Откако една личност ќе испуши одредена количина на марихуана добива опуштеност и искулираност до крајот на животот, Петре топло ти го препорачувам тоа, ќе ти се најде во животот. После тоа можеш да пуштиш и суканици, ќе ти изгледаат во стил.
Да живеев во малку поцивилизирано опшество, шо секој си ја гледа неговата работа и не се засега за комшијата шо правел или онаа шо шетала сама и слично, нема ни да се мислам, одма ќе си направам! Ама за жал такво ни е опшеството и само ради муабети и она настрана гледање и автомацки лепење етикета дека сум бездомник или неарна шо сум си ја направила косата суканици, си кротам.
Дојдена ми е гостинка од странство и многу сака да си ја направи таква косата. Веќе неколку дена само симнува слики и ми збори за тоа.. никако не можам да ја разубедам. Ме интересира дали некој знае добар салон, кај што прават суканици и колку кошта тоа?
Моја братучеда носеше порано,коа беше мн. зацапана по журки и сакате верувајте,сакате не фати вошки,вриеше,мајка и кажа дека едвај и ги исчистила , чинија напунила сега не знам дали биле од друг носени или како и да се прават тие суканици не сум добро запозната со тоа , ама битно вриеше од вошки..
Јас сакам еден ден да направам. Сега ја растам косава и кога ќе ја пораснам доволно сакам да направам суканици. Мене ми се кул и не ме интересира некој дали ќе ме осуди за тоа и ќе ме нарече гнасна или не знам што. Тие што ме сакаат ќе ме сакаат секако, другите воопшто не се битни.
Ауууу не не никако не сакам не ми се бендисуваат, ако се убави зошто тогас познативе личности не ги прават
НЕ!! Причина : не можат да се остранат од косата мора да се ишишате на нула и плус доколку сакаш да изгледаш секси и елегантно суканиците ќе го уништат сето тoа.
А имате претстава што значи одржување хигиена на косата кога имате суканици? Имав една цимерка од Јамајка со суканици и делевме купатило заедно. Хорор. Косата ја миеше еднаш неделно или на две недели затоа што ужасно ја чешаше, заради потта, нечиста кожа на скалпот. И требаше 2 саати да ја измие со шампон и да ја исплакни косата, притоа викаше помош од пријателка (арно не ме викна мене) да и ја придржува косата затоа што вратот не може да ја искрепи тежината. За да ја исуши, константно дува со фен околу 3-4 саати. Не морам да кажам дека останав без спиење од звукот на фенот. Наредниот пат кога ја видов, беше стрижана кец.
Мислам дека тие што сакаат да направат суканици баш и не се тип на девојки за црвени фустани и сл. па да сакаат да изгледаат елегантно...секој си има свој стил, ако е тоа нивниот зашто да не.
Лелеее, не очекував волку негативни коментари за суканиците. Мене ми се ептен cool и се мислам дали да правам летово. Не сакам долги(не ни имам коса за долги) онака кратки само на горниот дел од главата. Вака нешто: https://www.instagram.com/p/BQZJH1MDdNA/ Само не знам кај би ми ги направиле, ако може некој фризер да ми препорачате. И отприлика колку им е цената?
Суканиции ехх .. бев едно време јас во реге стил кога сакав цела коса да си ја направам суканици .. мајка не ме остави ниту плетенки ниту суканици ќе сум фатела вошки подоцна сакав само две или три најдоле кај вратот делот од косата , но потоа ме фати друг стил и се премислив . И никогаш не си направив . Сега и да сакам , косата ми е толку ретка што би ми останале само 2 прамени нормална коса
Колку негативни и ограничени размислувања зошто...? Како и да е Ми се допаѓале од секогаш. Во тин годините имав, ми одговараа со стилот а и со самиот начин на живот. Ќе побарам слика (пошто тоа беше пред околу 10 години, ако не и повеќе), се надевам ќе најдам па ќе споделам. Би направила пак но тешко ми е да ја пораснам косата. Едвај ја растам до рамена и повторно ја шишам скрос кратка. Сега повторно ја пуштам, ако издржам да дојде до половина, повторно ќе направам па ќе Ве деноноќно тероризирам со слики во https://forum.femina.mk/threads/Вашата-коса-преку-слики.15996/
Мене ми се интересни. На себе не би направила, немам таков стил нити лик за да ми стојат. Не знам колку се хигиенски.
Јас имам суканици. И кога ги читам коментариве за вошки и хигиена ептен е смешно, поима немате а коментирате. Хигиена се држи и со суканици дами и господа, а тој што е прљав и со долга и со кратка коса е прљав. Ама не би се мачела да објаснувам понатаму. А за стилот, поштувам секој со свој стил, и да суканици не може да носи секој. Треба да знаеш како се носат