Мене овој ми е најдобар. Ми мирисаше нешто слично како лак за коса и најмногу ми се допадна е што не оставаше бело на косата а имаше ефект и како другите суви шампони од Батист.
Јас го користам сувиот шампон на Gosh. Сега гледам дека во Космо е на попуст а за тие пари не е лош, плус има убав мирис
Денеска видов сув шампон на Dove, околу 250 денари беше, не памтам точно. Дали некоја го има користено и како е задоволна?
Ќе се самоцитирам, и ќе ја означам @MacenceEna да ја потсетам да ни пише дали го пробала сувиот шампон. Се мислам дали тој да го земам, или да си продолжам со Batiste.
Јас го купив тој на Syoss синиот, на него пишува дека е за volume lift. https://anastasiavifor.files.wordpress.com/2014/02/syoss-dry-shampoo.jpg Зелениот е демек за впивање маснотии ама јас се одлучив да го земам тој за волумен. Јас сум презадоволна, иако е поскап - 235 денари, сепак ќе го користам многу ретко. Прво мислев дека остана бело ама после со фен белото го снема, а волумен повеќе отколку кога ја мијам косата со шампон, како да сум била на фризер за фенирање. И маснотијата ја впива мошне добро. Мирисот исто така ми беше многу убав. Thumbs up from me
Да го испробав како за прв пат задоволна не остава бели траги, како Пудра . Тоест многу малку . Ама при расчешлување немаше ништо . Косата ми беше средена. Плус што е најбитно немав непријатно чешање Што го имав од други суви шампони. Инаку си имам ја едно 3 - 4 на лагер од различни марки . Од мене позитивно мислење
Но не ја лепи косата така? Пример јас имав такво искуство со тој на Балеа И како мириса? Ти благодарам на одговорот
Го земав од Tinex. После кратко дување со фен не останаа бели траги воопшто. Со бебешка пудра немам искуство. Косата не се лепи, јас после ставањето не ја расчешлав бидејќи вечерта секако ја миев косата, сакам само да пробам така да не знам колку време би траел тој добар ефект бидејќи јас ја измив после два саати и беше океј, не беше залепена.
Значи предобар е сувиот шампон. Пак да пишам . Менр косата многу брзо ми се мрси.. Веќе вториот ден од миење ми е мрсна кај шишките што многу ме нервира. Вчера веќе 3 ден како не ми беше миена,, ставив од него. Денес ми беше супер косата Истерав уште еден ден. Користев како што кажав повеќе. Лореал, Батист, Балеа ама од сите имав чечање. Овој нај асален ми се виде
И јас дојдов да го пофалам сувиот шампон на Балеа, од линијата на LANGHAARMÄDCHEN, подобар од обичниот на Балеа, поубаво мириса, со подобар ефект. Не остава бело ако се следат упатствата и косата може со едно прскање да издржи и подолго од еден ден. Го препорачувам.
Oвој го користам веќе некое време, може до пола е потрошен. Убаво мириса и остава свежина, косата може да издржи уште два дена што е олеснителна околност бидејќи од вкупно 3 шампони што користам само ова е спасот! Го купив од парфимерија 240 денари.
199 денари. Инаку овој е тој од кој сум задоволна А тој што претходно го имав беше овој за бринети, има и за руса коса, и чини околу 150 денари. Има повеќе видови сув шампон на Балеа, во различна амбалажа/боја.