Знаете ли дека и мене ми стигна ист ваков плик ? Хм.... чудно. А сте ги слушнале ли врисоците навечер ? Секоја вечер слушам чекори, врисоци, плачење... Само мене ли ми се случува ова ?
Врисоците мислам дека се од 7 кат. Таму живее еден луд станар. Претседатедлот на куќниот совет ми кажа дека си ја убил мајка му. И знам дека секој викенд го пуштаат од лудница.
Тој стариот со бела коса од 7ми?? Ауу пред некој ден ми дојде демек му требала сијалица..Добро и мене што не ми направи нешто,друг пат не му отворам
Е, да тој. Човеков не само што е луд, туку и манијак!! Се симнувам со лифтот и тој влегува. Почна да ме гледа ама толку аквард, среќа бев близу дугмињата за катови и стиснав до најблискиот кат и се симнав... Страшно!!!
Сосетки да ви се пофалам бев на одмор на Хаваите само што се вратив Како сте ми Вие? Дали ви фалев додека бев на одмор? Ај дојдете кај мене вечер на кафе ќе има и нешто благо.
Здраво на сите, јас сум новата соседка, одам сега кај цреша-јагода на кафе. Инаку јас сум му братучедка на лудиот.
Lella штом си братучетка на лудиот, да не си и ти случајно иста како него? Не си ми безбедна да те примам дома кај мене на кафе.
Јаготке не се секирај јас се знам со Лела од порано и не е таква,ми има кажувано дека на братучед и му се има нешто случено како мал и затоа е таков,само не знаев дека тој бил нашиот комшија..Иначе пред некој ден ветив дека ќе ве викам на пица ама имав обврски па сега направив,кој сака нека дојде само земете кечап ако имате дека прееска кога бев да пазарам заборавив да купам,а во нашиов маркет како и обично е со поминат рок..
Без гајле бе женски, човекот си има трауми вродени, наследени од татко му. Ја уби тетка ми, ииии.. ми влезе во станот ми ја чука главата од тастдфгхксодфихфдјклсфн фјгвнјвн ј дфјбвн фјдв кл полицијааа. Спојлер Стара шала ама ај...
Лудиот сакал сабаје да скокне од тераса за таа случка. Туку за врискањето и за тропањето ми беше муабетот. Драги мои соседки се плашам дека ова нема врска со лудиот Сношти бев во бањата и повторно ги слушав истите работи, и наеднаш ми се затвори вратата и се изгасна струјата Јас сум истражувач за паранормални активности и ова прв пат ми се случува во споствениот дом. Мислам дека во зградава има уште некој со нас, некој кој ни ја посакува енергијата.... Мора да превземеме нешто.
Да, да. Јас пред еден саат влегов во бањата и чешмата сама се пушти и светлото многу трепкаша, а притоа се слушна врисок. Јас ве викам сите соседки да дојдете вечер кај мене, да видиме што е ова, м? Кој ќе е храбар да дојде? Заедно да го избркаме.
Мислам дека тоа се духовите од Анубис, излегле од телевизорот и сега шетаат низ туѓи домови и ги плашат луѓето, а врисокот е од црната мачка
И јас доаѓам, сметајте на мене. Јас се знимавам со овие нешта, колку што можам ќе ве штитам. Само ќе ве замолам да купите големи црни свеќи, солзи од еднорог и месечава прашина
Јас чувам дома еднорог. Ќе го мавнем неколку пати, па кога ќе заплаче да му ги соберам солзите. Кој ќе се качува на месечината за прав?