И да знаеш дека знам , сите ме замараа во средно да сум им гледала , ама откако раскинав со дечко ми , престанав , оти тоа нешто кажува ,
Mahidevranfan работам во полиција и имам податоци за тебе и твоето семејство така што знам дека немаш сестра и така неможеш да ме измамиш. Дури можам да ти пишам казна од 50 евра за фрлање на ѓубре на недозволено место и за загадување на околината. Ама јас сум премногу добра сосетка, па ќе се обидам да ти прогледам низ прсти, ама ако продолжиш да го фрлаш ѓубрето од тераса ќе ти го истурам врз тебе Пази со кого си имаш работа
cresa-jagoda јас работам во министерство за внатрешни работи, мисли му ја со кого имаш работа Ама несакам да бидам лоша, па ај елај на кафе, ќе се запознаеме, па ќе бидеме добри соседки, полицајката и министерката треба да се во добри односи
Ааа, јагодке и јас ти ја видов колата, ама си реков ај ќе премолчам А јас пак сум прва братучедка со Кралицата Елизабета од Англија, па сеа видете си вие
Гајле ми е мене за пошарот,сега среќна сум за тоа што ми го виде Еленче на кафето. Ај одам сега серија да гледам па утре кај мене на пица ќе ве викам (јавете ми ако гори стварно зградата) Позз
Абе кога сте почнале сите да се фалите, еве морам и јас да си кажам дека Обама ми е прв братучед, Ѓорѓе Иванов ми е исто прв братучед, а Грујо ми е најдобар пријател А таа кола не е моја, таа е на една моја другарка, тогаш беше дојдена кај мене на гости. И јас имам таква иста кола затоа сте помислиле дека е моја, ама мојата е на поправка. И чекајте ме и мене на кафе ќе ви дојдам штом толку ме каните. Да не ве одбијам не за друго.
Знам и видов на кафе дека е трудна, а знаеш кој е таткото ? Комшијата од 1 спрат , и тоа го видов , хихихихи