама од уши надолу. Ќе ставам овој пат на цела коса и ќе одбегнувам сув шампон некој период. Овој на нивеа за темна коса најверојатно е многу силен за мојот скалп, откако ќе нанесам и следните ден, два, некои делови од скалпот се обоени кафено и дури не ја измијам косата не излегува. Пробав и да ја исчешлам и со пешкир сепак наслаги остануваат. Претпоставувам тоа е штетно бидејќи ги затвора порите.
На мојата коса истиот ефект го има како пудрата, само е поздрава верзија. Нели во пудрата има талк, ова е пченкарен скроб мислам. Ставам и капка етерично масло, мешам со лажица, го ставам во шишенце од бебешка пудра и така го користам. Убаво мириса така. Земи си, не е скапо нишестето, пробај.
Сув шампон никогаш не би користела затоа што предизвикува опаѓање на косата ,боље ќе шетам со мрсна коса него ли без коса , обично користам бебешка пудра Бекутан и тоа ми помага.
Треба малце да ја растресеш и исчешлаш косата, на потемна коса можеби повеќе би се познавала бела прашкаста трага и секако, зависи колкава количина ќе испрскаш на праменот.
На Батисте шампоните во зегин се 189 ден. а во dm 269, дури и 300 и нешто имаше едни. Хелоуу, ни во dm во германија не се толку скапи. Нема многу избор, ама разликата во цената не е мала.