ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Discussion in 'Политика и настани' started by discofilman, Nov 4, 2012.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2012
    Messages:
    1,275
    Likes Received:
    1,621
    Gender:
    Female
    Се мешаат у приватниот живот тоа е.. -.-
     
    Victorian likes this.
  2. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Joined:
    Jan 2, 2011
    Messages:
    36
    Likes Received:
    26
    Премногу мисконцепции во толку малку текст.

    Идилично сценарио...се наоѓаат некаде на улица +35 машко и +30 женско, во нивните очи се чита вознемиреност поради катастрофалниот наталитет и загрозената иднина на нацијата и така накострешени од дистопичната слика на празни градови и села (или уште полошо полни со муслимани) веднаш се решаваат да стапат во брак и да имаат 5-6 деца... :D

    Самата помисла дека некој би стапил во брак или би имал деца поради некакви `национални` интереси е смешна. Не верувам дека во историјата на човештвото постои дете кое било `направено` со таква цел. Или барем делот на човештвото надвор од ѕидовите на лудниците.
     
    Victorian likes this.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,307
    Likes Received:
    12,067
    Gender:
    Female
    Во Македонија живее народ со потрадиционални размислувања отколку во многу други држави, мислам дека да имаат стандард и добри услови, би се нафатиле да одгледуваат повеќе деца. Со оглед на тоа како зборуваат за луѓето кои не сакаат брак и потомство, верувам дека е така. :?: Исто и во врска со иселувањето, има многу носталгични во странство, велат би се вратиле да не им било страв од системот и за иднината на нивните деца. Затоа оној мицко нека не прави налудничави споредби со Германија или ‍Јужна Кореја, џабе биле мерки за стимулирање на наталитетот во форма на помош и поволности, во овие држави не се исплатиле. Ха ха. ‍Си наоѓа изговори.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,323
    Likes Received:
    15,257
    Баш пред некој ден во разговор со една делчевка, ја прашав дали имаат гинеколог и ми рече имале еден, па тој отишол во пензија, па поминале месеци додека друг да отвори ординација. Град без родилиште не е град. Македонија за 10 години ќе биде атрактивна за странски медиуми како некој феномен, држава на пензионери.
     
    Eunoia likes this.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,307
    Likes Received:
    12,067
    Gender:
    Female
    Не знам овие традиционалистиве додека се качуваат на глава на сонародниците обидувајќи се да им наметнат правила за живот, зошто самите не надокнадат со нивни 4-10 деца?
    Туку имаат по 1-2 колку што имаат и неконзервативните, нетрадиционалните?
    Финансии им недостасуваат? За тоа нека се обратат кај инстанците што си ги гласаат на избори, наместо пак ќе речам, да се качуваат на глава на сонародниците.
    А и оти се толку нежни, тa нели "бабите, прадедовците леб и сол јаделе, во едно сопче живееле, по цел ден на нива, па пак повеќе бебиња се раѓале..."
     
    Last edited: Aug 8, 2025
    Victorian and Tanjamm like this.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2017
    Messages:
    2,384
    Likes Received:
    31,727
    Gender:
    Female
    Они не обезбедиле доволно капацитети по градинките и за тие деца што ги има па ќе форсирале со сила бракови и зголемување на наталитетот. Две што ги знам беа принудени отказ да си дадат од што место за децата не најдоа а цените на приватните градинки им беа скоро половина плата. Во сите нормални држави се добива детски додаток од една солидна сума која доста значи во одгледувањето на детето. А на нашиве заостанати лудаци им требаат пари во каса па ни срам ни перде споменаа ваков данок. Па згора на се примитивци по социјалните мрежи ги поддржуваат, ваљда мислат дека на мажените и женетите ќе им ги дадат парите што би ги земале од оние кои не се во брак. Оти ако некоја не си нашла соодветен маж и партнер кој и одговара до зададената граница треба да го земе првиот слепец со кој ќе биде несреќна само за да не кешира на Мицко. А дете може да си има некоја и да не е у брак ако веќе тоа им е маката. Ми се гади од заостанати работи во 21 век. Од вакви држави треба и тие што останаа млади да заминат а не пак да се раѓаат нови кои којзнае за што би ги оданочиле во иднина.
     
    MeowMeow, Tanjamm, Mrs. right and 2 others like this.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,323
    Likes Received:
    15,257
    Проблем со наталитет има македонската нација, другите сите се добри од Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Торбеши, само Македонците се во дебел минус. Кој мисли дека ќе прави деца и ќе се жени, кога бројот на пијаници, насилници, коцкари и неработници е огромен? Неплодни се многу мажи и жени и тоа најголем дел се од македонска националност и едно пушење влијае на здравје и плодност, не па пиење на норлева како аналгин. Се работи за дебела морална руинираност, себичност, неодговорност, а друга приказна е што нема услови за нормални плати, сигурност, нема родилишта, нема ништо. И кој политичар освен Влатко и Антонио имаат по неколку деца? И тие цел век се на државна чешма, нека работат на градилиште и нека чуваат 5 деца да ги видам.
     
    Amelia likes this.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,307
    Likes Received:
    12,067
    Gender:
    Female
    Албанците во Македонија не стигнале до денешната бројка со по едно дете или две (па ни три), ниту со кукање против либерали и феминизам како македонските патриоти што дрват на Интернет.
    Не ми е јасно кој очекуваат овие да им ги направи или да им ги роди нивните деца. Бидете промената што сакате да ја видите во светот, batinja i sesrinja1!
    Ќе почнам да верувам дека плаќа некој за alt-right глупости да се шират низ мрежава, а не дека им дошло на будалетинки до наталитет.
     
    Victorian and Tanjamm like this.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,323
    Likes Received:
    15,257
    Кога работев во албанско маало, дојде еден од село близу граница да продава бостан, седум деца биле, 4 тука, 3 во странство. Во средно една волонтираше со нас, ние сите сме по 2 деца, таа од срам кажа две биле, после ја дознавме биле 7 сестри, едната работеше во нво, таа ја познававме и таа девојчето ја кажуваше, одам во оператор, земам телефон, девојката ми се потпишува, гледам фаца, личи со нив, гледам презиме, прашав, ми потврди дека се сестри. Кај нас ако некој постар се реши да роди дете од било кои причини, веднаш го разболуваат и умираат, а еден директор, ем постар се женел, ем немале деца, и после 50 доби 3-то. Јас возрасна и вработена, жена му како мама на години роди 3-то дете, тој постар од жената. Имаат капитал, работеле на добри позиции, не питачат да сликаат сметки и да чекаат некој непознат да им плати.
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,307
    Likes Received:
    12,067
    Gender:
    Female
    Пренесете му на вашиот премиер дека во Македонија има парови кои сакаат повеќе деца, но не се будали без доволно финансии да се нафатат да ги одгледуваат. ‍‍Јас познавам такви луѓе кои се дечари или сакаат полна куќа, да не навлегувам во детали, но гарантирам дека ги има. Нека не ја префрла топката на народот. Деца од воздух не живеат. Пари на дрво не растат.

    A со тие негови изјави несвесно може да поттикне насилство кон жените бидејќи читам амеби кои го поддржуваат и коментираат дека Македонките се виновни што не раѓаат, пропратено со одвратни, гнасни етикети!