Останете на ТВ канал фемина, затоа што следи нов филм, во кој Lella и Dark-Lady се главни ликови. Шала. Предлагам новиот филм да е комедија, ама стварно комедија. ------------------------ Јас и Дарк сме сести... Јас: Дарк мори, кај си ееј?
Амор, колку пати ти имам кажано чорапите да не ги оставаш под перница ??! Сега јас треба се` потебе да раскренувам и да чистам ??! И остај то, замисли неможев да ја најдам гас маската, ќе се угушев бе ејј. Туку дај тури ми една чаша водка дури не е дојдена мама.
Е од кај да ти најдам водка? да ти ја нацртам да не сакаш ? мама ако дознае ќе те скрши од ќотек мор, оди во гаражата, таму дедо крие ракијата.. тури си една чаша..
Спојлер Чекај малце, кој лик си ти? Јас и Дарк сме сестри (во филмот) Ти кој лик си? Дарк мори главата ќе ти ја скршам, трчај поштарот фрли честитка, прееска се лизнав на неа, кичмата си ја изместив, трчај да ја донесеш, ајде!!
Сеа бев на флизер за вечер да си имам фризура. Кај најдов да влезам у таа флизерницата, ма то не е фризерница, шо е бетер, несредно. Влегувам и пред вратата имаше метла, не ја видов и се лизнав. Тие таму кокошките што си правеа косите, место да станат да ми помогнат, ми се изнасмеаа. И после ти биле луѓе Они вечер да се слизнат од некој истурен пијалок и да видат како ми беше мене, па да им светнат сијаличките во та глата. Ај шо паднав, паднав, ама оваа фризерајката косата ми ја направи за никаде. Ко грмушка сум сеа Доброволец да ми помогни да ја средам косава ? :geek:
Дог, ај да те видам само пробај да и кажеш на мама мор ! После јас кога ќе и кажам што правеше завчера со онаој мрсулконо зад грмушкине... Ќе видиме кој ќе изеде повеќе ќотек Лела, дадо мор, неможам сеа речи и на Дог, одма се што сакаш ќе ти донесе. Нели Дог ? Инаку дадо да ти кажам што ми се деси. Ма се` е ненормално бе. Како се изнервирав значи! Замисли вчера бев да купувам штикли и сеа одам во една продавница, и гледам од излогот имаше еден тип. Ауффф каков бешее, бомбона бе, бомбона ! И сеа сакав да влезам, ама имаше од оние влечи -туркај вратите И влечам јас кон кај мене, не се отвара бе. Влечам, влечам и доаѓа тој ми прави некој гестикулации, јас пак влечам и неќе. И после тој дојде и ми отвори. Па требеше да каже бе дека треба да влезам и да влечам од неговата страна, одма ќе влезев. Какво безобразно животно ! И остај тоа, после од инат истуркав цел ред штикли, додуша небеше на намерно, ама исто ти се фаќа де и убаво му направив. Да види тој со кого си има работа. Ха ! Инаку Махидевран јас се јавувам како доброволец да ти направам фЛизура. Еве нека ти се пофали Лела, каква фЛизура сум и направилааа бееее. Прекрасна беше, како принцеза, се заљуби во себе и цел ден стоеше пред огледало и плачеше, од среќа аф корс. Замисли не отиде дури и на забавата. Добро де, имаше и мали пропусти, неколку прамени од косата останаа на фигарото, ама оштетена и беше косата бе ! Дури и услуга и направив, за да не фрла пари на фЛизер. Пофалии ме мор дадоооо
Јас сум мајката. Дарк ќерко како не ти е срам Дог се ми кажа. Под казна НГ ќе славиш дома не те пуштам со другарките!
*13 годишно девојче од новодоселеното семејство на 13 кат* Добар ден, мајка ми како новодојдени ви посакува среќна нова и среќа во животот! Повелете една торта од чоколадо и бисквити.
Благодарам за тортата девојче и јас имам ќерки приближно на твоја возраст ќе се дружите можеби. Поздрави ја мајката нека дојде на кафе да се запознаеме.
Здраво Мила Искрено не ми изгледаш како некоја мила, али ај нејсе... Се надевам дека ќе си најдеш тука другаркии во ова трло од овции Ајт поздрав
Не биди безобразна со девојчето Дарк! Срамота(и удира шамар)извини се веднаш треба вие да се дружите,а не да се карате. Не го очекував ова од тебе ќерко. Каде е сестра ти да се запознае со Мила?
Ништо не е. Не е битно. (офтопик малку-шамарот го замислив како од индиските серии: шкшкшкшкшкшкшкшк... Кфш кфш кфш кфш кфш кфшшш)
Еве ја дада ти нема друга работа, мрш на спиење. Види ја ти неа. Од слава ќе ме вика, флизурата ми се расипа од нервоза
Ц, ц, ц... па ти плачеш од тоа што дода ти те кара??? Јас со сестра ми борби прам... (соу нот тру! (ин рил лајф))