Да, парно имаме 24/7 дома и мојава собава особено, најтопла е... Епа тоа си мислев и јас, некако да не се изветреал евентуално ради такви причини.
Моето шише тогаш ептен се познаваше дека е употребувано, многу полесно беше од другото па така некако си поврзав. Сега најчесто буричкам во редот и земам некои што стојат поназад. Пробај чувај го на темно и суво место, јас во плакарче во спална почнав да го чувам и така.
Мене еднаш ми се случи со балеа сув шампон. Како што сеуште немам објаснување. Моја претпоставка е дека некако е се затнало тоа за распрскување и остнало подстегнато тоа за прскање па си испарувал
Го имате користено сувиот шампон со кокос од Балеа? Го имам тој со праска ама многу јако ми мириса па сакам да го сменам.
@Hellobeautiful јас последно тој го земав. Нема интензивен мирис како тој од праска. Искрено не се осеќа ни кокосот нешто, сличен ми е како обичниот за светла коса.
Сега баш го земав. Па штознам се осеќа и овој. Мириса исто како другите производи што ги имаат со мирис на кокос (јас кокос не осеќам во мирисот)
Јас еднаш купив и никогаш повеќе, и тоа на шишки само ставав, косата благо кажано катастрофа, уште толку мрсна, и покрај тоа што два дена само ја оставав да не ја измијам ми беше како цела недела да не видела вода, на цела коса не сум пробала ама нема ни да пробам. Кај мене единствено решение преку еден ден миење, и се помирив дека морам така, јас сакав барем на трети ден да ја мијам повеќе и да не ми е мрсна не би ја оставила ама тоа е.
Сувите шампони според мене се најлошо нешто за косата. Подобро измиј ја отколку сув шампон да ставаш. Браво што не ги користиш повеќе.
И јас не користам веќе, многу почна да ми паѓа косата на местата каде што нанесував. Кога го прекинав сама се обнови.
Драга зависи од составот. Не ја навикнувај косата на тоа. Подобро измиј ја. Ептен ако немаш можност ама еднаш не секогаш може... Само како што реков зависи од составот и дали ќе остава бело на коренот.
Ептен кога сум во брзање нешто, ретко употребувам, не секогаш. Дури во последно време ич. Зашто приметив дека повеќе ми паѓаше косата кога ставав. Не знам дали беше од пудрата или од тоа што ја бушавев косата за да се упие пудрата да не се познава. Па после кога ја расчешлував, повеќе влакна паѓаа. Ја користев на Косили. А за оставање бело на коренот, па минимално се познаваше. Се трудев што повеќе да ја упијам.
Мене бебешките пудри многу ми го сушат скалпот. Некако не ми се за ваква намена. Подобро ми е да ја врзам во реп. И сувите шампони не ми се покажале баш, повеќе ми ја мрсат и сушат косата
Батист ги има ли некаде на друго место освен ДМ? Зегин ги нема, Космо ми е далеку... Некој маркет на пр.?
Јас сум речиси и зависна од сувиот шампон. Едно од најупотребуваните работи ми е. Имам тенко влакно и веќе за 2 дена ми е мрсна косата, а стварно не можам да ја мијам преку еден ден, поготово есен/зима кога е поладно. Некогаш кога сакам да изгледам и екстра убаво знам и на тазе миена коса да ставам бидејќи дава волумен. Јас лично сум немала никаков проблем од сув шампон, мене ми ја спасува косата, и миена да изгледа и плус волумен и дава, некогаш е прав спас, стварно закон ствар
Да, многу ми се допадна, го користам веќе 2 месеци. Мирисот е исто интензивен и на овој од кокос, но пријатен, го чувствувам цело време на мене, дури и ме прашуваат кој мирис од кокос сум го ставила.