1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Суицидална депресија.

Дискусија во 'Врски' започната од sloncetodumbo, 20 септември 2026 во 16:25.

  1. sloncetodumbo

    sloncetodumbo Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.

    Можеби форумот не е за мене бидејќи сум машко, но сакам да споделам како се чуствувам.

    Со мојата бифша партнерка ( на далечина бидејки живеам во странство ) одевме 5 ипол години, и за тие 5 ипол години изградивме многу работи заедно, и навистина се сакавме и навистина беше голема љубов, мислев дека ќе останеме заедно за цел живот.

    Јас во последните 2 години од врската, имав проблеми со анксиозност, и неможев поради тоа да се опуштам интимно со неа, но наспроти тоа, секогаш се трудев да бидам добар дечко, и секогаш ја ставав неа на прво место.

    И наеднаш ми се случиа многу лоши работи во животот, имав огромна повреда, ги скршив двете раце, моите родители сакаа да се разведат, и тука почнав со конзумација на канабис. И додека бев во болница, и под дејство на канабис, на сите тие силни лекови, не бев при себе и и се истурив по пораќи и и кажав дека сакам да раскинеме. Бев мазохистички настоен спрема самиот себе.

    И очекував барем малку да има емпатија спрема мене во каква лоша состојба сум бил во моментот, кога и кажав дека ми е жал и дека не сакам да раскинеме дека се каам, таа ми кажа " Можеби некој ден, ако видам дека навистина си се подобрил, а за сега сакам да останеме другари ".

    Реков океј, секако сакам да се подобрам, да бидам подобра личност, и комуникацијата продолжи меѓу нас сосема нормално, секој ден комунициравме и ми се чинеше како да е се во ред.
    Додека еден ден не ми се јави и ми кажа дека запознала нова личност, и дека и е жал, дека сеуште ме сака, но неможе веќе со мене. Дека со таа нова личност е "сѐ како што треба да биде". Не сака да ме изгуби од својот живот, сака да останеме другари, но не и повеќе од тоа.

    Тука ја прекинавме комуникација и оттогаш поминаа 6 месеци.
    Светот ми се распадна, неможам да разберам како единствената особа на овој свет за која бев сигурен дека сѐ би сторила за мене можеше да ми го направи тоа, како сите овие 5ипол години да не и значеле ништо, и притом знаеше во каква тешка ситуација се наоѓам во тој момент.

    Ме остави, и продолжи да си го живее животот како ништо да не е било меѓу нас, да објавува фотографии и слично, како да и е гајле за мене, ниту еднаш не ми напиша да ме праша како сум.

    И неможам еве сеуште после 6 месеци да ја преболам, неможам да се помирам со фактот дека таа веќе не е моја, сеуште сум многу емотивно зависен од неа.

    Целиот живот ми стана сива депресија, пробав да работам на себе, да не мислам на неа, пробав да се движам, да се дистрактирам од болката.
    Но ништо не помага, после 6 месеци само ми се врати уште поголема депресија, неможам веќе да уживам во работите што ги сакам, ништо не ме исполнува.

    Во меѓувреме се тешев дека е во нова rebound врска и дека можеби нема да трае долго, и сакав повторно да пробам да се смириме, но пред 2-3 дена видов дека објавила фотографија со новата личност, и тука веќе ме скрши целосно на парчиња.

    Не можев веќе да издржам, земав скалпер и си ги исеков вените на раката. Цела вечер течеше крв, целата постелнина беше во крв, но ништо не се случи. И неможам повеќе да ја издржам оваа болка, и не гледам никакво друго решение, сакам да се самоубијам. Веќе не гледам иднина, ништо не ме радува, кога помислам на иднина се гледам само себеси како и по 2-3 години повторно тагувам за неа, а не сакам да најдам друга партнерка, бидејќи неможам повторно да сакам така некого како што ја сакав неа, и не сакам друга личност, ја сакам само неа.

    И неможам повеќе, еве веќе 4ти ден како неможам ништо да јадам, неможам ни да заспијам навечер, цело време само плачење и анкциозност, нема ни 5 минути да запре болката. И навистина размислувам да се самоубијам, само така гледам излез од оваа криза.

    Се извинувам за големиот пост, но многу ми е тешко и сакав само да споделам.