1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Судството во Р.Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 26 февруари 2015.

  1. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    А нели едно време имаше статии по весници дека најголемиот проблем во целиот случај е што дедо Љубе ја поседувал пушката без дозвола?

    @BoaVista во секој случај искрено верувам дека судијата ќе ги има во предвид сите олеснителни околности кога ќе ја носи пресудата. Според мене не е до измената на законот (инаку castle doctrine не е закон), затоа што секој закон доколку оние кои го спроведуваат се нечесни може да се злоупотреби. Ама пак вака како стојат работите, некако многу работи зависат од судијата. А што ако станува збор за случај кој не е вака медиумски експониран? Или осомничениот не е кроток старец со преку 70 години?

    @XMaN можеби дека сум растена во воена фамилија и самата сум сопруга на воено лице и живеам во база па имам поинакво гледиште на нештата, јас се согласувам дека ваква некоја одредба е фино да постои.

    На крајот се надевам дека дедо Љубе ќе биде ослободен. Само што жално е да се гледа стар човек што доаѓа од село до каде нема пат да го малтретираат по судови со милион рочишта.
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    @elanor законот не може да ја предвиди и пропише баш секоја ситуација, па поради тоа е оставена слобода на судијата во судска постапка да ги изведе сите докази и да ги земе во предвид сите отежнувачки и олеснувачки околности.
    Законите никогаш не се читаат буквално, законите се толкуваат.
    Што би се случило во едно општество ако на секој напад се одговара со убиство?!? Ако на секоја расправија или закана се одговара со тешка телесна повреда? Затоа е и потребата така да биде регулирана нужната одбрана. Затоа законот убаво предвидел, дека одбраната по интензитетот мора да одговара на нападот. А судијата е тој кој ќе процени дали одбраната одговарала на нападот, земајќи ги во предвид сите факти и околности кои се различни за секој случај.
     
    На mime87 и Hipster им се допаѓа ова.
  3. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    @BoaVista Апсолутно дека е потребно да бидат регулирани ситуациите со закони. И апсолутно е точно дека нема теоретска шанса секоја ситуација да биде предвидена и да подлежи на одреден законски пропис.

    Вториот пасус од твојот пост не ми е јасен во контекст на мојот претходен пост.
    Никаде не реков дека човек треба веднаш "за пиштоли да се фаќа". Понатака, јас навистина не познавам модерно демократско општество каде на секоја расправија или закана законски е дозволено да се одговори со тешка телесна повреда. Тој концепт е доста архаичен и јас искрено се надевам дека во блиска иднина ќе биде далечно минато за сите општества на светов.
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    @elanor тоа го напишав во контекст на моето објаснување зошто мора да биде дефинирана нужната одбрана баш како што е дефинирана, не беше конкретно за дел од твојот пост :)
     
  5. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    хахаха ок. мала збунка :)

    А инаку има некои новости за судењето?
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Нашето свето судство е далеку од праведно за жал;) добро знаеме низ кои призми се води , и како на одредени криминалци им се прогледува низ прсти!
    Сведок сум на една случка во мојот град , каде тежок престапник не се појавува на судење 3 пати , и судијата не се дрзнува да го повика ни милум ни силум , иако има право , бидејќи секој граѓанин треба да се јави на повик од судијата, ама знаеме дека ако имаш вујко владика се е можно , односно ако имаш длабок џеб, никогаш нема да те касне змија :devil:
     
  8. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некое правно лице да ми пише во ЛП за консултации околу имот? Комплицирано е, не знам каде да прашам.
    Фала однапред