1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Суров свет

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 5 мај 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Дали мислите дека живееме во суров свет, дали тоа ве разочарува?Јас на прсти можам да ги избројам луѓето на кои им верувам. Скоро и да немам доверба во луѓето и некако се се сведеува на интерес. Додека имаат интерес луѓето се добри. Па како се справувате во овој суров свет. Јас си гледам за себе и се трудам да не се замарам со другите.
     
  2. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    суров свет

    Поздрав за новата тема. Има многу што да се каже и одговорот на ова прашање би го дал и одговорот на тајната на посреќен живот. Да животот е суров и уметност е да не се замараш со другите, ако тие упорно не те оставаат на мир и ако нешто ти зависи од нив, ако некого едноставно по игра на случајот не можеш да го игнорираш, е тогаш некој да ми каже што да се прави?
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    суров свет

    Јас сум енергична, мотивирана,сакам дружење и сега засега имам ентузијазам,ама такви луѓе и ми фалат, без прерасуди, без комплекси. Се плашам дека од такво сурово опркужување ќе затапам со тек на време и ќе сфатам дека ништо не вреди, вреди само да си злобен и користољубив.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    суров свет

    Секако дека е суров светот, изместени се вредностите на нештата, се е обратно поставено.Не е дека нема добри луѓе, но повеќе има лоши.Обично луѓето ги губат оние кои нив ги почитувале, имале доверба во нив, не мислејки дека тоа е токму поради нивниот интерес кон она кое тие можат да го придобијат од нив, затоа и ги изгубиле.Ретки се луѓето кои ги имаат и почитуваат вистинските вредности, што незначи дека нивната добрина треба да се злоупотребува.Човек треба да си има граница до каде треба да оди со своето однесување.Светот никогаш нема да се промени, се додека луѓето не се променат себе си, во спротивно ќе биде вака како што е и нема потреба некоја комета или др., да не уништи, нели, впрочем за она што се зборуваше, за крајот на светот, самите ќе се уништиме, се знае како.Треба да има за се баланс, ако нема, не може некои работи да функционираат како што треба.Џабе не рекле „ чиста сметка, долга љубов“.
    Почитувам и сакам да ме почитуваат, ако согледам дека не е така од другата страна, не се замарам повеќе.
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    суров свет

    Светот е суров, сурови се оние сто ни се најблиски. Сите се ука кога им треба нешто, гледаат само од корист. Нема многу луѓе на кои можам да им верувам. Досега кога ми било најлошо и најтешко до мене била само мајка ми и дечко ми.
     
  6. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    суров свет

    ние сами луѓето го правиме светот да биде суров па после кје имало олуја,кје имало припек,сушна година... на денешен ден најголем Христијански празник излегол со трактор на нива кје оди и да ти се плукнам во верникот.затоа и луѓето се делат на добри и лоши но секогаш почнете од себе пред да осудите некој друг.
     
  7. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    доверба? татко ми и најдобрата другарка...се е друго пеколно сурово
     
  8. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Што се луѓето расипани, користољубиви, подли и злобни, тоае факт. Но тоа никогаш не ми дало инспирација да станам и јас таква, затоа што тоа не ми е во душата. Таквите луѓе ме тераат да размислувам како да опстојам, кој е законот на универзумот, затоа што СИЛНО ВЕРУВАМ ДЕКА ДОБРОТО СЕКОГАШ НА КРАЈОТ Е ПОСИЛНО ОД ЗЛОТО И ПОБЕДУВА.
     
    На Tanjamm, hermosa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Светот отсекогаш бил суров, само луѓето било поинакви т.е нивните сфаќања и нивните погледи кон светот.
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Доверба имам само во тројца мајка ми ,најдобриот другар и најдобрата другарка
     
  11. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    некои луѓе не се вредни ниту колку калориите што ги трошиме додека збориме со нив затоа јас не се замарам многу што ќе речат другите за мене што ќе помислат,а немојте ни вие :) ;) :*
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Се храниме како камелеон:со воздух зготвен од ветувања...Некои беснеат ко море што сака ветрот од власт да го лиши...
    Суров свет?Да,да....исто така се согласувам и со мислењето на форумџиката над мене ;)
     
  13. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Суров свет... Од градинка до старост се сретнуваме со различни неправди - во приредбата ќе учествуваат деца кои полошо играат и пеат од нас затоа што родителите им се фаци, на лекар ќе чекаме со саати додека сите врскаџии не си завршат работа, на факултет ќе пагаме на испити затоа што не сме му симпатични на професорот, на работа шефот ќе не малтретира со поголеми обврски од потребните за да ја завршиме и неговата работа, а тој после да се пофали како се сработил... Навистина светот е суров, но ние треба да бидеме оптимисти, да се надеваме дека некогаш и нас ќе ни се намевне среќата - некогаш и ние ќе пееме и играме, некогаш и нашата работа ќе биде пофалена и наградена, некогаш и ние ќе ја достигнеме нашата цел... Светот е суров, но ние сме луѓе, а главна човечка особина е да се бориме за подобар живот, за подобро утре... :)
     
  14. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    И најсовршено да е, пак ќе биде суров..Таков е и животот и светот..
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Светов е - Борба за опстанок.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Не е толку животот суров и безмилосен колку што одредени луѓе знаат да ти го претворат животот во пекол од проста причина да те гледаат како страдаш и да се хранат со твојата несреќа со една единствена цел да не напредуваш и ти да бидеш на дното а тие на врвот. Денес никој не ти мисли добро дури и брат/сестра може да те издаде и да ти зарие нож во грбот само поради наследство .
    Не им верувам на другите од причина што знам колку се злобни и што се спремни да направат, не случајно ми се прекинати сите роднински врски, лажно пријателски односи тоа се тие кои први ќе посегнат по тебе да удираат со камења и ножеви. Верба имам само во Бог и мајка ми .
     
    На Tanjamm, Rama, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    @fallenangel Потполно си во право. Го делам истото мислење.
    Туку дојдоа лоши времиња, светот се промени, народот, па дури и самата природа и земјина топка.
    Се стана површно ефтино, самиот народ, и сето тоа ради модерниот свет ради технологиите во него.
    Сите сакаат повеќе и повеќе, има љубомора многу, завидување, безпарица...секој гледа на него да му биде добро, никој не се замара со тоа како ти е тебе. Народот се јаде еден меѓу друг, одмаздува, се бори за една основна живеачка. Сето тоа е ради модерниот свет, ради помослата за повеќе и поврќе во животот, сите се туркат за еден дел. Многу одамна овие проблеми, овој суров свет го немаше меѓу луѓето затоа што сите имале едно, толку и не се знаело што е пара, љубомора, завист. Никој не очекуваме животот да ни тече мед и млеко, ама бар некои работи малку да обчажнат, бар да има за сите работа, да јада, основица. Не е фер некој да има милиони а друг да биде скитник на улица и да се задоволува со трошки леб.
    Јас велам животот е составен од проблеми, самиот живот е проблем, а колку ти ке си ги решиш проблемите тоа зависи од самата личност.
     
    На hermosa, Tanjamm и joy1 им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    8.726
    Пол:
    Женски
    Чим не тече мед и млеко од него, гарант е суров. Да е бил несуров не би се родиле плачејќи.
     
    На Tanjamm и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Свет - конгломерат на различности, адаптација, променливи вредности и многу причини за себеобликување, а ниедна доволно уверлива за претопување во толпата на суровоста.
    Еден живот - единствена приказна.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Се' додека ги прифаќаме проблемите и тешкотиите како нешто решливо и минливо ќе бидеме способни да осознаеме дека светот е и убав. Не само суров.
    Со ризик да звучи како клише ќе кажам дека и по најтемната ноќ изгрева сонцето. Човек треба да даде се' од себе за да се избори со проблемите, но и да знае како да ги прифати нештата што не се под негова контрола.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.