Јас не бев задоволна , имам пишувано во темава за него , не можев никако потоа да ја расчешлам косата , место да ми даде волумен , ми ја слепуваше
Пред некој ден го купив сувиот шампон на Батист, само еднаш го користев ама многу чудно ја осеќав косата како тешка, и главта ме чешаше Треба да има вакви ефекти?
@Slatkish255 Јас не бев заодовлна од сите Батисте шампони а напротив , не треба косата да ја чувствуваш тешка , туку да имаш волумен , и не е нормално што те чеша главата. Некоја состојка ти смета очигледно
@Luminary мислам кај тебе го видов дека го имаш купено, доколку ти е испробан ќе може да пишеш 2-3 збора за шампонов? Ако сум те помешала, извини.
Да да, јас го купив. Ама сеуште го немам пробано бидејќи сакам прво стариот да го дотрошам. Кога ќе го пробам ќе пишам
Јас го користев сувиот шампон на Балеа и тоа не многу често во период од некој месец и пол. Се уште ја опоравувам косава, страшно колку коса ми падна. Ако веќе морате да го користите гледајте да е многу ретко.
Никогаш немам користено шампон за суво миење на косата. Ќе ве молам за препорака (од искуство) кој е најдобар шампон и како се користи. Фала однапред!
@MIA-SK ќе те означам тука , темава е баш за сувите шампони има во вид на спреј или во прав. Јас често ги користам тие на Батисте , а во прав имаш на Балеа и на Лаш. Се прска на коренот од косата и правиш блага масажа за да се `разнесе` белиот прав насекаде и на косата да ти даде волумен. А кој е најдобар според мене овие
Го зедов денес. Случајно го видов а не знаев дека и Нивеа имаат сув шампон и тоа во 3 вида, за светла, смеѓа и темна коса. Го има некоја пробано?