Епа затоа имаме право на избор.Јас одбирам тоа што ми е ок. Нормално дека и тоа е точно,кој не си одржува хигиена нека му ја мисли. Јас не си дозволувам така,а и не планирам да сум со некој таков А суканици ако си направи ке го истрижам на спиење САмо суканиците се тешки за одржување,а долу сигурно не ни расти цела шума,па и да е заплеткана,па да се собираат разни работи.
Да, само што исто како што кога ќе ти се појави тебе некој типтан среден, од каде знаеш колкава километража има долу и од каде ќе знаеш во каква се не дупка има влезено, иако тебе ти изгледа сасвим океј ? Така и кај суканиците. Не значи некој ако ставил суканици дека не одржува хигиена, вошкосан, СО БОЛЕСТИ! Може некој е со суканици и сто пати почист од мене и тебе заедно,косата плус од горе расти,така да ниту го спречуваат растот на косата, ниту ништо. А, и ти ако ја пикаш главата секаде ќе фатиш вошки. Всушност лесно можеш да приметиш по суканиците дали некој ги одржава или само ги ставил на него. Исто колку што можеш да приметиш дали некоја ја измила косата денес или од пред недела дена.
Епа извини ама јас си кажав мислење за суканиците.Ме асоцираат на нечисто и изгледаат неубаво,а и ти се молам,не се ко обичната коса,тие повеќе се валкаат и собираат нечистотии сигурно. А со тоа се и подобра територија за вошки и болести. И ги ставаат пошто не сакаат да се грижат многу за својата коса.Друго е уредна фризура и здрава коса,а друго плетканици. Да ја уништуваш косата,за што? Можи и да ги одржуваат,ама сепак не изгледаат убаво по мое мислење и точка. Ќе се дотера некој се,а на глава тарантула
И ги ставаат пошто не сакаат да се грижат многу за својата коса. И ги ставаат пошто не сакаат да се грижат многу за својата коса. И ги ставаат пошто не сакаат да се грижат многу за својата коса. И ги ставаат пошто не сакаат да се грижат многу за својата коса. И ги ставаат пошто не сакаат да се грижат многу за својата коса. Не дека ги ставаат за стил, никако. Не дека потешко се одржуваат од обично влакно. Спојлер Споредено со ова?
Не сум за али не сум ни против зошто секој си има свој стил и некој навистина ги обожава- тоа го почитувам и затоа сум за но сум против не заради нешто друго туку затоа што не ги сакам, не ми изгледаат убаво не ги преферирам наместо обична коса но исто така не се согласувам со тоа дека тие се нехигиенски зошто сепак тоа зависи од хигиената,
Ама еден стил УПМ! И овие на дами ли ти личат? Со средена фризура? И одржувано влакно? КАко и да е,грдо ми изгледаат. И ме потсеќаат на оние од реге стилот,оние што воопшто не се замараат за ништо.
Не ми личат на дами, туку на девојки најнормални. За мене се најнормално средени и во фризура и во све. Некоја без суканици шета смрсена во косата,ама аку одржано и е влакното. А, реге стилот си е супер. Да се водеа сите по нивната филозофија, светот ќе беше подобро место за живеење, без предрасуди кон едни обични суканици.
Добро бе Ashling,што сега,ќе се убедуваме? Јас кажав,не ми се убави и крај.Ми изгледаат неубаво и неуредно. Епа ако се најнормални девојќи,што можат да се одржуваат и се,што ќе им се суканици? Место да се дотераат убаво,да имаат средна и блескава коса.Јас почитувам таква коса. А тие што одржуваат влакно и да им е долга косата,се,се сомневам дека би си дозволиле мрсна да им е,кога веќе толку труд во одржување вложуваат. Ете,за мене суканиците не се фризура. Регето не кажав дека не е супер,кажав само дека најчесто тие носат такви фризури.Ама тие не се замараат многу и сметам дека не се грижат многу и за косата. Ете тоа е од мене.
Ок девојки сите си имаме свое мислање и нема за што да се убедуваме овде Јас сум за и тоа не значи дека не се грижам за својата коса (да знаете само колку се грижам за неа) но ете така ми се свиѓаат суканици, не се како овие што погоре сте ги ставиле,незнам не успеав да најдам на гугал такви какви што сакам, ако подоцна најдам подоцна ќе ви постирам. Секако ок се ми за девојчиња до 17-18, но не и за дами.. иначе не носам суканици само оти се трајни, неможе да ги правам наутро на навечер да ги растурам и не одат со стилот што го имам неоди фустан, штикли и суканици нели?
Епа така е,секој има мислење,јас си кажав и зошто не ги сакам,а тој што си ги сака,нека си ги става (И нека си биди ок со луѓето со суканици) И се надевам ќе си ги одржува.Плус помалите повеќе експериментираат,па ете,нека си ставаат.А вакви како овие на сликите не ми се ок.
Да не има некој поим, колку пари е за да се иссука цела коса, не многу ситни, и не многу дебелим, она средна големина суканици? И колкави би излегле на оваа должина коса? Ме фаќа апеж да си ја напраам цела коса, чисто меракот да ми помине, оти ќе остарам и ќе се прашувам, што ако тогаш на 22 години си направев суканици
Мене суканициве не ми се допаѓаат, прво бидејќи воопшто не ми изгледаат убаво,туку одбивно,а второ од хигиенски причини. Спојлер Ме потсеќаат на змии.
^Ајде бее .. Мене па на крокодили. Прашував секаде за суканици кој, како, што, зошто, и скоро сите Коска ми го препорачаа, ама и ме предупредија дека малку бил поскап. Иначе кој знае цена за кај Коска, нека ми пише ЛП. Искрено многу ми се умислени маалскиве со цените. Изреволтирана си ја заплеткав сама косава и сеа си имам суканица. 3 пати ја напраив, 3 пати ја отплеткав и сеа каква е таква, ќе си ја носам. Не ја мачкам со ништо, нит ја горам, само со игла ќе ја досредам и ќе барам такви не знам како се викаат за на крајот да си ставам (такви округлести).
Имаш преубава коса и ако направиш суканици ќе си ја уништиш косата,не само додека имаш суканици туку и после тоа.Ако ти е толку мерак,напрај си една-две и ќе ти помине меракот.Барем кај мене така беше
дали знае некој да ми објасни постапка на правење суканици??знам дека се прават со игла за хеклање ама како нз :с
http://www.youtube.com/watch?v=5jWVtRe9IU0 Крајот е со игла, да ги потсобереш оние влакна што штрчат. 6 минута во видеото.
Јас имам една Ми почнува од зад уво па се до половина.. Си имам ставено и ластичиња во жолта, црвена и зелена боја. Раста ол д веј! Нема да зажалите ако си ставите. Јас ја имам веке еден месец па сеуште ми е ќеф како вчера да сум ја ставила. Многу убаво стои посебно кога ја факам косата во висок реп а само суканицата ја оставам да ми паѓа надолу.. Ама се е до вкус. Во секој случај почнете со една па ако сакате секогаш има време за повеке.