Имам користено еднаш на балеа за темна коса мислам беше. Јас сум бринета и не сум задоволна ич. Незнам дали повторно би ставила сув шампон на косата.
Сувиот шампон на КАМ го нема , јас го барав минатиот месец уште , штом и вие не можете да го најдете изгледа е повлечен од продажба знам @Mishela го користи па нека каже дали можеби некаде го видела Јас од кога почнав повторно да ја фарбам косата со фарба се вратив повторно на сувиот шампон на Lush , одличен е и веќе не го менувам за ништо , друга алтернатива на Батист сувите шампони најдобри според мене тој со цреша и тој за темна коса
Не знам, немам проверено. Одамна ми е потрошен па не сум проверила што и како зашто купив друг од Балеа и него го користев извесно време.
Јас па мислев дека само во мојов град прекинале да го носат во Кам. А најубав ми беше од сите. Инаку Батисте сувите шампони сега ги има и во аптеките Зегин, беа на промоција 185 денари. Не знам дали се уште толку.
Не сум плава а и не можам убаво со пудра по корен да поминам, цела сум бела после. Ќе побарам некоја друга алтернатива. Фала ви.
Во Зегин се 185 денари, 200ml. Ама во Бт ги има само две врсти, оригиналниот и тој од цреша, не знам во Ск дали држат и од другите.
@MonikaM113 како што кажа @kristina.k ,и во Скопје плус ги има во ДМ и другите видови, цените се од 200 и нешто па се до кај 300, зависи кој.