1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од discofilman, 4 ноември 2012.

  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Македонија мора да преземе соодветни стимулативни мерки за наталитетот, кои ова Влада со проектот трето дете ги започна, а ТМРО предлага и казнени мерки преку т.н.проект „ергенски данок“.
    Македонската држава вложувала во секој поединец, преку бесплатно образование до 18 години, социјална заштита, минимална здравствена заштита, се со цел да се изгради здрава личност која ќе придонесува за државата. Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата-годишна такса на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години. Наша приоритетна цел и политичка и економска, а ако сакате и државна е подржување на наталитетот кај Македонците, како основа за опстанокот на македонската држава и народ“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански на вчерашната средба со членовите и симпатизерите во Гевгелија.
    http://www.mkd.mk/72642/makedonija/tmro ... -i-momite/

    Ако навистина се донесе ваков закон тогаш пред матично ке има исто толку гужва како во Карфур на почетокот но за регистрирање на фиктивни бракови поради избегнување на таквите давачки па ке го видам министерот за социјала дали ке пушта контролори кои ке тропаат од врата на врата за да дававаат дијагноза кој брак бил од љубов а кој од интерес. :lol:
     
    На Lolo5, babymama, babyblond и 2 други им се допаѓа ова.
  2. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Тресна глупост и остана жив..
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Прости им Господе не знаат што тресат од уста! :tmi: |(
     
    На Aleks96 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    :wasntme: А добри се лугево, па шо не донесат жени некои од посебен вид само за ергените над 35 години, чисто онака за парење ар ју факинг кидин миии :fubar:
     
  5. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    и по која логика ги одредија старосните граници???зошто за жените до 30 а мажите до 35???зошто повеќе за нив???ја да плаќам данок што он не се решава да ме побара???глупости :^)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    поголема глупост од овааа нема....кој може мене да ми нареде кога ке се мажам? или ја треба да му кажам на овој мојот...срцка те молам земај ме за жена да не плакам даноци на нашиве крадци во македонија? пфффф
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Којзнае дали ќе биде гужвата како во тој трговскиот, не е само некои да се венчаат, треба и некако да издржат една фамилија, а како кога државата не им обезбедува услови? А во вакви услови, таков закон, трагикомедија и како впрочем тоа ќе го реши проблемот со наталитетот :^) Прво нека обезбедат нешто, па после нека носат закони и истите нека ги спроведуваат.
     
    На mila89, Aleks96 и eli25 им се допаѓа ова.
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Е ова е најголема глупост од нив.
     
    На Lolo5 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Боже Боже што нема да видам и да чујам.
    Има една позитивна страна на ова - Да бидеме среќни што не сме почнале да го плаќаме воздухот што го дишеме :fubar: :x
     
    На Lolo5 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  10. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    А што значи ова ?дека ние немажените кои сме инвестирале во себе,интелектуалци и со далеку поголем коефициент на IQ од некои други(да не спомнувам кои),НЕ СМЕ СЕ ИЗГРАДИЛЕ ВО ЗДРАВИ ЛИЧНОСТИ?само затоа што не сум мажена не значи дека на сум се изградила во тоа што сакам,и верувајте сум многу поздрава личност од половина личности во парламентот.значи уште овој лапсуз фалеше.не би ја нарекла глупост зашто во одредени случаи и глупоста може да држе место,ам ова не знам како да го дефинирам.срамота.и не не трагично што некој го изјавил ова ,секој има право сешто да зборува ама ме чуди што на ваква глупоост и се предава толку значење.
    Е сега да не зборуваме дека од правна гледна точка ова е чиста дискриминација,прво би требало да го сменат уставот кој забранува дискриминација од секаков вид,а ова е чиста дискриминација,па потоа да дадат законска рамка.во секоја нормална држава доколку би тужел по овој основ би добил огромна оштета,па видете.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    А како ги перка пак разведените... Што ако се жртва на семејно насилство?!
    А што е со геј браковите?! Онда нека ги легализираат.
    Државата не смее да се меша во ничија одлука за формирање на семејство.
    Дебилизам.
     
    На Lolo5, COollLady и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    А што е со слободните заедници?

    Свашта!

    Изглеа ќе мора да си ги потсуредам коцките ;(
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Бог да чува,живи глупости ! (смајли што се крсти) .
     
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Аха,епа ок,значи ако една девојка е невработена на 30 години,тогаш најверојатно државата ќе и обезбеди работа под итно.За да може да си го плаќа данокот нели.
    |(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не е точно воопшто дека предлогот е дебилизам.Груевски , владата и Шехтански сигурно ги имаат добиено резултатите од државниот статистички завод, а резултатите се дека во 2012 година 52% од новороденчињата во Македонија се муслимани.Албанците основци и средношколци веќе стигнаа до половина од вкупниот број на сите основци и средшколци, а на државно ниво веќе стигнуваат до 30% од севкупната популација.За 4 години поради демографскиот развој Албанците ќе добијат 5 нови градоначалници во општини кои беа доминантно македонски поради катастрофалниот наталитет кај Македонците.Ромите веќе стануваат сериозно малцинство во Источна Македонија, а ако продолжи ваков тренд кај Македонците ние за 15 години ќе бидеме апсолутно малцинство во сопствена држава.Тогаш ќе те прашам што, како и каде :) Ромите денес сочинуваат половина од новороденчињата во Струмица.На овие избори ќе биде голема битката за Кичево, Долнени и Чашка, но на следните избори на тие места градоначалници ќе бидат Албанци поради нивниот демографски развој.Албаницте, Турците, Босанците, Ромите имаат дупло поголем наталитет од Македонците и стапуваат во брак релативно млади(до 25 години).Знам дека сме заслепени со либерализам и тоа е “ин“ , помодарство да се глуми либерален, али вистината и реалната состојба покажуваат сосема друга работа.Со таквиот ноншалантен и ингорантски однос кон се во државата си правиме катастрофални грешки за иднината на нашите деца од коишто нема назад.Немој после воопшто да ти е чудно зашто ќе ти тепаат деца по автобуси или на езера.Наталитетот е основниот двигател на секоја нација и држава.Без неа нема никаков просперитет, а младата популација кај Албанците ќе ја одигра главната улога за формирање на трета албанска држава на Балканот во догледно време.Ние немаме младина, ние сме нација на пензонери.Факт! :)
    Има девојки што земаат 800 евра плата, осигурани, а не се мажени дури на 35 години.Таквиот ингоранстки однос на таа девојка носи катастрофални последици врз сите нас.Не е само таа девојка, туку има и такви машки.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Знам дека по ова мое мислење,ќе има одма реакции и напади,но во ред е :)
    Јас сум ЗА. Дури сметам дека е висока границата јас би рекла 28 жени, 30/31 мажи.
     
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    И заради останатите треба да легне со некој што можеби не и се допаѓа, и да му роди 2-3 деца? Можеби таа девојка и немала прилика да се омажи, што тогаш? Ќе и одбере владата партнер?
    Познавам прилично немажени/неженити луѓе што се релативно добро ситуирани за наши услови, а се над овие старосни граници (до скоро и јас бев меѓу нив), а прашање е дали и на една рака можам да ги избројам оние кои не го смениле својот брачен статус заради своја одлука дека не сакаат да стапат во брак.
    Да не збориме за хендикепираните лица (треба уште и данок да плаќаат?), геј популацијата (ако тој е заинтересиран за мажи треба да се скрие, и да унесреќи некоја жена?), луѓето кои не можат да имаат деца?
    За среќа, мислам дека оваа небулоза не е во догледна иднина во план на било која влада.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Нормално дека ќе има напади од страна на луѓе коишто немаат појма и не вршат никакви анализи на терен :) .Сите демографски анализи и статистики покажуваат дека со вакво темпо на развој на настаните Македонците за 15-20 години ќе станат апсолутно малцинство во својата држава.Кај нас реално е многу висок процентот на стари ергени и моми, но не поради економската ситуација, туку поради хедонистичкиот живот што го живееме.Муслиманите немаат таков проблем во државата.Не газат 10:0 на тоа поле :)

    За што зборувам доволно е да отидеш во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга да видиш како живеат таму Македонците со градоначалник Албанец и какво е чувството да си малцинство во сопствена држава :)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Valeriya
    Hа ништо не личи ваквиот закон, и на крај краева, каков е тој игнорантски однос? :^)
    Па, може девојката/дечкото не нашле саглам половина, или има х х х други причини.Тебе ако толку те загрижува фактот, што биле родени 52% на Албанци, тогаш раѓај бе девојко, зголеми го Македонското население :)
    Роди и 5 и 6, можеби некој нема услови ни за 1!
     
    На Lolo5, tessie, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Божееее најголема глупост :rofl: и мене не ми се свиѓа трендот на толку касно стапување во брак,ама која е државата да се меша во таква приватна одлука , па може некој не може да си најде партнер , или не верува во брак... и сеа даноци ке плаќаат срамота
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.