Сега последно пробав таков ама и од него многу ме чеша главата по неколку саати. Од сите ли ќе ме чеша или да постои некој што нема да ме?
Најверојатно некоја состојка не ти одговара мене тие од Балеа не ми се допаѓаат. Има на Lush како со поприродни состојки, ама пробај го ако можеш од тестер прво да не даваш пари за џабе
Мене од Балеа ми бркаат работа. Нивеа ми се уште подобри ама не обврнувам многу внимание, кој го забележам прв на рафт го земам На Балеа имаат и доста пристапна цена
Јас имам сув шампон од балеа стрикно за темно кафена коса (така пишува на пакувањето) сакам да сменам,да пробам и други па ме интересира дали оставаат бели траги. Предложете некој добар.
На Балеа сувите шампони од 99ден што не вршеа никаква работа, ги качиле на 125. Тие не вредеа ни за 99. Ги земав како поевтини, но сега не планирам веќе, се прецениле. Ќе додадам 100 денари плус ама ќе си земам квалитетен производ од Batiste. Сега видов во месечниот каталог и се зачудив, никакви производи имаат Балеа, а си качуваат цени.
јас еднаш зедов од балеа за темна коса и ми се погоди, ем врши работа ем дава некоја доза на волумен. Тогаш беше со црвена цена 99 ден а останатите беа 115. Е сега ако ја накачија цената пак... Стварно не знам.
го има некој користено овој сув шампон? Барав на страница а на зегин и само овој ми излезе. Итно ми треба, немам дм во мојот град а засега не сум во можност да патувам ама и не сакам да купам каков бил.
Да, претераа... Нели порано ги имаше и во Зегин и поевтини беа. Сега не сум ги приметила, ги имаат ли уште, знае некој?
Дали некој друг забележал дека балеа сувите шампони се нешто различни од порано, немав користено може 6-7 месеци и сега го купив ама на косата ми стои неубаво, дури изгледа помрсна косата, инаку кафеавиот го имам
Сув шампон е еден од најдобрите производи што сум ги користела. Спас е кога ти се подзамрсила косата а немаш време за миење и сушење. Или, за да не ја мијам пречесто, со сувиов шампон ќе го одложам тоа. Gerovital ми се покажал како најлош, два пати зедов, дефинитивно таков веќе не. Balea најдобар ама само во dm го има па не ни е достапен на сите секаде, во тој случај Nivea може да пројде.
Мене па на Балеа ми се топ, имам купено неколку различни варијанти и сите ми се покажаа топ. Последно земав пена за суво миење, уште ја немам пробано. Мене ми треба ова нешто, баш ме спасува.