Девојки дали некоја го има пробано сувиот шампон на Lush? Веќе долго време го користам сувиот шампон на Алверде, задоволна сум но сепак на Lush ми изгледа попримамливо бидејќи на нивната страна пишува дека има освежувачки мирис на лимон, грејпфрут и зелен лимон
Баш ќе видам дали ќе ми одговаρа. Овој е за светла κоса. Аκо нема ефеκт, ќе κупам дρуг. Не може ништо да го замени κласичниот шампон, ама добρо е да се има ваκов шампон за итни случаи.
@SummerGirl @Mini90 јас го имав овој сув шампон на Балеа (ама за темна коса) и не ми се допадна воопшто , ја плеткаше косата ужасно одма во канта го фрлив. Не можам да го прежалам сувиот шампон на Балеа со мирис на ванила , да знаев дека ќе го повлечат ќе си обезбедев залиха пробајте го па баш кажете ми како вас ќе ви биде @UnordinaryOne сигурно мириса префектно , ако го пробаш те молам да ми кажеш каков е
Во план ми е да го пробам, обавезно ќе споделам импресии Исто таа можам да ти го препорачам сувиот шампон на Алверде, многу е подобар од сувите шампони на Балеа, јас сум презадоволна. Начинот на нанесување е малку специфичен, ама се е до навика
Јас го користам Advance Techniques dry shampoo на Аvon. Имам пробано неколку, и досега овој најмногу ми одговара. Многу убаво мириса, пријатно, не остава бело на косата кога ќе се испрскаш како повеќето други, а си ја врши работата. Плус не е многу скап, а ми трае подолго. Веќе второ пакување користам, и мислам дека нема да го сменам уште подолг период.
Околу 250 денари, во Рептил маркетите. На другите места не знам, прв пат го приметив таму и многу ме интересира дали е ефикасен.
Подобро нешто од сув шампон за коса мислам дека човештвото нема измислено. Мислам, Господ здравје да му даде на тој што му текнало на ова. Јас го користам на Балеа, тој што е за кафена коса, поради тоа што коренот ми е кафен - мојата природна боја, и сум преееемногу задоволна. Вистински спас за оние моменти кога немаш време да ја измиеш косата, а ти се замрсила. А и не е премногу скап, а ми трае долго време поради тоа што не го употребувам секојдневно, нели.
Никогаш не сум и никогаш не би користела. Некако шампон без вода (и обратно) не ми оди. Може сум грешка, ама мене гадно ми звучи. Се знае, миење со вода и шампон, со се`.
Јас го пробав оној на Балеа за кафена коса и ме изненади навистина. Не ја прави косата баш исто како миена, нормално нели, но ако немаш услови и време е баш супер. Само мирисот не ми се допаѓа, чуден ми е многу. Сега сум во план да земам од Батисте да ги пробам.
Гадно звучи ама ако имаш долга коса и на -10 имаш битен настан кај што мора да излезеш - верувај - сув шампон е најдобро решение. Пример театар, изложба, некое непланирано кафе. Ладно е, не можам да измијам коса оти гарант ќе настинам, а вака со шампонот ја маскираш мрснотијата. Јас го користам само кога е "ножот до коска дојден", не е замена за класично миење, ама во дадени ситуации врши и те како добра работа.
Alverde има сув шампон?? Како јас тоа до сега да не го знам.. И каков е? Цена? Ефикасност? Состојки? Обично сите суви имаат пропан, бутан и сл. глупости што се многу штетни за кожата на главата, и мене ми прават првут.. Исто од Lush ми го имаат фалено.. @Biodevojka ако имаш да препорачаш некој натурал сув шампон би било супер..