На Балеа освен тој од кокос, кој друг сув шампон ви се свиѓа и би ми го препорачале? Го дотрошувам тој од кокос, па, сакам сега следно со некој друг мирис да земам, да е така траен и убав како тој од кокос.
Јас овој го користам на Балеа , го купив септември месец , убаво мириса цветно, претходно имав еден со праски на почеток ми се допаѓаше, потоа почна многу тешко да ми мириса, така да тој не би ти го препорачала
Или од тие што се со пигмент за темна и светла коса, немаат тежок мирис како тој од праска, и јас го користев овошниот ама презагушлив ми беше.
Мене Батиста ми се подобри , Балеа по некое користење , го нема тој белиот прав што треба да го остави на косата
Препорака за добар сув шампон? Користам моментално на Батисте ама нешто ми паѓа косата од него, ми искачаат како бубулици и ме чеша скалпот. Благодарам
Која цена е овој и колку мл е? Вака малечок личи, ептен брзо да не се троши? Не сум го заприметила до сега. Поубав е од тие на Балеа?
Тие на Балеа ги немам пробано, мал е да 20g, цената му е негде над 200 денари точно не знам, во прав е, пробав од Батисте мене не ми даваја никаков ефект, овај ми е подобар, и читав многу лоши критики за нив, дека им паѓало коса. Од овој барем јас сум задоволна, колку време ќе трај не можам да кажам затоа што не го употребувам пречесто, можеби еднаш неделата. Некако ми ја прави косата посвежа
Јас користам на Балеа и сум прилично задоволна, еве денес ми е втор ден откако имам напрскано, уште терам
Batiste воопшто не ми се допаѓаат мене, пробав неколку и секогаш е истиот ефект, косата ми ја прават како тесто. На крај пак од Balea купив, најмногу ми одговараат некако. Мирисот ич не ми се свиѓа, ама и онака брзо се губи па сеедно ми е.
Мене па на Балеа ептен убаво ми мирисаат, а и доста трајни се. Особено тој од кокос, сите ме прашуваат што сум ставила на себе што убаво мирисало, а и ја цело време го осеќам мирисот. Инаку и јас се на Балеа секогаш се враќам, убави се и на Batiste ама некако многу тешко ми се чешла косата со нив.
Јас дека фалени од Batiste ајде зедов, не знам дали е до мојата коса али не видов никаков ефект иста ми беше, можи па и врстата ја згрешив, ќе пробам од Балеа
Тој од кокос е навистина прекрасен. Кокос си е кокос, кај и да е вметнат, мирисот секогаш е фантазија. Овој што го купив некако тешко мириса на почеток, чуден некој мирис што не можам да го опишам. Ама брка работа одлично, па не се ни замарам со другото.