Сѐ поголем бројот на млади лица со депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од orevka, 6 април 2017.

  1. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    Можеби има ваква тема може не,доколку има може во канта.
    Вчера додека гледав тв слушнав на вести за зголемен бројот на лица со депресија најчесто младите лица.
    Во Македонија се почесто слушаме самоубиста и обиди за самоубиство.Не само кај нас и низ цел балкан
    Според податоците на ФЗОМ лековите за нервениот систем се третата најпотрошувана група на лекови. Директорот на Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека бројот на болнички лекувани пациенти од депресија и од депресивно растројство се зголемува со тек на годините. Така, во 2010 година бројот на болничко лекувани изнесувал 585, од кои 196 мажи и 389 жени, а во 2015 година тој број изнесувал 803 од кои 257 мажи, а 546 жени, што претставува пораст на болничко лекувани пациенти од 37 проценти.
    Депресијата доведува до самоубиство.Кои се причините за таков чекор,што се случува кај младите,дали треба повеќе психолози да има повеќе така да ги кажам како канцелари или советувалиште за лицата со депресија и аксизност?
    Што мислите вие
    http://sitel.com.mk/sostanok-posveten-na-depresijata-po-povod-svetskiot-den-na-zdravjeto
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    53.486
    Пол:
    Женски
    Епа треба да си ментално силен за да останеш здрав во државава. Дали е до проблемите конкретно овде што ги имаме во општеството како такво или заради сите предизвици на 21 век, но ако потклекнеш готов си. Сиромаштија, недостиг на пари, малтретирања физички и психички, комплекси на ниска вредност и преголема чувствителност итн. Толку многу товар му надвиснува на човек на грб, не за џабе викаат дека животот е за храбрите, за оние што ќе можат да се справат со тој товар. Тоа е животот. Еден огромен океан и секој од нас со својот брод плови по него, во секакви временски услови, па кој преживее...
     
    На Brojka, orevka, biGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    R. Makedonija, ne e podnebje na samoubistva. Kanada, Skandinavija i Rusija se zemjite, kade sto najcesto se izvrzuvaat samoubistvata. Liceto sto se odlucilo na takov cekor, nesaka da se samoubie, saka so toa da si gi skrati makite. Ako se spreci na vreme, so hospitalizacii na pacientot i so redovna medikamentozna terapija i so Psihoterapija, ima sansi pacientot da si go vrati zivotot vo normala.
     
    На Briar Rose, Chica.Loca, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    6.057
    Целото општество нагло се менува кај нас и тоа на полошо. Се згрозив од некои црни хроники во последно време. Порано тоа го немаше кај нас, туку само на вести слушавме за грозоморни убиства, самоубиства. Македонецот го тишти сиромаштија, немање излез, криза во брак, семејство, труло општество...
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mizerija

    mizerija Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Затоа што начинот на размислување ни е нула,викаме во оваа земја вака праат за да им е подобро,во онаа така,ние тапкаме во место и наназад одиме заради тоа,според мене.
    Друго,сите што убиваат/силуваат ги правдаат дека се лица со посебни потреби,а штом се такви,се знае кај им е местото,не треба да бидат меѓу нас истите тие.Заради нив некој друг трпи трауми.Ете затоа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.112
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ги избра токму Канада и Скандинавија, кога се малку далеку од врвот во статистиките. Најмногу самоубиства се вршат во африкански и азиски држави. Скандинавците се прилично среќни и задоволни луѓе според спроведени истражувања.

    Во северните земји депресијата е често последица на недостатокот од сонце.

    А на темава треба да дискутираме за депресивност, или за самоубиствата? Бидејќи не секогаш самоубиство е обусловено од депресија.
     
    Последна измена: 16 април 2017
    На theowndemon и blackwave им се допаѓа ова.
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.808
    Пол:
    Женски
    Каква врска имаат лицата со посебни потреби во случајов? И каде им е местото?
     
    На CoCoGiiiRL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    6.057
    Се сложувам, ние сме народ со нула свест на повеќе полиња. Каков народ таква држава.
     
    На orevka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Zatoa sto toa go dokazala Medicinskata praksa. Ovaa informacija mi e od Specijalizant na Psihijatrija.