Јас па до сега немам користено сув шампон. Или измиј ја како што треба или уопште не се шлакај со спрејови, негде прснато негде не. Додека се шлакаш ќе се избањаш комплет.
А може и кога не ви е мрсна косата да прснете сув шампон, го одложува мрсењето и повторното миење за ден, два.
Новиов на Балеа како мириса, леле. Прекрасен мирис, штета што е лимитед едишн. Ефектот скроз солиден со оглед на цената што ја имаат. Мене навистина ми се океј Балеа сувите шампони. Ама навистина ми е криво што секогаш најубавите мириси им се со ознака лимитед едишн.
Дали и на вас Балеа ви прска вода некогаш? Добро го потресувам ама џабе, првите пати е океј потоа иако не е празна боцата прска вода и само ми ја водени косата
Не ми се случило ова никогаш досега, само Балеа користам од сувите шампони. Да не е нешто до самата боца? Или можеби прскалката е неисправна, можно е и тоа.